Connect with us

Црна Хроника

Приведени две лица од Тетовско по напад и закани кон полицајци во Тетово

Published

on

На 3 април 2025 година, околу 15:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово привеле две лица на булеварот „Видоје Смилевски Бато“ во Тетово. Станува збор за С.М. (42) и М.Р. (36), двајцата од тетовското село Камењане, кои, според информациите од МВР, агресивно се однесувале кон полицајците, упатувале закани и се обиделе да ги спречат во извршување на нивните службени должности.

Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Од МВР најавуваат дека ќе продолжат со преземање мерки за заштита на службените лица и обезбедување на јавниот ред и мир.

Црна Хроника

Екс-директорот на Центарот за култура во Охрид украл 2.500 евра преку фестивал за народни песни

Published

on

Екс-директорот на Центарот за култура во Охрид украл 2.500 евра преку фестивал за народни песни

Поранешниот директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ , Г.С., 48 годишен го оштетил Буџетот на установата за околу 2.500 евра, информира МВР. Охридската полиција поднесе кривична пријава за несовесно работење во службата…

Continue Reading

Црна Хроника

Грчки државјанин пријавил украден автомобил – бил оставен 20 дена паркиран во Мичурин

Published

on

Автомобил во сопственост на фирма од Чешка, кој бил паркиран во скопската населба Мичурин 20 дена, бил украден, а случајот во полиција го пријавил 70-годишен грчки државјанин, соопшти МВР.

Според пријавата, во автомобилот имало и пари, компјутер и други предмети.

На 22.04.2025 во 10:45 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.С.(70) од Република Грција пријавил дека во периодот од 02.04.2025 до 09.00 часот на 22.04.2025 од паркинг на улицата „Анастас Митрев“ во Скопје било одземено патничко возило „фолксваген“ со чешки национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Чешка, во кое имало пари, компјутер и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Continue Reading

Црна Хроника

Загина возач на камион од тетовско

Published

on

46-годишен возач од тетовското село Желино загинал вчера попладне на локален пат во скопско, кога со камион излетал од патот, соопшти полицијата. 

„На 22.04.2025 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Горњане кон с.Блаце, скопско, товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(46) од с.Желино, тетовско, излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Б.Ш., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк