Connect with us

Македонија

ПРЕЖИВЕАВ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЈОВАН: Јелена се врати од лекување во Шпанија (ВИДЕО)

Published

on

Јелена Арменска, која се врати од лекување во Шпанија, раскажа за страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа му се заблагодари на својот другар Јован Костадинов, кој, меѓу другото, спасил 21 лице. Патувањето на Јелена во Шпанија беше овозможено благодарение на Благој Механџиски Зегин, кој заедно со Јелена и Јован дадоа изјава за порталот Делчево365.

Јелена вели дека кобната ноќ сите биле на штрек и максимално се труделе да помогнат во спасувањето на луѓето кога избил пожарот.

„Хероите, пожарникарите, обезбедувањето и полицајците максимално се трудеа да ги извадат луѓето од дискотеката. Во првите 10 минути бев свесна, но потоа изгубив свест. Преживеав благодарение на мојот другар Јован. Се лекував на Токсикологија, потоа на Карил и на крајот во клиниката „Ла Пас“ во Мадрид. Таму бев една недела, беше страшно. Имаше повредени на кои им беа направени операции за пластична хирургија. За среќа, имаше господ, јас и моите две другарки сме живи и здрави, се спасивме“, вели Јелена.

Јован Костадинов, пак, опиша како ги спасувал луѓето. Тој истакнува дека било среќна околност што му текнало да ја намокри маицата при спасувањето.

„Тоа беше многу лошо, полошо од хорор филм. Нема да го заборавам до крајот на животот. Првите 5-10 минути не знаев што се случува, мислев дека е тепачка, но кога започна да излегува густ црн чад и сите почнаа да пискаат и да плачат, ми стана јасно дека нешто внатре се запалило. Внатре имаше и други луѓе, други херои кои помагаа. Не бев сам додека ги вадев луѓето од дискотеката. Со помош на другите извадивме доста онесвестени лица. Среќа што ми текна да си ја намокрам маицата, тоа доста ми помогна во густиот чад“, вели Јован.

Тие двaјца истакнуваат дека иако било страшно и страшно, благодарение на храброста и помошта од сите присутни, многумина биле спасени.

Јован се занимава со мотокрос и учи во четврта година во училиштето „Ванчо Прке“ во Виница. Тој вели дека сака да го продолжи образованието во транспорт и шпедиција. За тоа како собрал храброст да ги спаси луѓето тој кратко вели:

– Во дадениот момент си под голем адреналин и не размислуваш дека можеш да го загубиш животот, гледаш само да помогнеш, рече тој.

Македонија

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Невреме од ниво 3 и се заканува на Македонија, еве за кои делови од земјава важи тоа

Published

on

Д-р Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки, предупредува дека денес постои зголемен ризик од невреме (Ниво 3) во Македонија.

Д-р Владо Спиридонов на својот фејсбук профил објави дека во текот на денешниот ден, Југоисточна Европа и Македонија ќе останат под влијание на нестабилна синоптичка ситуација – пространа долина со намален притисок на висина и прилив на поладен воздух над северозападниот дел од Апенинскиот Полуостров.

“Околу пладне се очекува формирање на два изолирани центри со низок притисок – едниот ќе се движи кон Јонското Море, а другиот кон југозападниот дел од Црното Море. Ова ќе придонесе за засилена атмосферска дестабилизација.

Попладне се очекува развој на влажен фронтален бран проследен со појава на нестабилности и развој на грмотевични облаци. Врнежите прво ќе го зафатат источниот дел од земјата, а потоа ќе се прошируваат кон централниот регион.

Најобилни врнежи и потенцијално неповолни временски појави се очекуваат во источните и централните делови од Македонија – особено во Велешкиот регион, каде системот NOTHAS веќе има означено Ниво 3: Зголемен ризик од невреме.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни, особено попладне и во вечерните часови. Следете ги официјалните информации и бидете подготвени доколку условите се влошат.”, стои во објавата на Д-р Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки.

Continue Reading

Македонија

[ВИДЕО] Ден по Велигден ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“

Published

on

Во атарот на село Обршани, Oпштина Кривогаштани во средата навечер ограбен е манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, објави Сител.

Информацијата ја споделија со јавноста преку видео од безбедностите камери на манастирот.

Настанот се случил ден по Велигденските празници.

– Во текот (23.04.2025 година) на ноќта манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, објавија на официјалната фејсбук страна од црквата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Извор: СИТЕЛ

Continue Reading

Македонија

Богојески го отпушти советникот на Заев

Published

on

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, му дал отказ на Ѓорѓи Тасев, поранешен советник за млади на премиерот Зоран Заев.

Информацијата беше потврдена од свиркач во институцијата, а Богојески, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека „престанала потребата од работен ангажман на г. Тасев“ во Агенцијата.

Од Националната агенција потврдија дека е прекинат работниот однос со неколку надворешни соработници, со образложение дека повеќе не постои потреба за нивно ангажирање на позициите согласно договорите.

„Агенцијата ќе продолжи да се придржува кон принципите на професионалност, транспарентност и ефикасност во своето работење“, соопштија од институцијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк