Connect with us

Црна Хроника

Драма во Скопје: Скопјанец уапсен бидејќи тепал двајца сограѓани, самиот пријавил дека претходно го тепале други двајца

Published

on

На 30.03.2025 во 10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го привеле Р.Ш.(32) од Скопје, по претходна пријава дека околу 09:30 часот, поради нерасчистени имотно-правни односи физички ги нападнал Ф.Б.(65) и А.Б.(41) од Скопје, при што употребил метален предмет, додека Р.Ш. пријавил дека претходно бил физички нападнат од Д.Б.(43) и К.Б.(21), двајцата од Скопје, при што употребиле тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Црна Хроника

Малолетно девојче го загуби животот во тешка сообраќајка кај Скопје

Published

on

Малолетничка загинала во сообраќајка која се случила на 6. април.

Таа во несреќата, која се случила на локалниот пат од скопското село Патишка река до селото Осинчани, се здобила со тешки телесни повреди, била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде починала.

Сообраќајката, како што информираа од полицијата се случила помеѓу возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О. (19) од скоското село Студеничани и возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. (29) од Скопје.

Малолетничката била во возилото „мерцедес“, а повредени се и возачот, сопатничката Р.А.(24) и уште една малолетна сопатничка – двете од Скопје.

Повреден е и возачот на „фолксваген голф“, кој бил приведен.

Телото на малолетничката е дадено на обдукција.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривични против три лица: грабнале 32-годишна жена

Published

on

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ.

На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со употреба на сила ја земале 32-годишната вонбрачна сопруга на неговиот син и со патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки заминале од местото.

На 07.04.2025 лицата се изведени пред судија на претходна постапка во судот во Кочани, при што на Р.Ѓ. и е одреден домашен притвор, а на Г.А. и Б.Ч. притвор во траење од 30 дена.

Continue Reading

Црна Хроника

Кривична за началничка на одделение во Одделот за обезбедување на личности и објекти

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција Скопје, поднесе кривична пријава против С.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавената, на работно место началник на Одделение за обезбедување на дипломатско конзуларно претставништво, а во моментот на извршувањето на делото на работно место началник на Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации при МВР, ја злоупотребила службената положба и овластување на начин што си овозможила стекнување на право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот утврден во Законот за работните односи, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.

Имено, иако била свесна дека не ги исполнува условите за стекнување со наведеното право, пријавената на 05.06.2024 изготвила список со 11 полициски службеници од Одделение за обезбедување на странски делегации и манифестации кои оствариле услов за бонус плата за 2023 година, во кој се впишала и самата себе, а врз основа на кој подоцна и било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и биле исплатени парични средства на нејзината трансакциска сметка.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициската службеничка и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк