Connect with us

Македонија

ПОВТОРНО СНЕГ И ВЕТЕР ДО 70 КМ/Ч Драматична промена од недела, понеделник уште постуден

Published

on

Во Скопје променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 20 степени.

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималните утрински температури ќе се движат од 0 во Маврово до 9 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и 20 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 20 степени.

В недела нѐ очекува претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места од дожд и снег. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (10 до 15см). Ќе дува засилен северен ветер (над 70км/ч.).

Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 4 степени до 13 степени.

Метеоролозите за во понеделник најавуваат променливо облачно и студено, наместа со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од -5 степени до 1 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 2 степени до 10 степени.

Македонија

Ова откритие може да ја промени историјата: Изгубената престолнина на античко кралство во сегашните граници на Македонија

Published

on

Археолозите во Македонија открија остатоци од древен град кај селото Црнобуки, за кој новите докази покажуваат дека е многу постар и поважен отколку што се претпоставувало досега. Локалитетот Градиште, претходно сметан за македонска воена станица од III век п.н.е. во времето на кралот Филип V, сега се покажува како развиен урбан центар кој можеби датира уште од бронзеното доба (околу 3300–1200 п.н.е.).

Истражувачки тим составен од Националниот институт и музеј – Битола и Калифорнискиот политехнички универзитет Хумболт (Cal Poly Humboldt) користел современи технологии, меѓу кои георадар и LiDAR, за да открие траги од град со богата култура и трговија. Најдени се камени секири, фрагменти од керамика, алатки за текстил, па дури и глинена влезница за театар, што укажува на високоразвиено општество.

Во 2023 година, пронајдена е монета од периодот 325–323 п.н.е., односно додека Александар Велики сè уште бил жив. Ова откритие го поместува времето на најголема активност на локалитетот дури еден век наназад, пред владеењето на Филип V. Карбонската анализа на органски материјали (јаглен, коски) го датира локалитетот од околу 360 п.н.е. до 670 година од нашата ера.

„Ова е откритие што се случува еднаш во животот,“ вели Ник Анџелоф, професор по антропологија и археолог од Cal Poly Humboldt. Тој додава дека градот се наоѓал на клучна локација на трговските патишта кон Константинопол и е можно дури и личности како Октавијан и Агрипа да поминале низ овој град на патот кон битката кај Акциум против Клеопатра и Марко Антониј.

Анџелоф и неговиот тим веруваат дека ова можеби е древниот град Линк, престолнината на кралството Линкестида, автономна македонска држава покорена од Филип II, таткото на Александар. Градот се поврзува и со кралицата Евридика I, бабата на Александар Велики, која имала значајна улога во формирањето на македонската држава.

Археологот Енџин Насух од битолскиот музеј истакна дека истражувањата допрва почнуваат: „Ова е како голем мозаик. Нашите сегашни наоди се само неколку камчиња, но со секое истражување, мозаикот добива појасна слика.“

Иако локалитетот бил спомнат уште во 1966 година, вистинските истражувања започнале дури неодамна. Благодарение на поддршката од Колеџот за уметности, хуманистички и општествени науки при Cal Poly Humboldt, се откриени детали за град со акропола од седум акри, можен македонски театар и работилница за текстил.

Ова откритие може радикално да ја смени перцепцијата за раниот развој на македонската држава и нејзиното влијание врз културниот и политичкиот пејзаж на Балканот и пошироко.

Continue Reading

Македонија

„Само Македонците може да решаваат за идентитетот и историјата, а Албанците треба да дадат поддршка“, вели Хајредини

Published

on

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, предизвика бројни реакции со своето размислување за прашањата поврзани со македонскиот идентитет. 

Во неодамнешна објава на социјалните мрежи, тој ја истакна својата позиција дека прашањата за идентитетот, историското наследство и македонскиот јазик се во исклучива надлежност на македонскиот народ.

„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат“, вели Хајредини.

Continue Reading

Македонија

Асмир Јахоски останува во притвор, Кривичен не прифаќа гаранција од два милиони евра

Published

on

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАН, соопштија меѓу другото попладнево од Основен кривичен суд Скопје.

„Имено, судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на Јавниот обвинител, смета дека во овој момент сеуште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор од точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП односно околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, од причина што истражната постапка сеуште е во тек и сеуште се преземаат други истражни дејствија за прибирање докази.

Ова дотолку повеќе што Кривичниот совет го продолжил притворот на осомничениот по доставен предлог на ОЈО ГОКК од 08.04.2025 година токму поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена од приемот на истото“ стои во соопштението на Судот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк