Connect with us

Балкан

Пристигна првиот борбен авион F-16 за Бугарија – еве како изгледа!

Published

on

Бугарските воздухопловни сили го добија својот прв борбен авион F-16, кој вчера слета во 3. воздухопловна база Граф Игњатиево. Станува збор за двоседот F-16D Блок 70, со ознака „301“, чија официјална примопредавање беше извршена на 31 јануари оваа година.

Според Министерството за одбрана на Бугарија, авионот го напуштил производствениот погон на 31 март, а до Бугарија пристигнал во две фази. Најпрво, од фабриката во Гринвил, Јужна Каролина, прелетал преку Атлантскиот Океан до Шпанија заедно со два авиони наменети за Словачка, а потоа продолжил кон Бугарија.

За време на летот, авионот бил дополнуван со гориво од танкер KC-135 на Националната гарда на Тенеси. До пристигнувањето во Бугарија, леталото носело американски воени ознаки, кои по слетувањето биле заменети со обележја на бугарското воено воздухопловство. Истовремено, започнати се стандардните царински и даночни процедури.

Ова е првиот од неколкуте авиони F-16 што Бугарија ги купи како дел од модернизацијата на својата авијација, со цел да ги замени старите советски авиони МиГ-29.

Балкан

Голем број повредени во земјотресите во Истанбул

Published

on

Во Истанбул, 151 лице се лекуваат поради повредите по денешните земјотреси, напиша канцеларијата на гувернерот на „X“.

-Тие „скокнаа од височина во паника“, напиша канцеларијата, додавајќи дека никој не е во животна опасност.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, исто така на „Х“, напиша дека во моментов нема информации за жртви.

Засега не е забележана значителна материјална штета. Градот од пладне постојано го тресеа потреси, од кои најсилниот беше со јачина од 6,2 степени.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека сите државни институции се во состојба на готовност и будно ја следат состојбата.

-Тимовите за итни случаи ја проценуваат ситуацијата на терен „со најголема грижа“, додаде тој. „Фала му на Бога, во моментов нема критична ситуација“, рече Ердоган.

Continue Reading

Балкан

Стотици македонски знамиња блеснаа среде Тирана како дел од „Недела на македонската култура“

Published

on

Во Тирана вечерва почна манифестацијата „Недела на македонската култура“, а по тој повод главниот булевар „Народни херои“ блесна со стотици македонски знамиња.

Булеварот блесна во црвено жолта боја. Вечерва е свеченото отворање на манифестацијата, која по првпат се одржува во албанскиот главен град, што навистина не прави горди. Не го криеме задоволството што заедно со Културно информативниот центар, успеавме во нашите напори, со поддршка на Министерството за култура и туризам, како и албанското министерство за економија, култура и иновации и општина Тирана, изјавија за МИА, од македонската Амбасада.

Посочуваат дека за одржување на оваа манифестација предвидени се 20 илјади евра, при што 80 отсто од средствата ги обезбедува општина Тирана.

Continue Reading

Балкан

Паника во Истанбул: Граѓаните на улица, властите предупредуваат на нови потреси

Published

on

По серијата земјотреси што го погодија Истанбул утрово, турските власти апелираат до граѓаните да не влегуваат во потенцијално оштетени згради и да користат мобилни телефони само во итни случаи.

Според министерот за внатрешни работи, Алије Јерликаја, тимовите за управување со катастрофи и вонредни состојби веќе започнале со проценка на штетите на терен.

Првите слики што пристигнуваат од Истанбул покажуваат вознемирени граѓани како во паника ги напуштаат зградите и се обидуваат да воспостават контакт со своите најблиски. Силниот земјотрес предизвика страв и евакуации низ целиот град.

Жителите на Истанбул се во шок по земјотресот. Селин Титер, била на работа во деловна зграда на европската страна од градот кога започнал земјотресот, пренесуваат медиумите.

На почетокот според изјавата, почувствувала како земјата се поместува под неа, исфрлајќи ја од рамнотежа. Потоа слушнала длабок татнеж, „како нешто да удираше одоздола“.

„Кога тоа се случи, многумина испаничија. Многумина почнаа да бегаат“, рече таа.

Таа додаде дека многу луѓе во Истанбул се многу претпазливи кога станува збор за земјотреси, особено по катастрофалните земјотреси од 2023 година во Турција и Сирија, кога загинаа 55.000 луѓе.

„Повеќето луѓе што живеат во Истанбул знаат дека се очекува голем земјотрес. Луѓето сега се прашуваат – дали ова беше претпотрес?“

Турската агенција за вонредни ситуации објави дека уште три земјотреси се регистрирани во населбата Бујукчемеџе во западниот дел на Истанбул. Поради огромниот број на пристапи до веб-страницата на агенцијата, системот привремено беше исклучен, а дополнителни информации се очекуваат во наредните часови.

Последователно, официјалната проценка на јачината на земјотресот беше намалена на 4,9 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓа во Мраморното Море во близина на Истанбул. Претходно беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 6,2 степени.

Министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, изјави дека нема пријавени штети на патиштата, железниците, аеродромите и линиите на метрото во Истанбул.

Истанбул, град со повеќе од 16 милиони жители, се наоѓа на Северноанадолскиот расед, познат по својата висока сеизмичка активност. Експертите со децении предупредуваат дека уште еден голем земјотрес е само прашање на време и дека илјадници лошо изградени згради, изградени за време на градежниот бум, се главната причина за потенцијални трагедии.

Медиумите потсетуваат дека Истанбул неколку пати низ историјата бил погоден од разорни земјотреси. Најстрашниот во историјата се случил во 1509 година и е познат како „мала апокалипса“.

Се апелира до граѓаните да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк