Connect with us

Свет

Бројот на загинатите во рускиот напад на Криви Рог се искачи на 19, а 68 се повредени

Published

on

Бројот на загинати во рускиот балистички напад на Криви Рог се искачи на 19, а 68 лица се повредени, објави Укринформ. Претходно беше соопштено дека загинале 18 лица, меѓу кои девет деца, а повредени се 56 лица.

Претседателот на Советот за одбрана на Криви Рог, Александар Вилкул изјави дека две деца повредени во нападот се пренесени во болница.

“Во терористичките напади повредени се 68 лица – од тримесечно бебе до постари лица. Во болниците моментално се наоѓаат 40 лица. Две деца на возраст од пет и осум години се префрлени во болница во Днепар и тие се во исклучително тешка состојба, 17 лица се во тешка состојба”, рече тој на Телеграм.

Свет

Прељубник паднал од хотел бегајќи со врзани чаршафи од сопругата

Published

on

Шеесет и шестгодишен прељубник претрпел сериозни повреди бегајќи од својата сопруга додека се обидувал да се спушти од четвртиот кат на хотелот користејќи врзани чаршафи, објави во саботата полицијата во јужниот германски град Равенсбург.

Мажот во петокот бил во соба со љубовницата кога неговата сопруга почнала да му тропа на вратата. Во паника врзал два чаршафи во обид да избега незабележано во стил кој потсетува на филмски херои.

Сепак, тој се лизнал и паднал од значителна висина на настрешница, по што со возило на Брза помош бил пренесен во болница.

Полицијата, која била повикана на местото на настанот, ја опишала состојбата на мажот како сериозна, но изјавила дека не е опасна по живот.

Continue Reading

Свет

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Published

on

Земјотрес од 6,2 степени ја погоди Индонезија – нема опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Индонезија, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS).

Потресот бил регистриран во 19:17 часот по локално време, на длабочина од 117 километри. Епицентарот се наоѓал во близина на островите Талауд, во североисточниот дел на земјата.

Според досегашните информации, не е издадено предупредување за цунами, а засега нема пријави за материјална штета или повредени лица.

Индонезија, која се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“ – подрачје со интензивна сеизмичка активност, често е погодена од земјотреси и вулкански ерупции.

Continue Reading

Свет

Поранешниот потпретседател на САД: “Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија”

Published

on

Ал Гор со жестока критика: Администрацијата на Трамп ја спореди со нацистичка Германија

Поранешниот потпретседател на САД, Ал Гор, излезе со остра критика на сметка на Доналд Трамп, споредувајќи ја неговата администрација со нацистичка Германија од времето на Адолф Хитлер.

На митингот во Сан Франциско, организиран по повод почетокот на Неделата на климата, Гор истакна дека Трамп и неговиот тим се обидуваат да наметнат „сопствена верзија на реалноста“, со цел да реализираат политички цели кои, како што рече, потсетуваат на методите на нацистичката партија во 1930-тите и 1940-тите години.

„Целосно разбирам зошто е чувствително и опасно да се споредува било кое политичко движење со Третиот рајх на Адолф Хитлер. Тоа беше уникатно зло, и нема споредба. Но, постојат важни лекции од историјата што не смееме да ги игнорираме“, рече Гор, кој беше потпретседател во администрацијата на Бил Клинтон.

Иако неговите зборови предизвикаа реакции на социјалните мрежи и во медиумите, од Белата куќа засега нема официјален коментар на споредбата што Гор ја направи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк