Connect with us

Спорт

ТИНЕЈЏЕРОТ МЕНШИК ГО ПОБЕДИ ЃОКОВИЌ ВО ФИНАЛЕТО НА МАСТЕРС ТУРНИРОТ ВО МАЈАМИ И ГО СПРЕЧИ ДА ЈА ОСВОИ 100. ТИТУЛА

Published

on

Деветнаесетгодишниот чешки тенисер Јакуб Меншик го совлада речиси двојно постариот Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерс турнирот во Мајами. Меншик славеше со 7:6, 7:6 и стана третиот најмлад освојувач на турнирот во Мајами, по Карлос Алкарас и Рафаел Надал. Тој имал само десет месеци кога Ѓоковиќ првпат триумфираше во Мајами во 2005.

Со 37 години, Ѓоковиќ го собори рекордот на Роже Федерер за најстар тенисер кој се пласирал во финалето на Мастерс турнир, но ја испушти шансата да ја освои својата 100. АТП-титула. 

Меншик е уште една ѕвезда во подем во машкиот тенис, а кога сѐ уште бил јуниор, Ѓоковиќ го поканил да тренира со него по Отвореното првенство на Австралија во 2022.

„Новак е причината што денес сум тука“, кажа Меншик по освојувањето на првата титула. 

Почетокот на финалето доцнеше пет и пол часа поради дожд во Мајами, што потоа наметна непријатни услови за игра, на што Меншик се прилагоди побрзо од Ѓоковиќ.

„Тешко ми е да признам, но тој беше подобар од мене. Му посакувам сѐ најдобро понатаму“, кажа Ѓоковиќ.

Спорт

[ВИДЕО] Скандал ја потресе Португалија: Полицијата пукаше во навивачите на Порто

Published

on

Големото португалско дерби помеѓу Порто и Бенфика на стадионот „Драгао“ заврши со убедлива победа на гостите од Лисабон (4-1), но натпреварот беше сенчен од сериозен инцидент на трибините, кога полицијата употреби гумени куршуми против домашните навивачи.

По завршувањето на мечот, револтираните фанови на Порто започнаа судири со жандармеријата. Полицијата реагираше со сила, користејќи гумени куршуми за да ја растераат разјарената толпа. За среќа, не се пријавени потешки повреди.

Овој инцидент го засенчи и блескавото издание на Бенфика, која со оваа победа се искачи на врвот на табелата со 68 бодови. Лисабонскиот тим доби дополнителен поттик од Брага, која ремизираше 1-1 на гостувањето кај Спортинг, оставајќи го Порто на второто место со два бода помалку.

Погледнете го видеото во продолжение:

Continue Reading

Спорт

Фудбалските великани на Македонија и Бугарија за поддршка на Кочани

Published

on

Христо Стоичков и Горан Пандев ќе ги предводат селекциите на Бугарија и Македонија на хуманитарен натпревар во Варна.

Фудбалските великани на Бугарија и Македонија на 27. април (17:00 часот) ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, Бугарија. 

Целта е да се соберат средства и да се даде поддршка за настраданите во несреќата во Кочани. Целиот приход ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани.

Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, односно славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година која остави длабока трага во светскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 

На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, потоа Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, од помладата генерација Валери Божинов.

Македонската репрезентација е во состав со фудбалери од првата репрезентативна генерација, Илија Најдоски, Канатларовски, Мицевски, Марковски, Станковски, Мемеди, Бошковски…Горан Пандев, Агим Ибраими, Христов и Шаќири се дел од нашите легенди од поновата генерација. На хуманитарниот меч во нашиот состав ќе бидат Дарко Тасевски и Ванчо Трајанов кои оставија белег во бугарскиот клупски фудбал.

Ѓоко Хаџиевски е селектор на македонската репрезентација, а Димитар Пенев е предводник на Бугарија. 

На спортскиот натпревар ќе му претходи хуманитарна програма во која ќе настапат популарни изведувачи, која ќе започне во 15:00 часот.

Билетите може да се купат преку мрежата на Eventim по цени од 15 лева. 

Овој гест на солидарност претставува силна порака за човечност и заедништво и симбол на пријателство, спортски дух и заедничка хуманост.

Continue Reading

Спорт

ЃОКО ХАЏИЕВСКИ, ГОРАН ПАНДЕВ И ХРИСТО СТОИЧКОВ ПОВТОРНО НА ТЕРЕНИТЕ, ХУМАНИТАРЕН НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ЗВЕЗДИТЕ ВЕТЕРАНИ НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Published

on

Селекциите на фудбалските ѕвезди од Бугарија и Македонија на 27 април во 15 часот на стадионот на Спартак во Варна ќе одиграат хуманитарен натпревар, а средствата ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во големата трагедија во Кочани.

Ваквиот натпревар ќе се одигра на иницијатива на Фондацијата „Национали 94“ во која членуваат бугарските репрезентативци од Светското првенство во 1994 година, кога нашите источни соседи го постигнаа најголемиот успех. Ќе настапат голем број играчи кои завршија како четврти на СП 1994 година во САД.

Тоа се Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Кременлиев, Златко Јанков, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Наско Сираков, Даниел Боримиров, Пламен Николов, Бончо Генчев, Ивајло Јорданов, Илијан Кирјаков, Петар Михтарски, Петар Георг Александриков, Георги Георгиев, Красимир Балаков и Иваило Андонов кои според бугарските медиуми го потврдија своето учество.

На натпреварот за Бугарија ќе настапат и поранешните репрезентативци Радостин Станев, Елин Топузаков, Гошо Гинчев, Станислав Ангелов4, Дончо Донев, Александар Александров-Кривија, Мартин Камбуров и Валери Божинов.

Македонија уште го крои тимот и прави листа со кои ќе се појави во Варна, а она што е сигурно е дека тренер ќе биде најтрофејниот Ѓоко Хаџиевски. Главна ѕвезда во тимот ќе биде легендата Горан Пандев кој сега е во улога на функционер во ФФМ, а се очекува да играат повеќе познати имиња од генерациите од осамостојувањето.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк