Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски: Убеден сум во победа на изборите уште во првиот круг

Published

on

Одлуката за тоа кој ќе биде новиот градоначалник на Скопје ќе ја донесe Претседателот на партијата, анкетите, партиските органи како што доликува во демократскиот процес.

Сосема сум уверен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја постигне победата на локалните избори, а во однос на тековните случувања во рамките на партијата, мислам дека не треба да се гледа на тоа како на внатрепартиска битка, туку како на процес на конструктивна конкуренција во кој сите вклучени личности се натпреваруваат преку конкретни покажани резултати, успешно спроведени проекти, иновации и идеи кои имаат реален придонес за доброто на граѓаните и развојот на градот.

Ова во интервју за ПРЕС24 го истакнува градоначалникот на Кисела Вода и прв човек на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

-Тоа што се случува во ВМРО ДПМНЕ, секако, се претставува како показател за партија која има здрав демократски капацитет, кој е основа за понатамошно продлабочување на политичката култура и издигнување на нивото на ефективноста на локалната самоуправа. Овој процес е доказ за зрелоста на партијата и е нешто што е во интерес на граѓаните, бидејќи само така ќе можеме да обезбедиме стратешки идеи и концепти кои ќе бидат реално имплементирани за напредокот на општеството, рече тој.

ПРЕС24: Годинава се локални избори. Ако ве прашам колку сте задоволни од мандатот, секако ќе кажете многу. Затоа ќе Ве прашам од што не сте задоволно, што не е сработено овие 4 години и зошто?

ЃОРЃИЕВСКИ: Во овие три години од мојот мандат, успеав да реализирам повеќе од 90 проценти од ветеното во програмата, и до крајот на мандатот целосно ќе ја реализирам целата програма. Меѓутоа, ако треба да посочам нешто што не сум задоволен, тоа се проектите кои требало да се реализираат во соработка со Град Скопје или оние што зависеле од Градот Скопје. Сметам дека целосното неработење и неактивноста на Град Скопје ја грди сликата на нашиот град и негативно влијае на развојот на одредени проекти кои не можевме да ги спроведам поради недостиг на ингеренции или соработка. Се надевам дека со локалните избори што доаѓаат оваа есен, за Скопје и за нашата општина ќе дојдат подобри времиња и подобра соработка, што ќе овозможи реализација на сите оние важни проекти кои сè уште чекаат на имплементација.

ПРЕС24:  Но, јавноста одамна препознава барем двајца претенденти за наследник на Данела Арсовска. Вие и Златко Перински. Кој ќе пресуди на крај?

ЃОРЃИЕВСКИ: Одлуката за тоа кој ќе биде новиот градоначалник на Скопје ќе ја донесe Претседателот на партијата, анкетите, партиските органи како што доликува во демократскиот процес. Истражувањата на јавното мислење, како и резултатите и досега постигнатото од секој поединец, ќе бидат од клучно значење. Работливоста, посветеноста, способноста да се завршуваат обврските и да се исполнуваат очекувањата на граѓаните, како и конкретните резултати во служба на истите граѓаните ќе бидат она што на крајот ќе пресуди и јас искрено верувам во нивната мудрост и проценка.

ПРЕС24: Му замерувате ли на премиерот што речиси секојдневно е во некаква пред кампања во која при посетите на општините десно од него е постојано присутен министерот. Точно тој ја има улогата на министер од оваа област, но, сепак, тоа може да се толкува како индиректна наклонетост?

ЃОРЃИЕВСКИ: Напротив, му се восхитувам на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој од еден руиниран систем се обидува да создаде модерна држава и притоа да ја унапреди соработката меѓу централната и локалната власт. Неговото секојдневно присуство на терен, помеѓу граѓаните во различни општини, особено во презентирањето на новите проекти и отпочнувањето на нивната реализација, е доказ за неговата посветеност и ангажман за постигнување на резултати кои се во интерес на сите граѓани. Затоа, сметам дека оваа форма на соработка е и повеќе од добредојдена, бидејќи истовремено ја покажува сериозноста и одговорноста на Владата во напорите за модернизација на државата. Во Кисела Вода, како што многу добро знаете, со оглед на динамиката на нашата работа, Претседателот на Владата беше присутен во изминатите месеци неколку пати, придружуван од неколку министри кои на некој начин беа поврзани со проекти кои ги реализираме, што уште еднаш покажува дека заедничкото и координирано работење на локалната и централната власт е клуч за напредок и креирање на напредна и модерна држава.

ПРЕС24: Ако не победите за Скопје, ќе останете ли во игра за нов мандат во Кисела Вода?

ЃОРЃИЕВСКИ: Убеден сум во победа на изборите уште во првиот круг.

Целото интервју со него прочитајте го на ПРЕС24

Македонија

Нова етапа на соработка: Меџити во официјална посета на Прешево

Published

on

Прешево, 5 април 2025 – Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес престојуваше во Прешево, каде што оствари средба со градоначалничката Ардита Синани. Средбата помина во отворена и пријателска атмосфера, при што беа разгледани повеќе важни прашања од взаемен интерес за регионот и за билатералната соработка.

Меџити ја потврди непоколебливата поддршка за Прешевската долина, нагласувајќи дека институциите на Северна Македонија остануваат посветени на тоа секогаш да бидат блиску до потребите на граѓаните од овој регион.

Една од клучните теми на средбата беше можноста за отворање на нов граничен премин Лојане–Мираток, што би претставувало значаен чекор во насока на олеснување на движењето и продлабочување на прекуграничната соработка меѓу двете земји.

Исто така, соговорниците разговараа и за поддршката на студентите од Прешево кои студираат на универзитетите во Северна Македонија, како и за иницијативи што имаат за цел да го поттикнат економскиот развој, вработувањето и поврзувањето на младите луѓе во регионот.

Меџити упати благодарност за топлиот пречек и истакна дека Прешево е симбол на пријателство, заедништво и европска иднина.

„Разговорите беа конструктивни, исполнети со добра волја и визија за конкретна соработка. Заедно со градоначалничката Синани, ќе продолжиме да работиме на проекти што ја зајакнуваат оваа врска“, изјави Меџити по средбата.

Оваа посета е дел од пошироката агенда за градење мостови на соработка и поддршка за регионите со значајна улога во регионалната стабилност и развој.

Continue Reading

Македонија

Родителите на загинатите во Кочани во молк маршираат за правда

Published

on

Родителите на загинатите во трагедијата во Кочани, заедно со голем број граѓани, денеска маршираа низ улиците на градот во тишина, барајќи правда.

Им се придружија и многу други граѓани, кои со солзи во очите и фотографии на загинатите во раце, како и транспаренти на кои пишуваше „корумпираниот систем ги уби нашите деца“, бараа одговорност за трагедијата.

Continue Reading

Македонија

Верижен судир на 5 автомобили во Хиподром (ВИДЕО)

Published

on

Синоќа во населбата Хиподром се случи верижен судир во кој учествуваа пет автомобили.

Според очевидци, инцидентот настанал поради неприлагодена брзина и лизгав коловоз.

За среќа, нема информации за потешко повредени, но е причинета значителна материјална штета.

Од настанот постои и видео, кое сведочи за сериозноста на судирот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк