Connect with us

Црна Хроника

Со мопед се обидел да побегне, удрил во полицаец

Published

on

Малолетник синоќа е лишен од слобода откако со мопед удрил полицаец. Малолетникот бил сопрен за контрола од полициски службеници на ОВР Неготино, но го стартувал мопедот и удрил во еден од нив. Притоа, повторно бил сопрен и при преглед во неговиот мопед била пронајдена и одземена зелена растителна материја.

Како што информира СВР Велес, со малолетникот бил извршен разговор во полициска станица, во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјални работи Неготино. Известен бил ји авен обвинител. По документирање на случајот, ќе бил поднесен соодветен поднесок.

Црна Хроника

Пукање среде ноќ во Скопско, полицијата го испитува случајот

Published

on

Пукање среде ноќ во скопски Петровец. 

– На 13.04.2025 во 23.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Петровец, од патничко возило во движење, биле испукани неколку куршуми. Полициски службеници од Полициското одделение Петровец извршиле увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од гасен пиштол за понатамошна постапка, известија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

Црна Хроника

Пријава за агресивно однесување на вработен во тетовската болница

Published

on

bolnica tetovo

На 13.04.2025 во 21.20 часот во СВР Тетово, М.И.(48) од с.Камењане, тетовско, пријавила дека на работното место во Клиничка болница Тетово, нејзиниот колега Д.Х. агресивно се однесувал кон неа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Пожар во Затворот Тетово – Брза интервенција на пожарникарите

Published

on

На 13.04.2025 година во19.25 часот СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар на соларен бојлер во Казнено – поправната установа Затвор Тетово. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк