Connect with us

Свет

Трамп со предупредување до Зеленски, откри што ќе се случи доколку не го потпише договорот

Published

on

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа му испрати предупредување на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, да не се повлекува од договорот за ретки минерали, нагласувајќи дека во тој случај може да се најде „во големи проблеми“.

„Видов дека тој (Зеленски) се обидува да се повлече од договорот за минерални ресурси. Ако го направи тоа, ќе биде во голема неволја. Ќе има сериозни проблеми“, изјави Трамп.

Трамп врши притисок врз Зеленски да потпише договор кој ќе дозволи на американските компании да експлоатираат украински минерални ресурси, додека истовремено се преговара за примирје помеѓу Украина и Русија.

„Се договоривме за тоа, а сега тој (Зеленски) сака повторно да преговара. Тој сака Украина да стане членка на НАТО. Но, тој никогаш нема да стане членка на Алијансата и тој тоа добро го разбира. Затоа сега бара нови преговори“, изјави Трамп.

На 28 март, по добивањето на новиот американски нацрт-договор, кој според Зеленски е „значително проширен“, украинскиот претседател изјави дека Киев нема да прифати договор за ретки минерали ако тој ја загрози интеграцијата на Украина во Европската Унија.

Според последниот американски предлог, Киев треба да му ги испрати на Вашингтон сите приходи од заедничкиот инвестициски фонд, кој ќе ги контролира украинските ресурси, додека Украина не ја отплати американската воена помош со камата. Во нацрт-договорот се вели дека Украина нема да добие безбедносни гаранции, а ќе биде обврзана да придонесе во фондот со приходи од природни ресурси, кои ќе бидат управувани од државни и приватни компании.

Предложениот договор предвидува Вашингтон да има приоритет при купување на ресурси, како и враќање на средствата испратени во Украина од 2022 година, со годишна каматна стапка од 4%, пред Украина да може да пристапи до приходите на фондот.

За управување со фондот ќе биде задолжена американската корпорација за меѓународен развој, а фондот ќе има пет члена во одборот, од кои тројца ќе бидат назначени од САД и двајца од Украина. Средствата ќе се заменуваат за девизи и испраќаат во странство.

Свет

Како Путин ќе реагира на ова? Зеленски ги откри плановите на Украина

Published

on

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека неговата земја интензивно го зголемува производството на беспилотни летала и роботски системи, оценувајќи дека развојот на домашната воена индустрија е клучен за одржување на борбените капацитети на фронтот.

– Најважна тема на денешната седница на Генералштабот беа извештаите за домашното производство на дронови. Максимално ги зголемуваме капацитетите – од тактички модели како „Мавик“ до дронови со голем домет. Паралелно, го јакнеме и нашето производство на копнени роботски системи – изјави Зеленски во вечерното обраќање, пренесува украинската агенција Интерфакс.

Нови дронови, домашна продукција, стабилно снабдување

Според неговите зборови, Украина мора да обезбеди постојан раст во производството и испораката на сите потребни компоненти за беспилотни системи, а тековната динамика дава причина за оптимизам.

– Особено работиме на развојот на оптички беспилотни летала. Само од почетокот на годината, повеќе од 20 нови модели со оптички системи за управување се сертифицирани. Веќе 11 домашни компании ја совладаа нивната продукција. Нашиот цел е да го зголемиме обемот и брзината на испораките – нагласи Зеленски.

Тој додаде дека украинските одбранбени сили ќе бидат опремени согласно со потребите во текот на оваа година.

– Напредокот го бележиме и во секторот „DeepStrike“ – дронови со голем домет. Не можам да наведам точни бројки, но ви гарантирам дека ќе обезбедиме доволни количини за војската – додаде претседателот.

Цел: Заштита на територијата и уништување на руската логистика

Зеленски исто така информираше дека го сослушал извештајот на главниот командант на украинската војска, генералот Олександер Сирски, за состојбата на фронтот и активностите на украинските сили во руските погранични области Курск и Белгород.

– Продолжуваме со операциите во пограничните региони, и тоа е сосема оправдано. Војната мора да се врати таму од каде што почна. Нашата главна цел останува иста – да ја заштитиме нашата земја – изјави Зеленски.

Според неговите зборови, операцијата во Курската област помогнала во олеснувањето на другите делови на фронтот, особено Донецката област.

– Исклучително важно е да продолжиме со уништувањето на руската техника и целокупната логистика која ја користи окупаторот – заклучи украинскиот лидер.

Continue Reading

Свет

[ВИДЕО] Зеленски го покажа специјалното оружје кое ќе биде распоредено на фронтот: Ова е ноќниот кошмар на Путин

Published

on

Украина започна со распоредување на до 15.000 вооружени борбени роботи, познати како „тивки убијци“, објави британскиот „Дејли Мирор“, повикувајќи се на извори од Украина.

Овие роботи војници се дизајнирани за поддршка на трупите во рововите и како помош во градските борби, а, како што се надеваат украинските воени команданти, тие би можеле да претставуваат клучен пресврт во борбите кои се сѐ повеќе водат од ровови и на кратки дистанци, и да претставуваат напредок во високотехнолошкото војување, пишува весникот.

Роботите се опремени со оружје и сензори, можат да се движат по нерамен терен и да функционираат и преку ден и преку ноќ. Еден од најистакнатите модели е „Лутиот“, вооружен со пушка кал. 7,62 мм (истиот кал. користи и АК47), а се користи за извидување, поддршка на напади и прецизно огнено дејствување.

Украинските сили им доделиле специјална улога на овие мобилни оружја во воената тактика – за напади од неочекувани правци и за отвлекување на вниманието на руските трупи, наведува британскиот весник.

Роботите се контролираат на далечина, што овозможува на операторите да бидат безбедни, додека драстично го намалуваат ризикот за луѓето, што е особено важно поради големите украински загуби, се вели во текстот.

Министерството за одбрана на Украина инвестирало дури 120 милиони фунти (повеќе од 140 милиони евра) во роботизирани воени системи само во првиот квартал на 2025 година.

Ова е најголема инвестиција во воената автоматизација досега, а Киев верува дека масовната употреба на роботи ќе ја промени моменталната ситуација на фронтот во нивна корист.

Continue Reading

Свет

Трамп ја одби понудата на Европа и им постави услов: Купете го ова, па ќе разговараме

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одби понудата од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договор во врска со царините.

Трамп изјави дека за да добие одложување на царините, Европската Унија треба да се согласи да купи американска енергија во вредност од 350 милијарди долари, отфрлајќи ја понудата на Брисел за „нула за нула“ царини на возила и индустриски производи.

Ова следува по понудата на Урсула фон дер Лајен, која предложи укинување на царините за автомобили и индустриски добра увезени од САД, под услов Трамп да возврати со истата мерка. На прашањето дали оваа понуда е доволна, Трамп одговори: „Не, не е“.

„Имаме дефицит со Европската Унија од 350 милијарди долари и тој брзо ќе исчезне“, изјави Трамп, додавајќи дека еден од начините да се промени тоа е ЕУ да купува енергија од САД. „Можеме да собереме 350 милијарди долари за една недела. Мораат да купат и да се обврзат дека ќе купат слична количина енергија“, истакна тој.

Оваа понуда на Фон дер Лајен дојде откако Трамп минатата недела воведе царини од 20 проценти за Европската Унија и минимален данок од 10 проценти за други трговски партнери. Како резултат на овие мерки, финансиските пазари глобално изгубија милијарди долари, а европските акции доживеаја најголем пад од почетокот на пандемијата на Ковид-19, пренесува Политико.

Трамп нагласи дека царините можат да бидат постојани или предмет на преговори, но под услов: „Ако можеме да направиме навистина фер и добар договор за САД, а не добар за другите. Сега Америка е на прво место“, рече тој. Своето објаснување го дополни со следните зборови: „Нашата земја беше најсилна од 1870 до 1913 година. Знаете ли зошто? Се беше засновано на царини. Немавме данок на приход. Тогаш, во 1913 година, некој генијалец дојде на идеја да им наплати на луѓето во нашата земја, а не на странските земји кои крадат од нашата земја“, пренесува Н1.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк