Connect with us

Магазин

ФОТО: Доколку го забележите фломастерот, имате подобар вид од 90% од луѓето

Published

on

Ваквите визуелни предизвици се базирани на едноставен концепт – да се пронајде скриениот предмет во што пократок временски рок. На прв поглед, изгледаат лесно, но често бараат голема внимание, концентрација и остро око.

Оваа фотографија неодамна привлекла внимание на Reddit, а прикажува простор полна со детелина. Сепак, еден детал ја прави поинаква.

Сериозен предизвик

Имено, авторката открива дека нејзината ќерка си играла на ливадата кога испуштила зелен фломастер. Се обидела да го најде, но тој се вклопил во околината толку добро што потрагата не била лесна.

Таа одлучила да направи фотографија и да зададе сериозен предизвик. Пронајдете го фломастерот во најкраток можен рок!

Многумина признаа дека се откажале, бидејќи не успеале да го најдат, додека малкумина после внимателно и подолготрајно гледање го лоцирале фломастерот.

Важно е да се нагласи дека без зголемување на фотографијата, речиси е невозможно успешно да се изврши задачата.

Имаме решение Ако не сте успеале да го најдете, еве РЕШЕНИЕ.

Погледнете ја десната страна на фотографијата, покрај работ, каде се наоѓа делот со пократка трева, а веднаш до него е и познатиот фломастер. Неговото бело капаче само малку ѕирка од тревата.

Магазин

Филозоф верува дека пронашол доказ: “Смртта не е крај, постојат уште шест фази после неа”

Published

on

Смртта како почеток: Крис Картер верува дека постои живот по животот

„Смртта не е крај, туку почеток на патување низ други нивоа на постоење“, вели Крис Картер, филозоф образован на Оксфорд и долгогодишен истражувач на натприродни феномени. Во својата книга „The Case for the Afterlife“, Картер истражува низа искуства и сведоштва кои, според него, јасно сугерираат дека нашето постоење не завршува со телесната смрт, туку преминува во нова, подлабока фаза.

Книгата опфаќа теми како искуства блиски до смртта, визии на смртна постела, сеќавања на деца на претходни животи и комуникација со починати личности. Посебно внимание Картер посветува на тврдењата на Фредерик Мајерс – поет и еден од основачите на Друштвото за психичко истражување – кој, наводно, дваесет години по неговата смрт комуницирал со медиуми ширум светот, опишувајќи како изгледа животот по смртта.

Според тие извештаи, Мајерс говорел за „неверојатно патување“ низ седум нивоа на постоење, почнувајќи од Земјата, па сè до највисоките сфери: Хад, Трета Рамнина, Еидо, Рамнина на пламенот, Рамнина на светлината и последната – шестата рамнина.

Хад, како што го опишува Картер, е преодна фаза – место за одмор и прилагодување пред преминот во повисоките нивоа. Третата рамнина потсетува на Земјата, но тука душите се групираат според заеднички интереси и заеднички создаваат сопствени средини. Оние кои преферираат самотија, имаат можност да оформат свет по сопствена мерка.

На четвртата рамнина – Еидо, реалноста е уште поубава, со бои и пејзажи кои, според Мајерс, човечкиот ум не може ни да ги замисли. Тој лично тврдел дека досегнал до ова ниво. Повисоките рамнини, особено шестата, се духовни по природа – таму душите стануваат „бела светлина“ и се спојуваат со безвременските суштества. Иако самиот не стигнал до оваа фаза, Мајерс добил информации од оние кои, наводно, ја имаат искусено.

Картер, сепак, предупредува дека задгробниот живот не секогаш е идиличен. Душите кои живееле себично и со злонамерни намери, наводно, се будат во пониски, мрачни и осамени рамнини – без деца, радост или утеха – сè додека не се ослободат од сопствената темнина. „Како некој ќе ја доживее третата рамнина, зависи не само од земниот живот, туку и од неговата духовна и морална зрелост“, заклучува Картер.

Continue Reading

Магазин

Дневен хороскоп за вторник – 15 април: Што ви подготвуваат ѕвездите денес?

Published

on

Со новата енергија што ја носи вторникот, многу хороскопски знаци ќе почувствуваат потреба од промени, внатрешна рефлексија или обнова на личните односи. Еве што ви подготвуваат ѕвездите:

Овен

Денес вашите емоции ќе бидат премногу очигледни – сè што мислите, ќе се чита на вашето лице. Без разлика дали се работи за гнев или љубов, немојте да се обидувате да се криете – искреноста ќе биде најсилниот ваш сојузник.

Бик

Вашата продуктивност е на врвот, но внимавајте – не мора секоја капка енергија да се потроши веднаш. Вистинскиот успех доаѓа со мудро темпирање и оптимизација на обврските.

Близнаци

Денешниот ден ве става во улога на координатор. Ќе мора да ги организирате другите, но и себе. Само преку правилна распределба на задачите ќе постигнете позитивни резултати.

Рак

Желбата за промена ве води напред. Не се плашете да направите нов чекор, дури и ако тоа значи излегување од зоната на комфор. Денес имате моќ да влијаете врз секој аспект од вашиот живот.

Лав

Ќе чувствувате силна потреба да бидете од корист. Вашата великодушност е инспирација за околината – денес добрината се враќа со камата.

Девица

Внимавајте на зборовите. Иако сте директни по природа, денешниот ден носи зголемена чувствителност кај другите. Бидете дипломатски настроени и емпатични.

Вага

Денес може да ве изненади поддршка од неочекувани луѓе, додека блиските пријатели ќе ве остават во дилема. Не им замерувајте – некогаш универзумот само сака да нè научи лекција.

Скорпија

Ја чувствувате возбудата на нешто ново, но сè уште не е време за дејствување. Планирајте, анализирајте, подгответе се – вашата авантура наскоро ќе започне.

Стрелец

Разбирањето на другите ќе биде предизвик. Немојте да се вовлекувате во конфликти – дистанцирањето и одредено ниво на толеранција ќе ви го зачуваат мирот.

Јарец

Вашето влијание врз другите е силно. Привлекувате внимание каде и да се појавите – прашањето е дали сте подготвени да го носите тој товар. Денес внимавајте на кого му го подарувате своето време.

Водолија

Денеска расправиите нема да имаат добар исход. Наместо да трошите енергија на објаснувања, задржете ја силата за поважни предизвици што доаѓаат.

Риби

Очекувајте ден исполнет со внатрешни борби. Ќе се соочите со спротивставени емоции, како во вас, така и кај луѓето околу вас. Останете прибрани и доверете се на интуицијата – таа нема да ве изневери.

Continue Reading

Магазин

Ова е најопасниот сад во кујната: Кошмар за вашето здравје, веднаш треба да го исфрлите од употреба

Published

on

Тефлонските садови ослободуваат милиони микропластични честички при готвење и миење.

Секојдневно се користат во кујна, но новото истражување открива дека нелепливите садови, особено оние обложени со тефлон, можат да испуштат милиони микропластични честички – дури и без видливо оштетување.

Австралиски научници од Универзитетот во Њукасл, предводени од д-р Ченг Фанг, утврдиле дека само една пукнатина на тефлонски сад може да ослободи околу 9.100 пластични честички. На микроскопско ниво, бројот е уште повпечатлив – дури 2,3 милиони микропластика и нанопластика може да се ослободат при користење оштетен сад.

Во студијата се тестирани шест различни видови нови и веќе користени тенџериња и тави, симулирајќи услови на готвење и миење, без додавање храна или масла. Во тестовите биле користени метални лажици, клешти за скара и дрвени лажици – вообичаени алатки во секое домаќинство. Истражувачите откриле дека честички се ослободуваат и од садови кои не покажуваат очигледни знаци на оштетување.

Тефлонот, синтетичка пластика составена од јаглерод и флуор, е познат по својата отпорност и ниско триење. Сепак, тој е дел од групата PFAS (пер- и полифлуороалкил супстанции), кои се нарекуваат и „вечни хемикалии“ поради тоа што речиси не се разградуваат – и во животната средина, и во човечкото тело. PFAS може да предизвикаат сериозни здравствени последици.

Овие хемикалии се присутни во илјадници производи од секојдневието – од облека и садови, до земјиште, воздух и вода. Луѓето најчесто доаѓаат во контакт со нив преку консумација на контаминирана храна и вода, користење производи што содржат PFAS или преку вдишување на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк