Connect with us

Свет

Ким Џонг Ун отиде “чекор подалеку” со цел сите да го обожаваат: Даде јасни инструкции

Published

on

Северна Кореја ја организирала првата работилница за инструктори на национално ниво, чија задача е да поттикнуваат лојалност кон лидерот Ким Џонг Ун меѓу децата и младите, јавија денеска државните медиуми во таа земја.

Во главниот град Пјонгјанг, од среда до сабота, се одржала обука за инструктори од целата земја, на која биле повикани да ја исполнат својата одговорност во воспитувањето на младите револуционери и патриоти, пренесува севернокорејската новинска агенција KCNA.

Обуката се одржала во рамките на активностите на националниот синдикат за деца и млади, кој вклучува ученици на возраст од седум до 16 години.

Овој синдикат, основан во 1946 година, се проценува дека има околу три милиони членови, според јужнокорејската агенција Јонхап.

Обуката и работилницата се организирани по инструкции на Ким, а неговото обраќање било прочитано на собирот, иако не се дадени други детали.

За време на обуката била разгледувана улогата на инструкторите како политички заштитници на младината, која е безгранично лојална и верна на севернокорејскиот лидер Ким, наведува KCNA.

„Децата треба да се научат да ја ценат вредноста на организацијата од најмала возраст и да се навикнат на доброволно учество во нејзините активности“, изјавил еден од говорниците на собирот.

Во текот на оваа обука биле разгледани и образовни методи, како и недостатоците на проектите чија цел е зајакнување на детскиот синдикат и неговата улога, известила севернокорејската новинска агенција.

Портпаролот на јужнокорејското министерство за обединување, Ку Бјунг Сам, оцени дека овој собир може да се толкува како обид за заострување на идеолошката контрола над сите слоеви на населението и зајакнување на нивната лојалност.

Свет

Дали Европа и Украина штотуку ги добија најлошите вести од почетокот на војната?

Published

on

Министерството за одбрана на САД размислува да повлече околу 10.000 американски војници од Источна Европа, јави денеска Ен-Би-Си њуз, повикувајќи се на информации од американски и европски претставници.

Овие војници се дел од контингент од 20.000 војници распоредени во Полска и Романија во 2022 година од администрацијата на Џо Бајден, со цел да се спречи Русија. Европски дипломати предупредуваат дека ваков потег може да создаде загриженост меѓу сојузниците во поглед на посветеноста на Вашингтон за безбедноста во Европа.

Брајан Хјуз, портпарол на Советот за национална безбедност, изјави дека претседателот Трамп ги преиспитува приоритетите, поставувајќи ја Америка на прво место. Сет Џонс од Центарот за стратешки и меѓународни студии предупреди дека повлекувањето на американските трупи од Европа може да се протолкува од Москва како знак на ослабено одвраќање.

„Вашингтон пост“ објави дека Пентагон разгледува можноста за повлекување на сите 20.000 војници распоредени под Бајден. Поранешната амбасадорка на САД во НАТО, Џулијана Смит, смета дека ова сценарио е реално. Пит Хегсет, новиот министер за одбрана, изјави на Минхенската конференција дека „американското присуство во Европа не е вечно“, нагласувајќи дека фокусот се преместува кон Кина.

Од 2022 година, бројот на американски војници во Европа варира од 75.000 до 105.000, со околу 63.000 постојано стационирани, најголем дел од нив во Германија. Повлекувањето на дел од овие трупи може да биде поврзано со мировните преговори за Украина и барањето на Путин од 2021 година американските сили да се повлечат од земјите кои се приклучиле на НАТО по 1997 година.

Continue Reading

Свет

[ВИДЕО] Украинците со вознемирувачко откритие на фронтот: Зарем уште ова им требаше на украинците?

Published

on

Дали ситуацијата на фронтот во Украина излегува од контрола? Изгледа дека се повеќе држави индиректно се вклучуваат во конфликтот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека шест кинески војници учествувале на страната на Русија во борбите против украинските сили, при што двајца од нив биле заробени во источна Украина.

Зеленски нагласи дека оваа ситуација значи дека уште една земја се приклучила на Русија во нејзината војна против Украина. Тој додаде дека ќе побара официјално објаснување од Пекинг.

Погледнете го видеото:

Continue Reading

Свет

Трамп предупреден: Имаш неколку часа да ја промениш одлуката

Published

on

Ричард Брансон, британски милијардер и сопственик на авио-компанијата Virgin Atlantic, остро ја критикуваше американската влада поради изненадното воведување нови царини, истакнувајќи дека пазарната реакција на овој потег била „предвидлива и со огромна можност да се спречи“.

Во серија објави на Твитер (X), тој предупреди на сериозните последици за американската и глобалната економија.

„Дури и ако се согласувате со основната идеја на овие царини, требаше да се направи се што е можно за американските компании да имаат доволно време за прилагодување“, напиша Брансон.

Тој вели дека пазарите реагирале панично, а последиците веќе се видливи.

„Финансиските пазари ширум светот сега се во слободен пад, со катастрофални последици за обичните Американци и остатокот од светот. Пензиските заштеди на Американците масовно ќе исчезнат“, порача Брансон.

Како што доларот ослабува, додава тој, се очекува раст на цените за американските потрошувачи. Во исто време, бројни мали и средни компании веќе банкротираат или се на пат да банкротираат.

„Ова не е добитна стратегија на долги патеки. Американската влада сè уште може да ги промени работите, но мора да дејствува во следните неколку часа“, нагласи Брансон.

Тој заклучи дека е време да се признае „колосалната грешка“ и да се промени курсот, инаку, како што тврди, Америка ќе „плати за последиците од овој потег години наназад“.

Акциите на Брансоновата Virgin Group исто така се во пад последните неколку дена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк