Се повеќе мажи се насочуваат кон вештачката интелигенција во потрага по емотивни и интимни врски.
Вештачките интелигенции не само што нудат друштво, туку некои веруваат дека можат целосно да ги заменат човечките односи. Многу мажи признаваат дека им станува сè потешко да ја најдат “вистинската”, па не е чудо што некои се вртат кон решенија засновани на ВИ.
Наместо вештачката интелигенција да им помага само во освојувањето на партнерки, сега девојките генерирани од вештачка интелигенција сами стануваат алтернатива.
Футурологот др. Ијан Пирсон предвидува дека до 2050 година сексот со роботи ќе биде популарен од сексот со луѓето, но истражувањата покажуваат дека тоа може да се случи многу порано.
Платформата EVA AI спроведе истражување на 2.000 мажи, а резултатите се изненадувачки:
8 од 10 веруваат дека девојките генерирани со вештачка интелигенција можат целосно да ја заменат вистинската комуникација
81% би размислиле за брак со партнерка генерирана од вештачка интелигенција – ако тоа е легално
83% веруваат дека би можеле да развијат подлабока емотивна врска со девојка која е генерирана со помош на вештачка интелигенција
78% би “излегувале” со верзија на својата поранешна партнерка генерирана на вештачка интелигенција, додека 80% би комуницирале со копија на починатата сакана личност
ВИ-Партнерите нудат нешто што многу луѓе го бараат – безбедност и разбирање без осуда. Експертите велат дека разговорот со вештачка интелигенција им овозможува на луѓето да бидат целосно искрени, без страв од одбивање или критика.
Интересно е и што 3 од 4 мажи сакаат верзија на себе како виртуелен пријател, а истиот број испитаници би создаделе “подобрена” ВИ верзија на својата моментална партнерка.
На ТикТок, овој тренд предизвикува поделени мислења. Претприемачот Кајл Балмер тврди дека сè повеќе луѓе наоѓаат среќа во ВИ врските, додека други сметаат дека ова е загрижувачко општествено прашање.
Еден маж напишал: “Девојката генерирана со помош на вештачка интелигенција никогаш нема да ме изневери, да ме мрази или да ме искористи за пари.” Друга корисничка вели: “Имам ви-момче, но никогаш не би го избрала наместо вистински партнер.”
Сепак, некои предупредуваат дека луѓето може да зажалат ако целосно ги заменат вистинските односи со дигитални врски.
Како што се шири трендот на ви-врски, прашањето останува – дали луѓето се подготвени целосно да ја заменат вистинската интимност со технологија? Или ова е само уште еден краткотраен тренд?
Во Македонија пак, на социјалните мрежи беше забележана и првата ВИ девојка, која има официјален профил. Оваа девојка, која е претставена како модел и инфлуенсер, не е вистинска и е генерирана со помош на вештачка интелигенција.
Илон Маск и извршниот директор на компанијата Сем Алтман ја основале OpenAI 2015. година, но Маск ја напушти компанијата пред да стане технолошки лидер.
Потоа, Маск ја основал својата компанија xAI во 2023. година и направил се за да спречи OpenAI да стане профитабилен модел, што довело до сегашниот судски спор.
За да обезбеди финансиска поддршка од 40 милијарди долари, OpenAI мора да го заврши преминот кон профитабилен модел до крајот на оваа година.
Компанијата OpenAI тврди во тужбата дека Маск користел медиумски напади, кампањи на социјалните мрежи, барања за корпоративни документи и други правни акции за да и наштети на компанијата. Тие бараат од судот да го запре Маск во натамошните напади и да одговора за штетата која ја направил.
Минатата година, Маск ја тужеше OpenAI, обвинувајќи ја дека се откажала од својата првична цел за развој на вештачка интелигенција за доброто на човештвото, а не за профит.
Маск досега не се изјаснил за најновата тужба. OpenAI и Алтман ги негираат сите обвиненија и тврдат дека Маск се обидува да го забави развојот на конкуренцијата.
Овој судски процес е клучен за преминот на OpenAI кон профитабилен модел, што е од суштинско значење за собирање капитал и конкурирање на пазарот на вештачка интелигенција.
Ако сè уште користите стар телефон, време е да проверите дали наскоро ќе останете без апликацијата WhatsApp.
Од 5 мај, популарната апликација за размена на пораки престанува да работи на одредени постари модели на телефони.
Оваа промена е дел од редовното одржување и безбедносни ажурирања, а целта е да WhatsApp остане доверлив, безбеден и компатибилен со поновите верзии на оперативни системи.
Иако нема да погоди голем број на корисници, некои сепак ќе мораат да кажат “збогум” на WhatsApp. Или барем на својот стар телефон, пренесува Metro.
Ако користите iPhone, WhatsApp повеќе нема да работи на iOS верзии постари од 15.1, што значи дека следните модели “паѓаат од игра”: iPhone 5s, iPhone 6 и iPhone 6 Plus.
Овие телефони, претставени пред повеќе од 11 и 12 години, може да се ажурираат максимум до iOS 12.5.7, што веќе не е доволно за да апликацијата работи.
Ако не сте сигурни која верзија имате, проверете ја вака: Поставки (Settings) → Општо (General) → Информации (About) → погледнете ја верзијата на iOS.
Што се однесува до корисниците на Android, WhatsApp веќе на 1. јануари 2025. ја прекинал поддршката за сите уреди со Android KitKat и постари верзии, а сега е позната и листата на конкретни модели кои веќе не се поддржани:
Вашиот омилен iPhone наскоро би можел значително да поскапи, благодарение на новите тарифи воведени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.
Овие тарифи, кои ги погодуваат бројните земји ширум светот, можат драстично да ја променат глобалната трговија, а iPhone може да биде еден од најпогодените производи. Аналитичарите предупредуваат дека цената на iPhone може да се зголеми за 30% до 40%, ако Apple реши да ги пренесе трошоците на клиентите.
Зголемување на цените поради кинеските царини
Повеќето iPhone уреди сè уште се произведуваат во Кина, која моментално е погодена од тарифи до 54%. Доколку овие тарифи останат на сила, Apple ќе се соочи со тежок избор: да ги апсорбира дополнителните трошоци или да ги пренесе на крајните купувачи. Акциите на компанијата паднаа за 9,3% во четвртокот, што беше најлошиот ден на Apple од март 2020 година.
Според проценките, Apple продава повеќе од 220 милиони iPhone уреди годишно, со најголемите пазари вклучувајќи ги САД, Кина и Европа. Во таква ситуација, компанијата може да биде принудена значително да ги зголеми цените на своите уреди.
iPhone 16 и 16 Pro Max: Потенцијален скок на цените
Најновиот модел на iPhone 16, кој моментално е достапен во САД по цена од 799 долари, би можел да поскапи за дури 43% – до 1.142 долари, ако Apple реши да ги пренесе трошоците на крајните клиенти. Скапиот iPhone 16 Pro Max, со екран од 6,9 инчи и простор од 1 терабајт, кој моментално чини 1.599 долари, би можел да достигне цена од 2.300 долари.
Овие проценки доаѓаат од аналитичката компанија Rosenblatt Securities, која предупредува дека таквиот скок на цената може драстично да влијае на продажбата на уредите, особено на пазарите каде Apple веќе бележи пад на побарувачката.
Тарифите на Трамп: Промени во стратегијата
За време на неговиот прв мандат, Доналд Трамп воведе царини за многу производи од Кина, обидувајќи се да ги охрабри американските компании да го пренесат производството во САД или соседните земји, како Мексико. Apple тогаш успеа да ги избегне најтешките последици, обезбедувајќи исклучоци за некои производи. Сепак, овој пат Трамп не даде исклучоци за Apple, што значи дека компанијата ќе мора да се соочи со целосното влијание на тарифите.
„Сега целата ситуација со кинеските тарифи оди спротивно на нашите очекувања дека Apple ќе биде третиран со посебно внимание, како што беше порано“, рече Бартон Крокет, аналитичар во Rosenblatt Securities.
Пад на побарувачката и критики за новиот iPhone
Новите модели, вклучувајќи го и iPhone 16e, кој беше лансиран како попристапна опција со пакет на функции за вештачка интелигенција, исто така би можеле да бидат погодени од овие зголемувања на цените. iPhone 16e, кој моментално чини 599 долари, според проценките на аналитичарите, би можел да поскапи на 856 долари. Другите производи на Apple исто така би можеле да доживеат значително зголемување на цените.
Иако Apple ја подобри функционалноста на своите уреди, аналитичарите забележуваат дека новите функции, како што е Apple Intelligence, која им помага на корисниците да организираат известувања и да пишуваат е-пошта, делумно ги импресионирале корисниците. Експертските прегледи сугерираат дека овие иновации не се доволно привлечни за да ја оправдаат надградбата на понови модели, што може дополнително да ја забави продажбата.
Стагнантна продажба: Што значи тоа за Apple?
И покрај преселувањето на одредено производство во Виетнам и Индија, iPhone-ите сепак главно се произведуваат во Кина, која е погодена од високите царини. Аналитичарите тврдат дека Apple ќе мора да ги зголеми цените за најмалку 30% за да ги надомести увозните давачки.
Остриот скок на цените може негативно да влијае на побарувачката за iPhone уреди, што ги прави помалку конкурентни со уредите од други брендови, како што е Samsung, кој е од Јужна Кореја – земја со пониски тарифи за производи во споредба со Кина.
Можни последици за Apple
Доколку Apple биде принуден да ги зголеми цените во согласност со новите тарифи, аналитичарите предупредуваат дека тоа може да има сериозни финансиски последици за компанијата. Бартон Крокет од Rosenblatt Securities предупредува дека тарифите би можеле да го чинат Apple и до 40 милијарди долари.
„Тешко е да се замисли дека Трамп ќе уништи американска икона како Apple, но ситуацијата е навистина сериозна“, заклучува Крокет.