Connect with us

Скопје

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ова се деталите

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (02.04.2025) со почеток во 12.05 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Трасата на движење ќе започне пред Работнички дом (зграда на ССМ) на ул. „Мирче Ацев“ кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ во продолжение по ул. „Димитрија Чупувски“ до седиштето на Стопанска комора, десно по бул. „Васил Главинов“ до бул. „Илинден“ пред Влада на РСМ.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје

Не престануваат јавувањата за лажните сообраќајки, 77-годишен маж измамен со 1.300 евра

Published

on

На 7 април 2025 година, во 14:45 часот, во СВР Скопје бил пријавен случај на измама во кој 77-годишен жител на скопско село бил оштетен за сума од 1.300 евра.

Како што пријавил оштетениот, непознато машко лице му се јавило телефонски и го убедило дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која наводно прегазила неколку лица. Мошне вознемирен од тврдењата, човекот бил убеден дека доколку не уплати одредена сума, неговата ќерка ќе заврши во затвор.

Поверувајќи во кажаното, тој ги подигнал парите и ги оставил на однапред договорено место, како што му било сугерирано од страна на измамникот. Подоцна, откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека сè било лажна приказна и дека станува збор за класична измама.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

Continue Reading

Скопје

Подгответе се за гужви: Посебен режим на сообраќај во Скопје од среда до петок, ова се деталите

Published

on

Посебен режим на сообраќај во Скопје.

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Р. Северна Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Р. Словенија.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Ганиу: Започна реконструкцијата на улицата „Неџат Аголи“ во Чаир – нова канализациска и водоводна мрежа за над 50 домаќинства

Published

on

На улицата „Неџат Аголи“ во општина Чаир започнаа градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа, откако претходно беше завршена инсталацијата на новата фекална канализација. Во моментов се изведува стружење на постоечкиот асфалт, што претставува подготовка за следната фаза од проектот.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денеска на терен одблиску го следеше текот на работите и истакна дека проектот има големо значење за жителите на оваа населба, бидејќи ќе обезбеди функционален канализациски систем и стабилно снабдување со вода за пиење за повеќе од 50 домаќинства.

По завршувањето на сите подземни работи, ќе следува финално асфалтирање на улицата.

Оваа инвестиција е дел од пошироката програма на Општина Чаир за модернизација на јавната инфраструктура и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Ганиу посочи дека Чаир секојдневно се менува преку реализација на конкретни проекти и одговорна институционална работа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк