Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити, Касами и Ибрахими контра Таравари: Немаме никаква комуникација со Али Ахмети

by Уредник
2025/04/01 08:58:35
in Uncategorized

Со ова трите партнери дополнително се дистанцираа од Таравари, откако со него се разидоа за тоа дали на претстојните локални избори наесен, треба да настапат на една листа како Вреди, наспроти предлогот на лидерот на дел од Алијанса за Албанците дека треба да одат со посебни советнички листи. Ова пак, ги продлабочи разидувањата во Вреди во пресрет на изборите.

Изет Меџити, Билал Касами и Зекирие Ибрахими експресно се оградија од партнерот од Вреди, Арбен Тараваридека имаат канали за комуникација со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Демократско движење, Беса и Алтернатива се децидни дека немаат никаква соработка со ДУИ и со Ахмети. Со ова трите партнери дополнително се дистанцираа од Таравари, откако со него се разидоа за тоа дали на претстојните локални избори наесен, треба да настапат на една листа како Вреди, наспроти предлогот на лидерот на дел од Алијанса за Албанците дека треба да одат со посебни советнички листи. Ова пак, ги продлабочи разидувањата во Вреди во пресрет на изборите, а толкувањата се дека Таравари прави простор да ја напушти Вреди.

Таравари во гостување на „360 степени“ рече дека има канали за комуникација со ДУИ и дека и другите лидери од Вреди најверојатно комуницираат.

–Демократското движење(ДД) ги отфрла сите шпекулации дека има комуникација со претседателот на ДУИ Али Ахмети. ДД нема и нема да има никаков вид соработка со корумпирана партија каде нејзините врвни функционери се ставени на црната листа на САД за корупција. Демократското движење јасно и недвосмислено се дистанцира од која било политичка структура која корупцијата ја претвори во владеење, а државата во алатка за лично богатење. ДД останува цврста во својата визија за чиста, некорумпирана и политика во служба на граѓаните – велат од партијата на Меџити.

Со бурна реакција се јави и Алтернатива од каде тврдат дека немаат комуникација со ДУИ на ниту едно ниво.

– Со цел да се разјасни мислењето, но и да биде коректно со партиските органи и структури, како и со членството и поддржувачите, јавно изјавуваме дека Алтернатива нема комуникација на ниту едно ниво и на кој било канал со Демократската унија за интеграција. Проценуваме дека нема причина или потреба да комуницираме со партија којашто е на американската црна листа на недипломирани студенти, која кај Албанците ќе биде запаметена само по корупција, криминал и злоупотреба на моќта. Останувајќи доследен на ставот дека Вреди е коалиција изградена за афирмација на вредностите на новиот политички морал и за воспоставување нови политички стандарди, Алтернатива цени дека за заштитата на албанските интереси е во комуникација само со народот – велат од Алтернатива.

И од партијата на Касами се оградија од изјавата на Таравари.

-Без да сакаме да го прејудицираме точното значење на изјавата на Таравари дека – покрај него, со Али Ахмети комуникација имаат и другите лидери на Вреди, поради вистината за членовите на Движењето Беса, партиските органи и нашите поддржувачи, мора да појасниме дека ниту претседателот Билал Касами, ниту кој било друг експонент на Движењето Беса немаат комуникација со Демократската унија за интеграција – велат од Беса.

Од партијата на Касами објаснуваат дека граѓаните и симпатизерите на Движењето Беса добро знаат дека од неговото основање до сега, никогаш не биле во комуникација со ДУИ и дека нема причина да имаат канал за комуникација со партијата на Ахмети.

-Да имаше, ќе беше јавно за граѓаните. Али Ахмети е единствениот виновник за состојбата на Албанците во Северна Македонија и колку побргу замине во политичка пензија, толку подобро за него и за Албанците. Вреди има смисла само додека одржува политичка дистанца од ДУИ – соопшти Беса.

Таравари на прашањето дали има контакти со ДУИ во интервју за„ 360 степени“ рече дека има канали за комуникација.

-Видете, канали на комуникација постоеле и не верувам дека некои од партиите немаат. Знаете како е, ова е мала држава, така што има одредени луѓе кои комуницираат и ме информираат дека комуницираат, нормално. Дали сме договорени, кога ќе се договориме, јавно тоа ќе го направиме, нема што да криеме. На крајот на краиштата, јас сакам Вреди да направи добар резултат, меѓутоа сакам и Алијанса за Албанците да има добар резултат, секако како што сака и Билал Касами за Беса, како што сака Зеќирија Ибраими за Алтернатива, Изет Меџити за својата партија. Тоа е нормално – рече Таравари.

Прашан дали има некакви сигнали од ДУИ дека би сакале да соработувате на локалните избори, Таравари потврди и додаде дека сигнали има и со Алијанса и со другите партии од Вреди.

-Сигнали има, секако дека има. Не дека има само со Алијанса, ДУИ сигурно има комуникација и со другите партии од Вреди. Тоа е неспорно и постојат такви информации, но тоа е небитно. Видете, друга опција, ако во Вреди не се договориме, останува сами да одиме на избори. На крајот на краиштата, ако дојдеме, излеземе со листа на советници, со кандидати за онаму каде што мислиме, ако одиме во втор круг, нормално дека би побарале поддршка – каде што ќе оди ДУИ, таму би побарала поддршка од Вреди, каде што нема да оди ДУИ, би побарале поддршка од ДУИ. Меѓутоа, ќе видиме, сега засега оваа опција е втора опција… Сега ги пуштивме пратениците, тие се поусогласени, да седнат, да се договорат. Тие направиле една драфт-верзија. Ако успеат со тоа – јас им кажав, само донесете дека сте се договориле, прв ќе сум што ќе гласам – рече Таравари.

Next Post

Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар достигна 2700 лица

Опасна игра: Кина со 19 бродови го стега обрачот околу Тајван!

Препорачани Вести

Меџити во водство во Чаир според првите излезни анкети – се слави победа во прв круг

2 months ago

РК Алкалоид победи во Атина со 4 гола разлика и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот

7 months ago

Популарни Вести

  • Тешка сообраќајна несреќа кај Брвеница: 35-годишен пешак со тешки повреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: повредени повеќе лица, уапсен 60-годишен возач

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канал 103 со целодневна програма по повод 81 година од работата на Македонското радио

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски постави јасни „црвени линии“ пред средбата со Трамп – без територијални отстапки и со силни безбедносни гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничниот премин Евзони повторно затворен поради протести на грчките земјоделци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.