Connect with us

Црна Хроника

Откако и го одзел животот, го тешел и прегрнувал нејзиниот татко, на сите начини се обидувал да ги сокрие трагите: Бил разоткриен поради еден детал

Published

on

Марк Самсон, осомничен за убиство на младата Албанка Иларија Суле во Италија, применил серија тактики со цел да го прикрие ужасното злосторство кое го извршил.

По убиството, тој прво отишол кај своите цимери и побарал информации за исчезнатата 22-годишна девојка. Тој исто така го тешел нејзиниот татко, нудејќи му утеха за злосторството кое самиот го извршил.

На сите пријатели им одговарал на пораките, тврдејќи дека се обидува да ги разбере и открие „што ѝ се случило на неговата девојка“ и дека наскоро ќе им даде новости.

Меѓутоа, тоа биле лаги со кои се обидувал да го прикрие делото и да ја одведе истрагата во погрешен правец.

По убиството на Иларија, го користел нејзиниот телефон и праќал пораки на нејзините пријатели, правејќи се дека е таа. Дури објавил и стори на Инстаграм во нејзино име, пишувајќи дека е добро и дека не е исчезната.

Во нејзино име, на цимерите им пратил порака дека „заминала на пат во Неапол“, а на родителите им пишала дека мора да „учи и дека ќе се врати следниот месец“.

Она што сите го забележале, на основа на пораките, е дека тоа не била таа која пишувала. Во меѓувреме, полицијата веќе го следела телефонскиот сигнал на Марк и го прислушкувала. На крајот, успеале да го лоцираат и телефонскиот сигнал на Иларија, а сите докази укажувале дека телефонот се наоѓал во станот на Марк. Тоа го открило.

Што точно се случило и кој е мотивот за ова свирепо убиство, сè уште не е познато. Самсон, кој бил испрашуван од јавниот обвинител, не сакал да зборува за наводните настани и се бранел со молчење.

Она што е познато до сега е дека на 25. март, Иларија, студентка од Албанија која студирала во Рим, излегла од куќата во тренерка. Не носела ништо со себе, што било знак дека планира да се врати наскоро дома. Наместо да се врати, заминала кај Марк.

Црна Хроника

Рација во казина и кладилници во Тетово

Published

on

На 23/24.04.2025 во периодот од 22.00 до 03.00 часот,  полициски службеници од СВР Тетово презедоа мерки и активности за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на СВР  Тетово, при што во содејство со инспектори од Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Трудова инспекција извршиле контроли во спортски обложувалници, казина и други објекти. При контролата, во две спортски кладилници биле констатирани прекршоци во надлежност на другите институции кои презеле мерки согласно законот. Додека, во едно казино на улица „Илинденска“ се затекнати и поради непријавен престој во државата се приведени К.Л.(24), В.Х.(20) и И.Х.(24), тројцата од Република Албанија. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Continue Reading

Црна Хроника

Полициска акција во Куманово: Уапсени се повеќе лица

Published

on

На 24.04.2025, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(62), С.Д.(23) и Д.А.(30), сите од Куманово.

При претрес во домот на Д.А., извршен со судска наредба, а во кој биле затекнати З.А. и С.Д., биле пронајдени таблети, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, дигитална вага, дробилка и други предмети. 

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Лице загина од удар на гром во прилепско Мажучиште

Published

on

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во с.Мажучиште, Општина Прилеп. 

За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка.

Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк