Connect with us

Република

Поради висок водостој затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино Село

Published

on

Сообраќајот на регионалниот патен правец Р1312 кај мостот на реката Вардар во близина на Башино Село ќе биде привремено затворен за сите видови возила поради висок водостој на реката, известува ЈП „Македонијапат“.

Водостојот на поголемиот дел од реките е зголемен во споредба со просекот за април. Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) направени утрово во 07:30 часот, забележано е покачување на нивото на Вардар кај Јегуновце, Скопје Железнички мост, Лепенец, Велес и Демир Капија.

УХМР исто така регистрира зголемен водостој и на реките Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Берово и Штип, како и Црна Река кај Новаци.

Република

Илиевски: Од огромно значење е поддршката на Владата за општините, се решаваат децениски проблеми во Брвеница

Published

on

На синоќешното емитување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува со Вашиот градоначалник“, гостуваше градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски. Тој зборуваше за она што го наследиле, но и за успехот да ја стабилизираат општината, односно таа да биде без долгови.

-Наследивме општина со долгови, наследивме општина без проекти со лоша инфраструктура, училишни објекти во лоша состојба. Успеавме да ја доведеме општината на здрави нозе, во моментов немаме долгови, проектите коишто ги започнавме се со наши средства, истакна Илиевски.

Во однос на проектите кои биле реализирани до сега, Илиевски се осврна на образованието, културата, спортот и примарната и секундарната инфраструктура.

„Завршивме преку 20 улици во вредност од 90 милиони денари, канализациона и водоводна мрежа имаме над 10 илјади метри низ нашата општина. Во делот на образованието направивме реконструкција на 8 училишта, ја реконструиравме салата во село Брвеница, реконструкција и на фудбалскиот терен. До крајот на мандатот имаме за цел да нема улица без асфалт“, потенцираше Илиевски.

Градоначалникот изрази голема благодарност до Владата која ги помага финансиски општините. Како што рече тој, за општини како што е Брвеница оваа помош е од огромно значење.

-За нас и помалите општини, оваа помош од Владата е од огромно значење. Децениските прашања кои не се решени во нашите помали општини, со овие проекти ги решаваме. Околу 50% од инфраструктурните проекти ги решаваме со помош на Владата. Повторно потенцирам, од огромно значење е овој проект. Фекална канализација, водовод, инфраструктура, еве и спортската сала, проширување на градинките се решаваат со овој повик, дециден беше Илиевски.

Илиевски истакна дека општина Брвеница има аплицирано со 6 проекти со вредност од 40 милиони денари, додека во вториот повик аплицираат со 9 проекти во вредност од 113 милиони денари. Тој заклучи дека Брвеница се развива подеднакво на секое поле.

Continue Reading

Република

Карапетров: Нови спортски терени во Тетово – ветено, исполнето

Published

on

Советникот во Општина Тетово, Ангел Карапетров, денеска ја означи официјалната употреба на новите спортски терени во состав на ОСМУ „Никола Штејн“, кои ќе бидат достапни за младите спортисти од Тетово и поширокиот регион.

Спортскиот центар, кој претставува значајна инвестиција во младинскиот и спортскиот развој, вклучува:

• фудбалско игралиште со вештачка трева,

• терен за одбојка, исто така со вештачка подлога,

• кошаркарско игралиште со полипропиленски под изработен според стандардите на ФИБА,

• трибини со капацитет од околу 300 гледачи.

„Ова е уште еден доказ дека кога ќе ветиме – ние и исполнуваме. Голема благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и визијата,“ изјави Карапетров.

Новите терени ќе придонесат за поголема активност кај младите и ќе овозможат одржување на натпревари и спортски настани на повисоко ниво.

Continue Reading

Република

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ДОСТАВА НА БАРАЊА ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

Published

on

Поради снегот и ниските температури кои ја зафатија Општина Битола во периодот од 05.04.2025 до 08.04.2025 година и предизвикаа штети кај овошките и другите земјоделски култури, се повикуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општина Битола.

Барањето може да се преземе од следниот линк https://www.bitola.gov.mk/nadomest-na-steti/

Во прилог на барањето потребно е да се достави:

-имотен лист/доказ за сопственост
-фотографии од претрпената штета

  • копија од лична карта
    -број на трансакциска сметка

Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.

Барањата можат да се доставуваат од понеделник 14.04.2025 до среда 23.04.2025 од 09.00 до 15.00 часот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк