Connect with us

Свет

Страшното невреме кое ја зафати Канада, остави повеќе од 400.000 луѓе без електрична енергија

Published

on

Според компанијата за дистрибуција на електрична енергија во Канада, Hydro One, се очекува да бидат потребни неколку дена за да се врати електричната енергија за сите корисници, јавува CBC News.

Како што информираа, сите екипи се на терен со цел што побрзо да ги отстранат последиците од невремето и да обезбедат снабдување со струја во погодените области.

Во некои делови од централниот и источниот дел на Онтарио паднале меѓу 25 и 30 милиметри дожд.

Метеорологот Кристина Кречман изјави дека ледената бура предизвикала сериозни штети на инфраструктурата и домовите, како и дека многу дрвја и далноводи биле урнати.

Вонредна состојба е прогласена во некои градови во Онтарио, како Питерборо и Оро-Медонте.

Надлежните упатија предупредување до возачите да бидат исклучително внимателни поради опасните услови што ги создава замрзнатиот дожд на патиштата.

Свет

ТРАМП СО УЛТИМАТУМ ДО ЕУ: Ќе ве поштедиме од царини ако платите 350 милијарди за нашата енергија!

Published

on

Европската Унија ќе мора да купи американски енергенси во вредност од 350 милијарди долари за да добие одложување на новите царини, кажа Доналд Трамп, отфрлувајќи ја понудата за заемни царини од 0% за автомобили и индустриски стоки.

Ова доаѓа откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кажа дека ЕУ ќе му понуди на Вашингтон укинување на царините за увоз на автомобили и индустриски стоки, ако САД го направат истото. Запрашан од новинарите во Белата куќа дали е тоа доволно, Трамп одговори:

„Не, не е. Имаме дефицит со Европската Унија од 350 милијарди долари и тоа брзо може да исчезне. Еден од начините е тие да купат наши енергенси. Нека ги купат и ќе можеме за една недела да ги избришеме тие 350 милијарди долари“, изјави Трамп.

Понудата на Брисел уследи откако Трамп минатата недела воведе царини од 20% за цела Европска Унија, ставајќи ја во групата од 60-ина држави кои беа означени како „најлоши престапници“.

Предлогот на Трамп не е ништо ново. Набргу по неговото враќање во Белата куќа, Фон дер Лајен предложи почнување преговори за купување повеќе американски течен природен гас, но тоа не се реализираше.

Continue Reading

Свет

Како Путин ќе реагира на ова? Зеленски ги откри плановите на Украина

Published

on

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека неговата земја интензивно го зголемува производството на беспилотни летала и роботски системи, оценувајќи дека развојот на домашната воена индустрија е клучен за одржување на борбените капацитети на фронтот.

– Најважна тема на денешната седница на Генералштабот беа извештаите за домашното производство на дронови. Максимално ги зголемуваме капацитетите – од тактички модели како „Мавик“ до дронови со голем домет. Паралелно, го јакнеме и нашето производство на копнени роботски системи – изјави Зеленски во вечерното обраќање, пренесува украинската агенција Интерфакс.

Нови дронови, домашна продукција, стабилно снабдување

Според неговите зборови, Украина мора да обезбеди постојан раст во производството и испораката на сите потребни компоненти за беспилотни системи, а тековната динамика дава причина за оптимизам.

– Особено работиме на развојот на оптички беспилотни летала. Само од почетокот на годината, повеќе од 20 нови модели со оптички системи за управување се сертифицирани. Веќе 11 домашни компании ја совладаа нивната продукција. Нашиот цел е да го зголемиме обемот и брзината на испораките – нагласи Зеленски.

Тој додаде дека украинските одбранбени сили ќе бидат опремени согласно со потребите во текот на оваа година.

– Напредокот го бележиме и во секторот „DeepStrike“ – дронови со голем домет. Не можам да наведам точни бројки, но ви гарантирам дека ќе обезбедиме доволни количини за војската – додаде претседателот.

Цел: Заштита на територијата и уништување на руската логистика

Зеленски исто така информираше дека го сослушал извештајот на главниот командант на украинската војска, генералот Олександер Сирски, за состојбата на фронтот и активностите на украинските сили во руските погранични области Курск и Белгород.

– Продолжуваме со операциите во пограничните региони, и тоа е сосема оправдано. Војната мора да се врати таму од каде што почна. Нашата главна цел останува иста – да ја заштитиме нашата земја – изјави Зеленски.

Според неговите зборови, операцијата во Курската област помогнала во олеснувањето на другите делови на фронтот, особено Донецката област.

– Исклучително важно е да продолжиме со уништувањето на руската техника и целокупната логистика која ја користи окупаторот – заклучи украинскиот лидер.

Continue Reading

Свет

[ВИДЕО] Зеленски го покажа специјалното оружје кое ќе биде распоредено на фронтот: Ова е ноќниот кошмар на Путин

Published

on

Украина започна со распоредување на до 15.000 вооружени борбени роботи, познати како „тивки убијци“, објави британскиот „Дејли Мирор“, повикувајќи се на извори од Украина.

Овие роботи војници се дизајнирани за поддршка на трупите во рововите и како помош во градските борби, а, како што се надеваат украинските воени команданти, тие би можеле да претставуваат клучен пресврт во борбите кои се сѐ повеќе водат од ровови и на кратки дистанци, и да претставуваат напредок во високотехнолошкото војување, пишува весникот.

Роботите се опремени со оружје и сензори, можат да се движат по нерамен терен и да функционираат и преку ден и преку ноќ. Еден од најистакнатите модели е „Лутиот“, вооружен со пушка кал. 7,62 мм (истиот кал. користи и АК47), а се користи за извидување, поддршка на напади и прецизно огнено дејствување.

Украинските сили им доделиле специјална улога на овие мобилни оружја во воената тактика – за напади од неочекувани правци и за отвлекување на вниманието на руските трупи, наведува британскиот весник.

Роботите се контролираат на далечина, што овозможува на операторите да бидат безбедни, додека драстично го намалуваат ризикот за луѓето, што е особено важно поради големите украински загуби, се вели во текстот.

Министерството за одбрана на Украина инвестирало дури 120 милиони фунти (повеќе од 140 милиони евра) во роботизирани воени системи само во првиот квартал на 2025 година.

Ова е најголема инвестиција во воената автоматизација досега, а Киев верува дека масовната употреба на роботи ќе ја промени моменталната ситуација на фронтот во нивна корист.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк