Connect with us

Економија

Од полноќ ново поскапување на цените на горивата

Published

on

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,95 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 41,705 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,381 отсто, кај дизелот за 1,884, кај екстра лесното масло за 1,987 и кај мазутот за околу 2,396 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7218 отсто.

Економија

МАКЕДОНИЈА ПРИФАЌА И ЦАРИНСКА СТАПКА НУЛА ЗА СТОКИТЕ ОД САД Димитриеска-Кочоска не очекува негативни ефекти врз буџетот од царинската политика на Трамп

Published

on

Министерката смета дека САД направиле грешка со воведувањето царинска стапка за Македонија од 33%, и во однос на висината на царинската стапка од 65%, бидејќи во земјава нема толку висока царинска стапка, освен за одделни земјоделски производи кои не се извезуваат на пазарот во САД.

Министерката за финансии не очекува негативни ефекти од царинската стапка на САД врз македонската економија и буџетот, ниту пак очекува некаква брзи негативни ефекти врз извозот, компаниите и отпуштање на работници.

Според неа, трговската размена со САД е многу ниска и изнесува под 1% од целиот извоз и нема да се почувствува директно влијание.

-Директни ефекти нема да има. Не постои компанија која ќе го зголеми производството преку ноќ за да каже дека нема да увезува репроматеријали поскапи надвор од САД. би прашача сега колку е основано ние дека ќе носиме „Најк“ патики кои се произведени во САД, бидејќи најголемиот дел од нив се прозиведуваат во други земји каде што има евтина работна снага – рече Димитриеска Кочоска.

Таа не очекува ниту големи промени за македонската економија, преку ноќ, и индиректно преку Европската Унија од царините кои ги наметна САД.

– Невозможно е преку ноќ да се случи нешто. Компаниите може да имаат намалено производство, но нема да ги отпуштат вработените на краток рок. Во меѓувреме европските држави ќе се договорат со САД. Во делот на преселба на капиталот нема да има реакција, бидејќи тоа е долг процес, и нема да се случи дека ќе има отпуштање од работа затоа барам да не се крева паника во тој однос– рече Димитриеска- Кочоска.

Таа напомена дека засега има проблем само една компанија која е директно зависна од извозот во САД, но рече дека владата се обидува да ѝ помогне на компанијата.

-Но и таа компанија нема да отпушта работници – рече министерката.

Министерката смета дека САД направиле грешка со воведувањето царинска стапка за Македонија од 33%, и во однос на висината на царинската стапка од 65%, бидејќи во земјава нема толку висока царинска стапка, освен за одделни земјоделски производи кои не се извезуваат на пазарот во САД.

-Цариснките стапки се далеку пониски од 65%. министерството за надворешни работи веќе контактира со администрацијата на САД за да ја појасни состојбата – рече Димитриеска Кочоска.

Таа информира и дека земјава планира да потпише договор за слободна трговија со САД, на што работи Министерството за надворешни работи. Притоа е планирано намалување или сведување на нула на царинските стапки.

-Ќе се види во текот на разговорите за какви царински стапки ќе се разговара, но и царинска стапка од 0% е прифатлива за нас бидејќи нашата трговска размена со САД е под 1% и нема никакво влијание на буџетот – рече Димитриеска Кочоска.

Continue Reading

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 08.04.2025

Published

on

Скопје, 08 април 2025 година – Македонската берза го заврши денешното тргување со вкупен промет од 30.211.214 денари. Индексот МБИ10 забележа пораст од 0,80%, достигнувајќи вредност од 10.117,35 поени.

Динамика на тргување и пазарни движења

Трговскиот ден беше обележан со зголемена активност на официјалниот пазар, при што најголемиот дел од прометот произлезе од акциите на Комерцијална банка и Алкалоид. И покрај стабилноста кај поголемиот дел од хартиите од вредност, одредени компании бележат значителни позитивни или негативни промени во цената на акциите.

Најтргувани акции

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 11.354.620 денари, последна цена 28.499 денари, пораст од 1,99%

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 11.139.200 денари, последна цена 26.770 денари, пораст од 1,07%

● НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – промет од 2.375.020 денари, последна цена 56.700 денари, пораст од 1,46%

Добитници и губитници на денот

Најголеми добитници:

● Шпаркасе банка Македонија АД Скопје (SPB) – пораст од 3,00%, последна цена 4.223 денари

● Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (UNI)– пораст од 2,99%, последна цена 7.158 денари

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пораст од 1,99%, последна цена 28,499.00 денари

Најголеми губитници:

● Макстил АД Скопје (STIL) – пад од -3,98%, последна цена 130,00 денари

● Тетекс АД Тетово (TNB) – пад од -2,96%, последна цена 2.523 денари

● Стопанска банка АД Скопје (STB) – пад од -2,81%, последна цена 2.480 денари

Обврзнички пазар

Индексот ОМБ остана непроменет, задржувајќи се на 124,48 поени. Активноста на обврзничкиот пазар беше речиси целосно отсутна, без регистрирани значајни трансакции освен неколку на државни обврзници по номинални цени.

Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза, а е изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading

Економија

ПАРИ ОД ДРЖАВАТА ЗА СМЕТКИ ЗА СТРУЈА – СИТЕ ШТО ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ДО 19 АПРИЛ!

Published

on

pari

Министерството за енергетика потсетува дека е во тек јавниот повик за субвенции за ранливи потрошувачи на енергија, наменет за домаќинства со деца со попреченост и згрижувачки семејства. Финансиската поддршка изнесува 1.000 денари месечно за покривање дел од трошоците за електрична енергија, во период од 12 месеци.

Рокот за пријавување трае до 19 април, односно 30 дена од денот на објавувањето на повикот. Сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите, треба да аплицираат преку официјалната веб-страница на Министерството за енергетика:

https://www.ea.gov.mk/рок-до-19-април-во-тек-е-пријавувањето-за

За дополнителни информации, отворен е и посебен контакт-маил:

ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк