Connect with us

Свет

„Дејли мејл“: Трамп може да остане претседател до 2037

Published

on

Британски „Дејли мејл“ пишува дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да остане на функцијата до 2037 година ако ја искористи дупката во Уставот на САД.

Американскиот Устав забранува едно лице да биде избрано за претседател повеќе од двапати, но има една „цака“ во ова.

Уставот конкретно им забранува на луѓето да се кандидираат за избори и да бидат избрани повеќе од два пати.

Според весникот, актуелниот потпретседател Венс може да се кандидира за претседател. Трамп ќе може да ја преземе функцијата откако самиот Венс ќе поднесе оставка, со што Трамп повторно ќе дојде на власт без да учествува на избори и без да го прекрши Уставот.

Вториот претседателски мандат на Трамп трае до 20 јануари 2029 година.

Свет

Еден од најсмртоносните напади: Русите во ракетниот напад убија деца на игралиште, плач одекнува во родниот град на Зеленски

Published

on

Најмалку 18 лица, меѓу кои девет деца, загинаа во руски ракетен напад врз населен дел од градот Криви Рих во централна Украина, јавуваат украински и странски медиуми.

Локалните власти тврдат дека нападот е еден од најсмртоносните во Украина во 2025 година. Нападот на родниот град на претседателот Зеленски предизвика пожари и оштети на 20 станбени згради и повеќе од 30 возила. Шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак, соопшти дека повеќе од 30 лица се хоспитализирани, меѓу нив и тригодишно дете.

Во нападот беа повредени 61 лице, вклучувајќи 12 деца. Четириесет повредени се во болница, а останатите добиваат помош дома. Лисак изјави дека ова е страдање што не би му го посакал на најголемиот непријател.

Претседателот Зеленски го осуди нападот, велејќи дека „сите руски ветувања завршуваат со ракети, беспилотни летала и бомби“. Министерството за одбрана на Русија тврди дека цел бил воен собир на украински команданти и западни инструктори, при што, според нив, 85 лица биле убиени. Украинската армија го негира тоа, нагласувајќи дека ракета погоди станбена зона.

Криви Рих бил нападнат со балистичка ракета „Искандер-М“, која експлодирала во воздух. По нападот следувале напади со дронови, кои ги погодиле цивилните домови, предизвикувајќи четири пожари. Меѓу загинатите е и 56-годишна жена, која била во својот дом кога бил нападнат.

Пожарникарите успеале да ги изгаснат пожарите, а оштетени биле пет згради, извести министерот за внатрешни работи, Игор Клименко.

Continue Reading

Свет

Мјанмар погоден од уште еден земјотрес: После главниот потрес, во Мјнамар регистрирани повеќе од 80 дополнителни потреси

Published

on

Според податоците на Министерството за метеорологија и хидрологија на Мјанмар, од разорниот земјотрес на 28 март до денес, во земјата се регистрирани 81 дополнителен потрес со интензитет од 2,8 до 7,5 степени по Рихтеровата скала, пренесе агенцијата Синхуа.

Овие потреси се случиле по земјотресот со магнитуда од 7,7, кој го погоди Мјанмар на 28 март во 12:51 по локално време.

Бројот на загинати во земјотресот пораснал на 3.354, додека 4.850 лица се повредени, а 220 се водат како исчезнати, јавија локалните медиуми утрово.

Continue Reading

Свет

Неверојатна приказна од фронтот во Украина: Руски војник влегол на погрешно место, па го дочекало изненадување кое траело со месеци

Published

on

Семејство од селото Нови Комар во Донбас, на територијата на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР), два месеца го криела ранетиот руски војник во подрумот на својот дом, бегајќи од украинските сили кои ја контролираа околината, јави телевизискиот канал RT.

Според сведочењето на 34-годишниот доброволец Артем Књазјев, по ранувањето за време на неуспешен обид за евакуација, повеќе од две недели поминал криејќи се на отворено, избегнувајќи украински дронови.

Конечно, одлучил да се скрие во зграда на периферијата на селото. Кога влегол во подрумот, го затекнал брачниот пар – 60-годишниот Јуриј и 56-годишната Наталија Алако, кои веќе се криле таму откако им била бомбардирана куќата.

Во тој момент се облекувавме. Одеднаш се помести завесата и се слушна глас: „Има ли некој?“ Гледаме – руски војник со ранета нога. Секако, го нахранивме, но се уплашивме – во соседната куќа беа војници на Вооружените сили на Украина. Мислевме: ако го видат, ќе има три мртви веднаш – раскажала Наталија.

Следните два месеца, семејството се грижело за ранетиот војник, разговарале заедно, славеле Нова година и чекале спас. Књазјев бил евакуиран на 1 февруари 2025 година, кога руските сили влегле во селото. Потоа се слушал со семејството од болницата, кое во меѓувреме било преселено во Донецк.

Во февруари, двајца руски војници за време на евакуацијата во местото Богојевленка (Добровољје) исто така спасиле цивили од украински дронови. Еден од евакуираните, Олег Гиманов, сведочел дека операторите на дроновите сигурно знаеле дека гаѓаат колона со цивили.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк