Connect with us

Спорт

Верстапен ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Јапонија

Published

on

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои првото место во квалификациите за Големата награда на Јапонија.

Дваесет и седумгодишниот пилот оствари резултат 1:26.983. Пилотот на Мекларен Ландо Норис (+0,012) беше втор, а Оскар Пјастри од Мекларен (+0,044) ја комплетираше првата тројка.

Трката за ГН на Јапонија ќе се вози утре во Сузука со почеток во 7 часот по македонско време. 

Од 4-10 позиција се пласираа: Шарл Леклер (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Исак Ајар (Рејсинг Булс), Луис Хамилтон (Ферари), Алекс Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хаас).

Спорт

Страшни цифри во новиот договор на Кристијано Роналдо!

Published

on

🤯 Страшни цифри во новиот договор на Кристијано Роналдо:
💰 Годишно: €200.000.000
💰 Месечно: €16.670.000
💰 Неделно: €3.888.000
💰 Дневно: €555.555
💰 По час: €23.150
💰 По минута: €390
💰 По секунда: €6.5
🤑 Просечна македонска плата во една минута.
👑 Легенда на теренот, но и цар на банкарската сметка.

Continue Reading

Спорт

Нова победа на кадетите на Еурофарм Пелистер 

Published

on

Еурофарм Пелистер – Бисинов ФЛ 46-16 (кадети)

Денес во спортската сала во Битола кадетите на Еурофарм Пелистер ја победија екипата на Бисинов ФЛ, Велес во рамките на 18. коло, последното коло од групната фаза. 

-Убедлива победа во 18 -тото, последно коло од фазата по групи на кадетскиот шампионат на Македонија, за максимален учинок на нашите кадети. Со што останаа единствена екипа со 100% учинок во кадетскиот шампионат рече тренерот на кадетите Фарук Мемиќ. 

На натпреварот сите играчи добија шанса за настап, при што се впишаа во листата на стрелци во состав: Фехми Мелин, Мацанковски Јован (голмани), Лазаревски Стефан 4, Велјановски Павел 3, Спировски Тео 7, Трсунов Архангел 6, Неданоски Петар 1, Мијалчев Горазд 2, Атанасовски Горазд 2, Ѓоргиевски Стефан 3, Георгиев Андреј 6, Дамчевски Андреј 5, Марковски Владимир 3, Симоновски Јован 2 и Бошковски Антонио 2.
Службен претставник: Стефановски Бојан.

Извор: bitolanews

Continue Reading

Спорт

Нов скандал во мак-фудбалот: Обид за поткуп на судија во ПМФЛ!

Published

on

На повидок е нов скандал во македонскиот фудбал. До Комитетот за безбедност и интегритет доставена е пријава за обид за поткуп од клуб и фудбалер на прволигашки клуб до судија на натпреварот, дознава Gol.mk. Се работи за меч од 28. коло на Првата фудбалска лига (ПМФЛ), игран во саботата.

Комитетот за безбедност и интегритет веднаш наводно отворил постапка и започнал истрага за случајот. Се очекуваат изјави на актерите на натпреварот и расветлување на случајот.

Комитетот за безбедност и интегритет веќе со години внимателно ги следи сите девијации на фудбалската игра. Во однос на ова прашање, нашата федерација презема конкретни чекори, односно учествува и организира едукативни предавања во координација со УЕФА и ФИФА за рано препознавање и спречување на местењето на фудбалски натпревари. Целта е единствена, а тоа е да се заштити интегритетот на самата фудбалска игра. 

Во саботата во Првата лига се играа сите шест натпревари од тековното коло: Беса – Шкендија, Шкупи – Силекс, Работнички – Пелистер, Воска Спорт- Вардар, Струга Трим Лум – Гостивар и Тиквеш – Брера.

Извор: gol.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк