Connect with us

Економија

ОД СЕПТЕМВРИ ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ СПОРЕД СТАРАТА МЕТОДОЛОГИЈА Собранието донесе измени на Законот за пензиско осигурување

Published

on

Системската одредба на член 37 за усогласување на пензиите во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година беше донесена за да се реализира линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари и тоа 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година.

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидското осигурување со кои се става вон сила зголемувањето на пензиите со фиксен износ и од септември годинава се враќа старата методологија на пресметување на порастот на пензиите, односно според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%.

Системската одредба на член 37 за усогласување на пензиите во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година беше донесена за да се реализира линеарното зголемување на пензиите од 5.000 денари и тоа 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година.

Со измените се  уредува и еден од условите за именување на директорот, односно заменик директорот на Фондот, кој се однесува на поседување на уверение, сертификат и/или потврда со кои се докажува познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија.

Пратеничката на СДСМ Јованка Тренчевска забележа дека примателите на пензии кои го стекнале правото на пензија во државата, но пензијата им се исплаќа во друга држава се исклучуваат од можноста за усогласување на пензиите.

– Пензионери кои оствариле такво право се 9.981 лице и уште 2.000 кои во моментот се исклучени поради доставувањето потврда за живот. Вкупно околу 12.000. Најголем дел од нив, односно 5.737 лица се од Србија , во Косово има околу 1.000, а останатите се во други 30 држави. На сите заедничко им е што работеле во Македонија, плаќале придонеси и го оствариле правото на пензија во земјава. Тоа се лица кои согласно ратификуваните меѓународни договори оствариле право на пензија со збир на стаж во двете договорни страни односно во Македонија и земјата со која имаме потпишано договор за социјално осигурување и каде што им се исплаќаат пензиите –  истакна Тренчевска.

Со измените, нагласи таа, им се скратува можност за усогласување на пензиите не само сега во март, тука засекогаш.

– Се бришат како да не постојат од правото за усогласување на пензиите, а со тоа и нивниот раст. Ќе останат се додека ја примаат пензијата со вредноста која во овој момент ја добивале – рече Тренчевска.

Со измените забележа дека им се дава можност на државите со кои имаме потпишано договори за социјално осигурување истото да го направат и за наши граѓани кои работеле во некоја од нив, а своите пензионерски денови решиле да ги поминат, да се вратат во Македонија.

– Македонија има потпишано и ратификувано договори за социјално осигурување со сите земји во кои се исплаќаат пензиите на овие 12.000 граѓани. И во најголем дел од нив постои одредба со која се овозможува еднаков третман на граѓаните во двете земји на договорните страни, односно и дека при примената на правните прописи на една договорна страна ќе бидат изедначени државјаните од друга договорна страна, кои остваруваат одредено право согласно договорот, особено се истакнува во делот на пензиите – рече Тренчевска.

Пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Ангелинка Петкова во реплика нагласи дека со измените се покачуваат пензиите на пензионерите за 2.500 денари и оти тоа е второ покачување од септември минатата година. Таа подвлече дека тоа што го ветувале и го исполнувале навраќајќи се на проектите реализирани во претходниот мандат на ВМРО – ДПМНЕ.

– А вие им ги намаливте пензиите. Пензиите беа под нивото на социјална помош. Од вкупно 320.000 пензионери, 170.000 имаа пензија под просечната, еднаква на социјална помош. 89.000 земаа пензија под 9.000 денари, затоа ви се случија протестите, пензионерите беа незадоволни – рече Петкова.

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 11.04.2025

Published

on

Скопје, 11 април 2025 година – Македонската берза денес го заврши тргувањето со вкупен промет од 25.704.729 денари. Индексот МБИ10 забележа раст од 0,48%, достигнувајќи ниво од 10.361,90 поени.

Динамика на тргување и пазарни движења

Трговскиот ден беше стабилен со позитивни придвижувања кај неколку поголеми компании, меѓу кои најзабележлив раст имаше кај Макпетрол и Тетекс. Позитивниот тренд на индексот МБИ10 главно беше поттикнат од овие добивки, додека некои акции како Макстил и НЛБ Банка забележаа благи корекции. Обврзничкиот пазар остана непроменет.

Најтргувани акции

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 14.920.710 денари, последна цена 28.800 денари, промена -0,01%

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 3.167.860 денари, последна цена 27.500 денари, пораст од 0,33%

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – промет од 1.779.350 денари, последна цена 104.999 денари, пораст од 2,62%

Најголеми добитници

1. Тетекс АД Тетово (TNB) – пораст од 3,06%, последна цена 2.523 денари

2. Макпетрол АД Скопје (MPT) – пораст од 2,62%, последна цена 104.999 денари

3. Стопанска банка Битола (STBB) – пораст од 1,52%, последна цена 3.350 денари

Најголеми губитници

1. Макстил АД Скопје (STIL) – пад од -1,81%, последна цена 130 денари

2. Македонијатурист АД Скопје (MKT) – пад од -0,55%, последна цена 10.800 денари

3. НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – пад од -0,32%, последна цена 58.299 денари

Обврзнички пазар

Индексот ОМБ остана непроменет, задржувајќи се на нивото од 124,81 поен. Не беа регистрирани нови трансакции со државни, структурни или корпоративни обврзници.

Берзата денес забележа умерен раст, воден од позитивните резултати кај компании како Макпетрол и Тетекс. Пазарот беше стабилен, со благо зголемен интерес за тргување и благо подобрување на инвеститорската доверба, рефлектирана преку растот на индексот МБИ10. Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза, а е изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading

Економија

Емисионите вредности од Макстил во првиот квартал се исклучително ниски

Published

on

(Скопје, 11.04.2025) – Вредностите на емисиите на цврсти честички од Макстил во првиот квартал од 2025 година покажуваат минимални вредности кои и во двете мерни точки се на скалата под еден, во однос на пропишаните европски гранични вредности кои изнесуваат 20, односно 30 милиграми на метар кубен. 

 

Овие резултати се директен показател на ефектот од континуираните инвестиции на Макстил во модерни и ефикасни технолошки решенија за контрола на процесите и намалување на влијанието врз животната средина. 

 

Во периодот од јануари до март 2025 година, според мерењата на двете мерни точки, емисиите на цврсти честички се дури 100 пати пониски од оние што се пропишани како гранично дозволени од Министерството за животна средина и просторно планирање, а дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола, како и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

 

Со ова Макстил уште еднаш го потврдува својот стратешки фокус на еколошката компонента во индустриското работење, придонесувајќи за подобар квалитет на воздухот во Скопје и пошироко.

 

На мерната точка Оџак од филтер постројка каде граничната вредност е 20 милиграми на метар кубен, најниската вредност во првите три месеци од 2025 година била измерена во месец јануари и изнесува 0 милиграми на метар кубен, кога погонот Челичарница на работел, а највисоката во месец февруари изнесува 0,73 милиграми на метар кубен (mg/Nm3). Мерењата од јануари до март 2025 година на мерна точка Оџак од пескара, исто така покажуваат исклучително ниски вредности на емисии. 

 

Макстил и во иднина ќе продолжи да инвестира во зачувување на квалитетот на амбиенталниот воздух, со што ќе се овозможи одржливо производство што ги задоволува највисоките еколошки стандарди.

Continue Reading

Економија

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Ново огромно поевтинување на горивата, ќе возиме по најниски цени во изминатите две години!

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати за 2,40% во споредба со одлуката од 10. април 2025 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се намали за 2,50 ден/литар. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе падне за 2,00 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС останува непроменета.

Со почеток од 12. април 2025 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 71,50 ден/литар

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 74,00 ден/литар

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 64,50 ден/литар

Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 64,50 ден/литар

Мазут М-1 НС: 37,708 ден/килограм

На глобалниот пазар, референтните цени на нафтените деривати во споредба со претходната пресметка се намалени: бензинот е поевтин за 5,777%, дизелот за 5,057%, екстра лесното масло за 5,078%, додека мазутот има намалување од 1,745%. Во исто време, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,4851% во споредба со периодот кога беа формирани претходните цени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк