Connect with us

Црна Хроника

Потресни сведоштва: Палчо ги бришел трагите со WD-40!

Published

on

Кешишев рече дека ги познавал оштетените Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, дека 4 дена со Велибор ја копале дупката во Рудник, дека не знае што имало во ранецот на Палчо и дека во штабот дознал дека Панче е убиен.

Адвокатот Игор Ефремов го испрашуваше неговиот клиент, обвинетиот Влатко Кешишев, за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија во номеври 2023 година.

Кешишев рече дека се познава со сите обвинети, освен со таткото Александар Ѓорчевски, за кого рече дека првпат го видел во судница. Палчо го запознал на протест во Скопје, а подобро се запознале во Опера хаус. Таму ги запознал и Велибор Манев и Боре Видевски.

Кешишев од октомври 2021 година почнал да работам во партијата Трета, во седиштето во Опера Хаус. Тогаш се вратил во Македонија од странство.

– Требаше таму да готвам. Имаше школо од карши, ставиме шанк и од таму во школото испорачувавме пици и сендвичи. Се очекуваше локдаун, но немаше локдаун и јас останав таму, да готвам за Палчо и за некои гости ако дојдат – рече Кешишев.

– Кои ви беа обврските во партијата и кој ви ги даваше? – праша адвокатот Игор Ефремов.

– Да готвам и да ги дочекувам посетителите со кафе и со вода кои доаѓаат да даваат потписи и поддршка на движењето. Само што се вратив од Хрватска, после 10 дена отидов во Опера хаус. Не примав плата, и не се жалам, оти тоа беше акција за да се формира партијата – рече Кешишев.

Тој рече дека имал понуди за работа и на други места во Македонија, го викале и во Хрватска, оти имал оставено добар впечаток. Но, тој сакал да помогне за партијата и не отишол никаде да работи.

Адвокатот го праша дали ги познавал оштетените Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

– Не. Ги видов на Фејсбук, дотогаш ги немав видено. Панче го видов на Фејсбук, а и детето го видов откако сѐ се заврши. Кога се вратив во партијата отворив Фејсбук и видов дека детето се бара – рече Кешишев.

– Дали имаш учествувано во копање дупка во близина на Велес и кога? – праша адвокатот Ефремов.

– Да. Тоа беше во 2022 година, во една недела дојде Велибор во работно одело. Бевме само јас и Палчо, оти во недела навечер се спрема емисија. Тогаш Палчо ми кажа да отидам да му помогнам на Вељо, а не ми објаснија што е работата. Само ми кажа да помогнам. Јас го послушав и отидовме со „мерцедесот“ на Вељо до тоа место Рудник, по црниот пат, од кај Катланово. Кога стигнавме таму Вељо извади копачи и лопата и тргнав со него. Влеговме во грмушки, затскриено место и таму Вељо обележа еден круг и почна да копа. Цело време ништо не зборувавме. Тој копаше, јас ја исфрлав земјата надвор. Во прво време помислив дека бараме злато, бидејќи не ми беше кажано ништо. Копавме до одредена далечина, се спакувавме и се вративме назад, без зборови. Тоа се случваше во недела, бидејќи Вељо тогаш е слободен. Пак со Вељо отидовме следната недела на истото место и продолживме да копаме. Пак молчевме, јас мислев дека се работи за злато. Копавме до одредена длабочина и се вративме назад во штабот. Не разговаравме ништо. Следниот пат кога отидовме, исто во недела, јас и Вељо влеговме подлабоко во дупката. Тогаш Вељо ми рече дека за ова не треба никој да знае, може и глави да летаат. Затоа што дупката била замислена за намена за киднапирање на лица. После се вративме во штабот и Велибор му кажа на Палчо до која длабочина сме дошле. Потоа ја довршивме дупката од четврти пат. Ја ископавме до замислената длабочина. Велибор стави капак со даски одозгора, да ја покрие. Се вративме назад во штабот и Велибор му кажа на Палевски дека сѐ е во ред и дека има доволно длабочина – објаси Кешишев.

– Дали ставивте нешто во дупката или стоеше празна? – праша Ефремов.

– Мислам дека Вељо беше направи анкер со алка – рече Кешишев.

– Колку време стоеше ископана дупката? – праша Ефремов.

– Од 2022 година до настанот со Панче – рече Кешишев.

Адвокатот го праша Кешишев дали присуствувал на разговори помеѓу сообвинетите на теми поврзани со партиски активности.

– Јас и Палчо бевме заедно цело време и слушав разговори на таа тема за грабнување. Ги слушав и мислев дека имаат сериозна намера. Долго време помина и ништо не се слушуваше. Јас го сфатив тоа како желба, како фантазија. Во 2023 година требаше пак да одам во Хрватска да работам. Бевме јас Палчо и уште еден член, му реков дека ме бараат да одам, тој ми рече дека не може, оти му требам. Бидејќи јас се грижев за него, а во Кисела Вода тој го донесе кучето, па се грижев и за неа. И така немаше адекватна замена за мене. Го послушав и продолжив да работам во штабот. Во тоа време собиравме декларации за црквата и имаше многу луѓе што доаѓаа и стари и млади – рече Кешишев.

– Кој беше инцијатор на разговори за тема грабнување и лолку често се одвиваа такви разговори? – праша адвокатот Ефремов.

– Не знам кој беше иницијатор, но тој момент во разговорите го почнуваше Вељо – рече Кешишев.

Тој рече дека знае каде живее Велибор Манев и дека има одено кај него дома.

– Со Палчо имам одено два или три пати. Првиот пат за централниот комитет во Велес, потоа на неговата слава, а последен пат за случката со Панче – рече Кешишев.

– Дали на 22.11.2023 година си бил кај Велибор Манев? – праша адвокатот.

– Не помнам дати. Таа вечер бев со Палчо, бевме во гаражата – рече Кешишев.

– На снимките од дворот на Манев се гледа дека доаѓате со „рено кангу“ и од совозачкото место вадите ранец. Може ли да го опишете ранецот, по боја и дизајн и што имаше во него? – побара адвокатот.

– Темно син, тегет. Не сум го отворал и не знам што има внатре. На Палчо беше и тој си го носеше, а јас не сум љубопитен да чепкам по туѓи работи. Палчо го носеше, го стави на совозачкото место кај нозете, каде што седев јас – рече Кешишев.

– Кој ви побара да го извадите ранецот од возилото? – праша Ефремов.

– Палчо. Претходно извадив и хартиена кеса и во неа се гледаа токи воки, мотороли – рече Кешишев.

– Каде ги однесовте ранецот и кесата со моторолите? – праша адвокатот.

Целиот текст на ПлусИнфо

Црна Хроника

Претрес во фабрика за медицински канабис: Приведени сопственикот и вработен поради неправилности

Published

on

На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина.

Претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во с.Горно Седларце, тетовско и притоа биле утврдени низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар.

Исто така, беше утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација.

По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот А.К. и вработениот Џ.И се лишени од слобода. По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар.

Continue Reading

Црна Хроника

Семејна драма во Тетовско: Зет упаднал во куќа и почнала жестока тепачка!

Published

on

policija

На 10.04.2025 во 12.00 часот во Полициското одделение Теарце, 43 – годишник од тетовско село пријавил дека околу 11.30 часот во неговата семејна куќа дошол неговиот зет за ќерка, Е.И. од Тетово, со која имал нарушени односи, и по кратка расправија  настанала физичка пресметка меѓу нив. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Инцидент на работно место во Тетово – жена пријавила закани и агресија, полицијата постапува

Published

on

policija tetovo

На 10.04.2025 во 16.20 часот во СВР Тетово, А.С.(42) од с.Брвеница, тетовско, пријавила дека на работното место во една брза пошта во Тетово, В.А. од Тетово агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк