Connect with us

Европа

Може ли производството на оружје да ја спаси економијата на Германија од колапс?

Published

on

Економијата на Германија веќе неколку години бележи благ пад, но тоа сѐ повеќе влијае на пазарот на труд. Невработеноста расте трета година по ред, а според проценките, секој месец се губат повеќе од 10.000 работни места.

Растот на невработеноста во Германија најмногу се забележува во затворањето на работни места во индустрии, кои традиционално имаат повисоки плати.

Експертите укажуваат дека во индустријата секој месец се губат повеќе од 10.000 работни места, особено во автомобилскиот сектор, кој е дополнително погоден од новите американски царини на увозот на автомобили, пишува RTS.

Но, и без овие царини, германската индустрија се наоѓа во криза, а сѐ повеќе компании ја селат својата производствена активност во странство.

Како што велат, доминантната причина за тоа се трошоците за производство. Конкретно, од почетокот на војната во Украина, бизнисмените се оптоварени со високи цени на струја, гас и нафта, потоа растечките даноци, но и еден стар проблем – комплицираната и опсежна бирократија.

Сепак, Германците ги селат своите производствени капацитети во Азија и поради повисокото ниво на роботизација и автоматизација на производството.

„Филмови од нашите фабрики во Кина им ги прикажувам на нашите колеги од други делови на светот, поради високото ниво на автоматизација, стандардизација и роботизација. Развојот во Кина во последните шест, седум години беше извонреден во поглед на воведување технологија во производството. Во последните неколку години инвестирани се милијарда јуани во производни капацитети во Кина. И ќе продолжиме така“, изјави Мигел Борего, генерален директор на Thyssenkrupp.

Индустријалците сметаат дека Германија има потреба од пресврт во трката за инвестиции. Токму такви реформи ветува потенцијалниот иден канцелар на Германија, Фридрих Мерц.

И пред да стане канцелар, тој успеа да направи уставни измени во стариот состав на Бундестагот, кои ќе ѝ овозможат на неговата влада да се задолжи за повеќе од 1.000 милијарди евра во следните години, а тие средства да ги искористи за наоружување, инфраструктура и климатски проекти.

„Војната и очекувањата за воените потреби се користат како привремен лек за германската економија. Но тоа е лош знак. Секогаш мораме да имаме на ум дека воената потрошувачка на крајот се поддржува со даноци. Ако сакаме да го зголемиме военото инвестирање, треба да ги зголемиме даноците за поединци и бизнисите, или да го намалиме другото трошење и приоритетите, како што се образованието, истражувањето и развојот. Тоа се области кои на долг рок ја одржуваат конкурентноста на економијата. Длабоко жалам за политиката на владата во оваа област“, изјави Рајнер Ротфус, пратеник од AfD во Бундестагот.

Во Германија, изгледа дека постои согласност дека нејзината економија западнува во процес на деиндустријализација, освен во секторот за производство на оружје. Но, се повеќе се слуша дилемата дали Германија всушност го менува моделот на економски успех, така што наместо автомобили, во иднина ќе произведува и извезува тенкови.

Европа

Германија става кочница – помалку работници од Балканот!

Published

on

Новата германска влада, која треба да ја формира Фридрих Мерц, би можела да го ограничи таканареченото правило за Западен Балкан, кое дозволува работници од неколку балкански земји да доаѓаат во Германија, пишува „Тагешајтуг“.

На Германија и требаат работници, најмалку 400.000 годишно, велат експертите. Една од можностите овие луѓе да дојдат во Германија е таканареченото правило за Западен Балкан. Сепак, под новата влада со Мерц на чело, тоа правило може да биде значително ограничено. Овие посебни прописи им дозволуваат на луѓето од Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да дојдат на работа во Германија без никакви проблеми. За тоа не им треба стручно образование или квалификација – доволно е да имаат понуда за работа и одобрение од Федералната агенција за труд и вработување.

Правилото беше воведено во 2015 година со цел да се намали бројот на барања за азил од овие земји и да им се даде можност на луѓето редовно да пристапуваат до пазарот на трудот. Оттогаш, бројот на барања за азил од земјите од Западен Балкан значително се намали. Мигрантите од овој дел на Европа често работат во медицинскиот и градежниот сектор, рестораните и хотелите. Во 2024 година, владата на семафорот на Олаф Шолц не само што го продолжи правилото за Западен Балкан, туку и ја зголеми квотата за давање работни визи од 25.000 на 50.000 годишно, објави Политика.

Continue Reading

Европа

Огромна воена помош за Украина во најтешките времиња: Никој не го очекуваше ова

Published

on

Шведска денеска најави одобрување на нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,47 милијарди евра, што претставува најголемиот пакет кој оваа земја досега го испратила кон Киев.

Овој потег е дел од поширокиот план на Шведска да ја зголеми својата помош за Украина во текот на 2025 година.

Министерот за одбрана на Шведска, Пал Јонсон, изјави на прес-конференција дека најголемиот дел од пакетот, односно 850 милиони евра, ќе биде насочен кон набавка на воена опрема од Шведската управа за одбранбен материјал.

Шведската влада исто така соопшти дека ќе се зголеми вкупната воена помош за Украина за оваа година од претходно предвидените 2,3 милијарди евра на 3,7 милијарди евра, со што дополнително ќе се зголеми поддршката за Украина во нејзината борба.

Овој нов пакет помош доаѓа во време кога Украина се соочува со големи предизвици на фронтот, а Шведска, како член на Европската унија, продолжува да игра клучна улога во поддршката на Украина во нејзините напори за одбрана од руската агресија.

Continue Reading

Европа

Во Украина пристигнува специјално оружје – 15.000 единици ќе бидат распоредени на фронтот

Published

on

Украина постави цел да распореди 15.000 роботи на фронтот до крајот на оваа година.

Ова е наведено во материјалот на ЕП, повикувајќи се на директорот на одделот за набавки во Министерството за одбрана, Глеб Каневски.

Се напоменува дека, за разлика од претходната година, договорите веќе се во тек.

Агенцијата за одбранбени набавки на ЕП извести дека Министерството за одбрана во втората половина на 2024 година потпишало 6 договори за набавка на копнени роботи, а за првиот квартал на 2025 година – 31 договор.

„Минатата година ставивме стотици роботи на првата линија на фронтот. Оваа година планираме да ги ставиме на илјадници“, изјави директорот на Тенкореа, Максим Василченко.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк