Connect with us

Свет

Трамп доби уште еден “нож во грб”: Неговите најблиски сојузници денес му го свртеа грбот

Published

on

Британскиот министер за бизнис и трговија, Џонатан Рејнолдс, изјави дека САД се „најблискиот сојузник“ на Велика Британија, но дека британската влада е подготвена за „сите опции“ како одговор на новите царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ние секогаш ќе дејствуваме во најдобар интерес на британските компании и потрошувачи. Затоа во последните неколку недели целосно сме се фокусирале на преговорите за економски договор со САД, кој ќе го зајакне нашиот постојан фер и балансиран трговски однос“, изјави Рејнолдс во соопштение по едносчасовниот говор на претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата, кој се однесуваше на новите царини, пренесува Скај њуз.

Тој нагласи дека британската влада останува посветена на постигнување договор кој ќе ги ублажи последиците од новите царини. Меѓутоа, додаде дека „ништо не е исклучено“ и дека владата ќе направи сè што е потребно за да ги заштити националните интереси.

Според вчера објавената листа на нови американски царини, Трамп одлучи да воведе царинска тарифа од 10% на производите што САД ги увезуваат од Велика Британија, што предизвика загриженост меѓу политичките лидери во Велика Британија, пишуваат медиумите.

Лидерот на либерално-демократската партија, Ед Дејви, го нарече потегот на Трамп „деструктивна трговска војна“ и повика на британската влада да му се спротивстави на „Трамповите обиди за разделување и владеење“.

Тој предложи Лондон да формира коалиција со земјите од Комонвелтот и Европа за заеднички одговор на американските тарифи, вклучувајќи и можни контрамерки.

Според процените на британската компанија „Capital Economics“, царините од 10% би можеле да го намалат британскиот БДП меѓу 0,01 и 0,06%. Исто така, САД воведоа и царина од 25% на увозот на автомобили од целиот свет, што би можело да има дополнителни економски последици за британскиот автомобилски сектор, наведуваат стручњаците.

Свет

Трамп: Русија е подготвена за мир, но Украина не е

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија е подготвена да потпише мировен договор, но дека убедувањето на Украина да се согласи на договорот „е потешко отколку што очекувал“, јавува Анадолу.

„Мислам дека имаме договор со Русија. Треба да постигнеме договор со Зеленски и се надевам дека ќе успееме. Мислев дека ќе биде полесно да се постигне договор со Зеленски. Досега тоа беше потешко. Но добро, тоа е во ред“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека верува оти постои „договор од двете страни“ и изрази надеж дека ќе се реализира.

„Сакам да спасам животи. Трошиме многу пари, но овде станува збор за хуманост“, порача Трамп.

Го нападна Зеленски поради Крим

Порано истиот ден, Трамп го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски поради изјава дадена на прес-конференција во вторникот, во која ја исклучи можноста за признавање на руската окупација на Крим.

„Таa изјава е многу штетна за мировните преговори со Русија, имајќи предвид дека Крим беше изгубен пред многу години, кога претседател беше Барак Обама, и повеќе не е ни тема за разговор“, напиша Трамп на социјалните мрежи. 

„Никој не бара од Зеленски да го признае Крим како руска територија, но ако толку го сака, зошто не се бореа за него пред единаесет години кога беше предаден на Русија без испукан куршум?“

„Не ми е важно чив е Крим. Само сакам крај на војната“

На прашањето дали договорот што, според него, Русија го прифаќа, вклучува и признавање на рускиот суверенитет над Крим, Трамп одговори неодредено:

„Сè е во ред. Гледајте, јас само сакам војната да заврши. Не ми е важно. Ако двете страни се задоволни и потпишат договор, тоа е најважното. Немам фаворити. Само сакам договор. Сакам да се спасуваат животи.“

Можна средба со Путин

Трамп најави дека постои можност за средба со Владимир Путин средината на мај, за време на планирана посета на Саудиска Арабија, но додаде дека таа средба „најверојатно тогаш нема да се случи“.

„Мислам дека ќе се сретнеме набргу потоа“, рече тој.

Continue Reading

Свет

Крим е изгубен пред неколку години, не е тема на разговор, вели Трамп

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека ќе има мировен договор со Русија и со Украина.

Претседателот посочи дека договорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски „виси во воздух“, но посочи дека договорот е блиску.

– Мислам дека Русија е подготвена и многу луѓе рекоа дека Русија сака да се заврши целата работа. И мислам дека имаме договор со Русија. Мораме да постигнеме договор со Зеленски. Мислев дека можеби е полесно да се справам со Зеленски. Досега беше потешко… Но, мислам дека имаме договор со двајцата. Се надевам дека ќе го направат тоа- им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Запрашан за предлогот на САД претставен на Украина, според кој Крим ќе биде признаен како де јуре руска територија, Трамп не се осврна директно на ова прашање, нагласувајќи дека „нема фаворити“ меѓу Украина и Русија и дека само сака војната да заврши.

Американскиот претседател рече дека наскоро може да се сретне со Путин по патувањето во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

На прашањето дали може да се сретне со Путин во Саудиска Арабија, Трамп рече дека тоа е можно, но малку веројатно.

Трамп синоќа нагласи дека изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев не може да го признае отцепувањето на Крим е „многу штетна за мировните преговори со Русија“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се фали на насловната страница на „Волстрит џурнал“ дека „Украина нема законски да ја признае окупацијата на Крим. Нема за што да се зборува“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Според него, таа изјава е многу штетна за мировните преговори со Русија, имајќи предвид дека Крим „е изгубен пред неколку години под покровителство на претседателот Барак Хусеин Обама“ и не е ни тема за разговор.

Continue Reading

Свет

Страшна глетка во Киев: Девет загинати, 63 повредени во руските напади

Published

on

Во масовниот руски напад врз Киев во текот на ноќта загинаа девет лица, 63 беа повредени, а 42 лица беа хоспитализирани, меѓу кои шест деца, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина. 

Во нападот се оштетени станбени згради, а потрагата по луѓе под урнатините е во тек, објави Укринформ.

Пријавени се пожари во гаражи, административни и деловни згради, а изгорени се и автомобили и сува трева поради паѓање на запалив отпад.

Противпожарните екипи ги локализираа и изгаснаа пожарите, а последиците од гранатирањето се отстрануваат во пет градски квартови.

На терен се распоредени и тимови од психолози и кучиња специјализирани за потрага и спасување, пренесува Танјуг.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк