Connect with us

Балкан

Гласање за недоверба во Бугарија – пресуден тест за владата на Жељасков

Published

on

Бугарските пратеници денеска во 13:45 часот ќе гласаат за првиот предлог за недоверба на владата на премиерот Росен Жељасков. Ова го најави претседавачот на пленарната седница, Драгомир Стојнев, откако вчера завршија четиричасовните дебати по ова прашање, јави БТА.

Предлогот за недоверба, поднесен на 26 март, е иницијатива на партијата „Преродба” и е поддржан од „Морал, единство, чест” (МЕЧ) и “Величина”. Според иницијаторите, Владата на Жељазков доживеала неуспех во областа на надворешната политика.

Кабинетот на Жељазков ја презеде власта на 16 јануари оваа година. 

Балкан

Застрашувачко предупредување: Грчките сеизмолози предупредуваат на потенцијален смртоносен земјотрес?

Published

on

Страв од катастрофален земјотрес и во Грција по серијата потреси во Истанбул

По разорниот земјотрес кој во средата ја погоди Турција, стравот се шири и во соседна Грција, каде што сеизмолозите предупредуваат на можен силен земјотрес со магнитуда до осум степени според Рихтер.

Истанбул, еден од најголемите градови во Турција, вчера беше погоден од три силни земјотреси. Првиот и најсилен бил со јачина од 6,2 степени, а потоа следеле уште два со јачина од 5,0 и 5,3 степени. По нив се регистрирани десетици последователни потреси.

Ситуацијата предизвикува дополнителен страв кај жителите, особено по катастрофалниот земјотрес од 2023 година кој ги погоди југозападна Турција и Сирија, при што загинаа повеќе од 55.000 луѓе.

„Луѓето кои живеат во Истанбул се свесни дека се очекува т.н. ‘мегаземјотрес’. Сите се прашуваат дали овие потреси се најава за нешто поголемо“, изјави една загрижена жителка на Истанбул.

Загриженоста не застанува на границите на Турција. И Грција, која се наоѓа на исто така активни тектонски плочи, се соочува со закани од слична природа. Само во февруари оваа година, островот Санторини беше погоден од серија силни потреси, а сеизмолошките мерења регистрирале десетици илјади тресења на тлото.

Грчките сеизмолози укажуваат дека последниот турски земјотрес се случил на Северноанадолскиот расед – активна тектонска линија која се протега преку северниот Егеј и се движи кон запад.

Професорот и сеизмолог Костас Синолакис предупреди дека Грција би можела да биде погодена од земјотрес со јачина до 8 степени според Рихтер.

„Не мислам дека овој земјотрес ќе ги активира тектонските структури во Грција. Сепак, не треба веднаш да паничиме“, рече тој, додавајќи дека постои можност за посилен последователен потрес.

Синолакис истакна дека веќе 20 години се очекува разорен земјотрес со јачина од најмалку 7,5 степени во регионот на Истанбул. Тој повтори и едно од своите претходни, вознемирувачки предвидувања:

„Според проценките, најсилниот земјотрес што би можел да се случи во Грција би бил со магнитуда од 8 степени, особено во делот на грчките пристаништа“, изјави тој.

„Би сакал да можеме да знаеме кога точно ќе се случи, но тоа не е можно. Не постои начин со сигурност да се предвиди времето на еден ваков земјотрес“, додаде Синолакис во одговор на новинарско прашање.

Continue Reading

Балкан

Алармантно во Истанбул забележани 127 потреси после јакиот земјотрес, повредени 236 лица

Published

on

zemjotres

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди во средата Истанбул. Најмалку 236 лица се повредени, соопштија официјални лица.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Силиври во Истанбул, соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Земјотресот беше почувствуван низ Истанбул, дом на повеќе од 15 милиони луѓе, и во соседните провинции, поради што жителите во страв бегаат од зградите, јавува Анадолија.

Земјотресот се случил на длабочина од речиси седум километри и траел 13 секунди, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Кабинетот на гувернерот додаде дека 236 лица се повредени откако скокнале од височина поради паника.

Тие се хоспитализирани, но ничиј живот не е во опасност.

Од 17 часот и 55 минути до денес се забележани 127 последователни потреси, од кои најголемиот бил со јачина од 5,9 степени – изјави Јерликаја.

Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мурат Курум рече дека „досега се примени вкупно 378 пријави за структурни оштетувања врз основа на доверливи барања доставени до линијата за итни случаи“.

Нашите тимови од Покраинскиот директорат за животна средина, урбанизација и климатски промени ги идентификуваа барањата за евакуација за девет куќи – додаде тој.

АФАД соопшти дека по проценката на извештаите добиени од Ургентниот центар 112, засега нема извештаи за жртви или материјални штети.

Агенцијата соопшти дека се мобилизирани сите релевантни институции и тимови за одговор, а во тек е скенирање на теренот за проценка на потенцијалните штети и обезбедување јавна безбедност.

Continue Reading

Балкан

Додик по обидот за апсење: Законите на БиХ повеќе нема да се спроведуваат во Р. Српска

Published

on

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по денешниот обид за негово приведување излезе со остри изјави, нагласувајќи дека законите на Босна и Херцеговина повеќе нема да се применуваат на територијата на Република Српска, пренесе ХРТ.

Додик порача дека не се плаши од апсење и остро ги критикуваше Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) и Судот на БиХ, нарекувајќи ги „окупаторска сила“ која, како што рече, нема да дозволи да делува во РС. „Ако мислат дека полицијата на Република Српска ќе се повлече, се лажат“, изјави Додик, додавајќи дека се чувствува доволно заштитен.

Тој истакна дека дојдено е време да се покаже кој навистина ги крши законите, а до инспекторите на СИПА упати порака дека „дури сега ќе видат што не можат да направат“.

Во своите изјави, Додик не застана тука – директно се закани и на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, велејќи дека „сега ќе види како се приведува некој за лажно претставување“, обвинувајќи го Шмит за „криминално и фашистичко однесување“.

Претседателот на ентитетот дополнително алармираше со тврдења дека Шмит подготвува закон кој се однесува на статусот на државната сопственост во БиХ. Според Додик, ако таков закон навистина се донесе, Република Српска веднаш ќе прогласи отцепување од БиХ.

„Ќе се одделиме и ќе го браниме нашиот имот“, рече тој, повторувајќи ја реториката за самостојност на ентитетот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк