Connect with us

Црна Хроника

Разбиена вратата на манастирот „Св. Ѓорѓи” во селото Тркање-Кочани

Published

on

Ноќеска е разбиена и оштетена вратата на манастирот „Св. Ѓорѓи” во селото Тркање.

Одземени се само околу 400 денари.
Додека сите ние се трудиме за поубав и посреден верски објект на некој му има дојдено до неколку ситни пари, се вели во објавта на профилот на селото Тркање.

Црна Хроника

Инцидент на работно место во Тетово – жена пријавила закани и агресија, полицијата постапува

Published

on

policija tetovo

На 10.04.2025 во 16.20 часот во СВР Тетово, А.С.(42) од с.Брвеница, тетовско, пријавила дека на работното место во една брза пошта во Тетово, В.А. од Тетово агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Црна Хроника

Светот во тага и неверување: Почина една од најпознатите манекенки од Балканот на само 27 годишна возраст

Published

on

Светот на модата се простува од Луси Марковиќ, хрватско-австралиска манекенка која починала на 27-годишна возраст по долга и тешка борба со болест.

Луси ја изгубила битката после серија процедури за лечење артериовенската малформација (АВМ) во мозокот, состојба која предизвикува ненормално формирани крвни садови кои можат да пукнат и оштетат мозочното ткиво.

Нејзината партнерка Каро напишала на Инстаграм: „Бевме со неа кога замина, нека почива во мир.“

По веста за нејзината смрт, агенцијата Elite Model Management оддаде почит, нарекувајќи ја „блескава ѕвезда“ со „извонреден хумор“. „Насмевката и смеата на Луси можеа да осветлат соба. Моделингот беше едно од нејзините соништа и чест ни беше да бидеме дел од нејзиното патување“, се наведува во соопштението.

Донатела Версаче се првата која се простила од Луси на Инстаграм, напишувајќи: „Ужасно ми е жал поради Луси Марковиќ. Почивај во мир, убава девојка.“

Continue Reading

Црна Хроника

Вработена во МВР фатена во сериозен скандал – заработи кривична пријава

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик. Пријавената М.П. – референт за управни работи во Одделение за управни работи Куманово, на 20.12.2024 извршила продолжување на регистрација на приколка „тирсан“ и  на патничко возило „шеворлет калос“ и покрај тоа што не биле исполнети законски пропишаните предуслови за продолжување на регистрацијата, односно двете возила немале поминато технички преглед. Исто така, на 27.12.2024 пријавената извршила продолжување на важноста  на регистрацијата на патничко возило „опел корса“ и покрај тоа што подносителот на барањето не приложил важечка лична карта, односно приложил истечена лична карта, што е и еден од условите за регистрација на возило. Продолжувањето на регистрацијата, М.П. го извршила во периодот кога користела боледување. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапката. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк