Connect with us

Свет

Протече вознемирувачки извештај од 2022: Генералот Арамгедон се подготвувал за нуклеарна катастрофа

Published

on

Поранешниот главен командант во Украина, генерал Сергеј Суровикин, сериозно размислувал за употреба на нуклеарно оружје за да ја спречи Украина да напредува кон Крим во есента 2022 година, се наведува во извештајот на Њујорк Тајмс, кој го пренесе Њузвик.

Нуклеарната реторика во голема мера го карактеризираше и влијаеше на текот на целокупната инвазија на Русија во Украина, која трае повеќе од три години.

Акциите на САД под претседателството на Џо Бајден често биле ублажени токму поради стравот од нуклеарна ескалација на најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна.

Рускиот лидер Владимир Путин ги стави руските сили за нуклеарно одвраќање во состојба на висока подготвеност кога руските сили влегоа во Украина во февруари 2022 година, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави неколку месеци подоцна дека ризиците од нуклеарен конфликт станале „значителни“.

Генерал Суровикин, кој кратко време ги водеше руските операции во Украина помеѓу октомври 2022 и јануари 2023, размислувал за употреба на тактичко нуклеарно оружје за да се спротивстави на украинското напредување – за време на блескавата контраофанзива кон крајот на летото и есента 2022 година – на југот на Украина кон Крим, кој беше окупиран и анектиран од страна на Русија во 2014 година, како што објави NYT во саботата.

За разлика од стратешкото нуклеарно оружје, тактичкото нуклеарно оружје е дизајнирано за употреба на бојното поле. Ова оружје е далеку помалку моќно и е дизајнирано да се користи против различни цели од стратешкото нуклеарно оружје, кое може да уништи цели градови.

Американските проценки за руските залихи на тактичко нуклеарно оружје се околу 2.000 активни боеви глави.

Шансите се зголемиле до 50 отсто

Во тој период, американските разузнавачки агенции процениле дека шансите Москва да го употреби своето нуклеарно оружје во Украина биле помеѓу пет и десет проценти, според извештајот на NYT. Во случај Украина успешно да напредуваше на југ во својата контраофанзива, што можеше да ја загрози руската окупација на Крим, проценката била дека шансите би се зголемиле на 50 проценти.

Во тој период, украинските сили се спротивставуваа на руската моќ и предност на територијата која руските сили на Владимир Путин брзо ја зазеле во текот на првите недели од својата инвазија, фокусирајќи се на североистокот и југот на Украина, додека Русија очајнички се обидуваше да се одржи на истокот. Од 29 август 2022 година, Киев започна нова офанзива за да ги потисне Русите од градот Херсон и да се врати на источниот брег на реката Днепар. До ноември, руските сили се повлекоа преку реката, а Украина повторно го зазеде градот Херсон. Пошироката област Херсон, заедно со соседните региони Запорожје и Донбас (региони од Донецк и Луганск), беа анектирани од Русија кон крајот на септември истата година, иако Кремљ сè уште не ја контролира целосно оваа територија, а анексијата беше меѓународно отфрлена како незаконска.

Киев ветил дека ќе го врати анектираниот полуостров Крим, а доколку украинските сили го заземат поголемиот дел од Херсон или целиот регион, тоа би го загрозило рускиот „копнен коридор“ што Москва го контролира и кој ги поврзува руските сили.

Суровикин го доби прекарот „Генерал Армагедон“ поради бруталноста која ја покажал за време на руските операции во поддршка на режимот на Башар ал Асад во Сирија, кој беше тргнат од власт во блескавата контраофанзива на сириските исламски побуненици кон крајот на минатата година.

Отпуштањето и исчезнувањето од јавноста

На местото на врховен руски командант во Украина во јануари 2023 година, го замени генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руската армија.

Руските државни медиуми известија во август 2023 дека Суровикин е сменет од функцијата шеф на Воздухопловно-космичките сили на Русија. Тој беше видливо отсутен од јавноста откако руските платеници од Вагнер групата, предводени од поранешниот сојузник на Путин и шеф на оваа приватна војска Евгениј Пригожин, се побунија против Кремљ во јуни и тргнаа на „марш кон Москва“, кој Пригожин го прекина, а два месеци подоцна загина во авионска несреќа под неразјаснети околности.

Некои независни руски и западни медиуми шпекулирале дека Суровикин имал блиски врски со оваа група и нејзиниот шеф. Генералот Валериј Залужни, поранешен главен командант на украинската војска, кој сега е амбасадор на Украина во Велика Британија, во коментари објавени од украинските медиуми, изјавил дека „постојат директни закани за употреба на тактичко нуклеарно оружје од страна на руските вооружени сили под одредени околности“.

Свет

Прељубник паднал од хотел бегајќи со врзани чаршафи од сопругата

Published

on

Шеесет и шестгодишен прељубник претрпел сериозни повреди бегајќи од својата сопруга додека се обидувал да се спушти од четвртиот кат на хотелот користејќи врзани чаршафи, објави во саботата полицијата во јужниот германски град Равенсбург.

Мажот во петокот бил во соба со љубовницата кога неговата сопруга почнала да му тропа на вратата. Во паника врзал два чаршафи во обид да избега незабележано во стил кој потсетува на филмски херои.

Сепак, тој се лизнал и паднал од значителна висина на настрешница, по што со возило на Брза помош бил пренесен во болница.

Полицијата, која била повикана на местото на настанот, ја опишала состојбата на мажот како сериозна, но изјавила дека не е опасна по живот.

Continue Reading

Свет

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Published

on

Земјотрес од 6,2 степени ја погоди Индонезија – нема опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Индонезија, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS).

Потресот бил регистриран во 19:17 часот по локално време, на длабочина од 117 километри. Епицентарот се наоѓал во близина на островите Талауд, во североисточниот дел на земјата.

Според досегашните информации, не е издадено предупредување за цунами, а засега нема пријави за материјална штета или повредени лица.

Индонезија, која се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“ – подрачје со интензивна сеизмичка активност, често е погодена од земјотреси и вулкански ерупции.

Continue Reading

Свет

Поранешниот потпретседател на САД: “Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија”

Published

on

Ал Гор со жестока критика: Администрацијата на Трамп ја спореди со нацистичка Германија

Поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор, излезе со остра критика на сметка на Доналд Трамп, споредувајќи ја неговата администрација со нацистичка Германија од времето на Адолф Хитлер.

На митингот во Сан Франциско, организиран по повод почетокот на Неделата на климата, Гор истакна дека Трамп и неговиот тим се обидуваат да наметнат „сопствена верзија на реалноста“, со цел да реализираат политички цели кои, како што рече, потсетуваат на методите на нацистичката партија во 1930-тите и 1940-тите години.

„Целосно разбирам зошто е чувствително и опасно да се споредува било кое политичко движење со Третиот рајх на Адолф Хитлер. Тоа беше уникатно зло, и нема споредба. Но, постојат важни лекции од историјата што не смееме да ги игнорираме“, рече Гор, кој беше потпретседател во администрацијата на Бил Клинтон.

Иако неговите зборови предизвикаа реакции на социјалните мрежи и во медиумите, од Белата куќа засега нема официјален коментар на споредбата што Гор ја направи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк