Connect with us

Магазин

Овие две намирници го уништуваат вашиот мозок, Македонците ги обожаваат и консумираат секојдневно

Published

on

Јаглехидратите се примарен извор на енергија за мозокот и играат клучна улога во когнитивните функции, концентрацијата и памтењето.

Сепак, не се сите јаглехидрати исти. Иако сложените јаглехидрати од цела храна обезбедуваат долготрајна енергија и го поддржуваат здравјето на мозокот, рафинираните и високо обработени јаглехидрати можат да имаат спротивен ефект.

Овие нездрави јаглехидрати предизвикуваат нагли скокови и падови на нивото на шеќер во крвта, што доведува до ментална магла, забавено размислување и проблеми со памтењето.

Со тек на време, прекумерната консумација на ваква храна може да придонесе за воспалителни процеси во телото и инсулинска резистенција, што е поврзано со когнитивен пад.

Храна која штети на здравјето на мозокот:

Засладени житарици

Засладените житарици се популарен избор за појадок, но често содржат големи количини рафинирани јаглехидрати и додаден шеќер. Сите овие шеќери можат негативно да влијаат на здравјето.

„Ова може да предизвика нагли скокови и падови на шеќерот во крвта, што доведува до потешкотии во концентрацијата“, вели Нанавати за SheFinds.

Крофни

Крофните се вообичаен избор за десерт, но содржат многу шеќер и нездрави масти. Според Нанавати, „ова може да го наруши когнитивното функционирање и да придонесе за проблеми со памтењето“. Комбинацијата на шеќер и транс-масти во овие намирници може да предизвика воспалителни процеси и оксидативен стрес, што негативно влијае на здравјето на мозокот и предизвикува потешкотии со памтењето и фокусирањето.

Покрај тоа, поради високата калориска вредност и ниската нутритивна вредност, овие намирници можат да придонесат за зголемување на телесната тежина и метаболички нарушувања кои дополнително влијаат на функцијата на мозокот.

Магазин

Дневен хороскоп за среда – 23 април: Еден знак го очекува огромна шанса денес, друг непредвидени трошоци

Published

on

Овен

Денес ќе се соочиш со непредвидливи луѓе, но со малку трпение и фокус ќе најдеш начин да се разбереш со нив. Исто така, постои шанса за подлабока емоционална поврзаност со некој што ти значи.

Бик

Работите одат пребрзо, а ти се чувствуваш изгубено. Не се изненадувај ако и во љубовта дојде до ситни конфликти – бидете внимателни со зборовите.

Близнаци

Цврсто стоиш на свој став, но не им се допаѓа на сите. Во љубовта, не те фасцинира кога партнерот ги анализира ситниците – време е за искрен разговор.

Рак

Некој ќе проба да те натера да промениш планови. Избери дали вреди конфликтот или компромисот. Во љубовта – истото важи.

Лав

Ќе добиеш интересна понуда – размисли добро. Во врската, нешто те мачи, но наместо да се расправаш, ќе се повлечеш. Прашање е: дали тоа помага?

Девица

Претоварен ден, а и уморот се чувствува. Партнерот ќе се пожали на запоставеност – не дозволувај ова да стане навика.

Вага

Тешко се договараш со соработниците, како да зборувате различен јазик. И во љубовта не се чувствуваш разбрано – можеби денес е ден за малку дистанца.

Шкорпија

Интересна можност се појавува, но твојот календар веќе врие. Во љубовта, флертот е во воздухот – ама внимавај да не создадеш конфузија.

Стрелец

Се преоптоваруваш со работи што не можеш да ги контролираш. Фокусирај се на тоа што е во твои раце. Во љубовта, не ти се објаснува – но можеби треба.

Јарец

Потребна ти е концентрација – една мала грешка може да те чини скапо. Во љубовта, некој се повлекува – прашај се зошто.

Водолија

Некои обврски се одложуваат без логично објаснување. Знаеш дека треба да се вклучиш, ама ти недостига мотивација. Емоциите тешко ги контролираш денес.

Риби

Знаеш што треба, но не ти се мrднува. Внимавај да не ја пропуштиш шансата. Партнерот се обидува да те разбере, но твојата нервоза само додава тензија.

Continue Reading

Магазин

99% од луѓето не можат да го пронајдат кучето на фотографијата: Доколку го забележите, имате совршен вид [ФОТО]

Published

on

Нова визуелна загатка стана вистински хит на Reddit – овојпат, предизвикот беше да се пронајде куче скриено во шумски пејзаж.

На прв поглед изгледа лесно, но мнозинството од корисниците не успеале. Дури 99% признале дека не можеле да го забележат љубимецот, кој речиси совршено се стопил со околината.

Дали успеавте да го најдете кучето?

Еве го одговорот.

Кучето е скриено покрај дрво на десната страна од патеката, означено со бела налепница. Лежи мирно, а неговото крзно се вклопува со паднатите лисја – токму тоа ја прави оваа загатка толку тешка.

Дали успеа да го пронајдеш?

Continue Reading

Магазин

Детален неделен хороскоп до 28 април – 2025: Еден хороскопски знак го очекува финансиска добивка во петок

Published

on

Неделен хороскоп до 28 април 2025 година: Што ве очекува според ѕвездите?

Оваа недела носи силна енергија, можности за промени и повици на будност, особено во љубовта и финансиските прашања. Погледнете што ви подготвиле ѕвездите:

ОВЕН

Ова е недела полна со инспирација и креативна енергија. Ќе почувствувате потреба да се повлечете во себе и да се поврзете со духовната страна. Не размислувајте премногу за пари – оптоварени сте со недостиг, а токму тоа создава тензии. Финансиски добивка пристигнува во петок. Во љубовта, се чувствувате исполнети – партнерот ќе ви подари нешто убаво.

Здравствено: можни се главоболки, но ништо сериозно.

БИК

Размислувате да ја оживеете некоја стара деловна идеја – и тоа не е лоша опција, но само ако постојат вистински услови. Во љубовта, партнерот покажува желба за слобода, што води кон конфликти и тишина. Внимавајте – потребен е компромис.

Здравствено: се активираат хронични тегоби.

БЛИЗНАЦИ

Неделава сте во фокус на работното место. Преземате одговорности, а другите очекуваат решенија од вас. Поддршка добивате од еден Рак. Во љубовта, партнерот е вашата сигурна основа. Ако сте слободни – не се плашете да се приближите до личност во знакот Вага.

Психолошка напнатост ве следи.

РАК

Вашата амбиција е силна, но не заборавајте да ги гледате работите од различни агли. Можеби ќе делегирате дел од обврските на Девица или Шкорпија. Ако сте слободни, дозволете му на некој Бик да се приближи – може да биде интересно. Брачните Ракови планираат патување.

Здравствено: ви недостасува сон.

ЛАВ

Оваа недела работете самостојно – не се потпирајте на шеф кој само ве искористува. Внимавајте на финансии – не дозволувајте долговите да ви го нарушат семејниот мир. Во љубовта – внесете повеќе шарм, потребна ви е иницијатива.

Здравствено: повеќе движење ќе ви годи.

ДЕВИЦА

Очекувајте добра заработка. Имате јасна слика и не трпите неорганизирани соработници. Внимавајте на односите со лица во знакот Овен, Шкорпија или Јарец. Во љубовта – бидете искрени и покажете емоции. Вашата врска може да премине на подлабоко ниво.

Мала настинка.

ВАГА

Динамичен почеток на неделата. Ве очекуваат важни одлуки, особено во врска со потпишување договори. Ако имате подзнак Јарец – внимавајте на финансиски обврски. Во љубовта – ве очекуваат нови познанства и интензивни чувства. Ако сте во врска – ќе сакате да поминувате повеќе време дома.

Здравствено: стабилно.

ШКОРПИЈА

Бидете детални и не брзајте. Интуицијата ви е силна – искористете ја. Проблеми се можни кај оние Шкорпии кои не умеат да бидат трпеливи. Можен е романтичен развој од пријателски контакт. Љубовта ви носи стабилност.

Здравствено: лесна нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Финансиската состојба ве вознемирува. Смирете се емоционално – само така ќе можете да донесете здрави одлуки. Овен ќе ви помогне во деловен план. Во љубовта, се појавува силна личност која ќе ве фасцинира. Бидете отворени за нови искуства.

Посветете се на спорт и одмор.

ЈАРЕЦ

Проблеми со соработници – време е да слушнете и друго мислење. Иако често мислите дека сте во право, некогаш вреди да се направи чекор назад. Во љубовта – ако сте во врска, очекувајте стабилност и продлабочување. Слободните – не пропуштајте интересна понуда од една Водолија.

Контролирајте го крвниот притисок.

ВОДОЛИЈА

Неделава е поволна за приватен бизнис. Особено успешна ќе биде соработка со Стрелец. Во љубовта – време е да ја тргнете рамнодушноста. Партнерот не разбира секогаш дека тоа е ваш стил. Работете на себе.

Внимавајте на повреди.

РИБИ

Внесете возбуда во секојдневието – преку патувања, забава или нешто ново. Љубовта добива нова искра, особено за време на викендот. На работен план – ве очекува средба со важен клиент, можно е ново партнерство со Шкорпија. Одлична заработка пред викенд.

Здравствено: внимание во сообраќајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк