Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Се огласи и Путин по ракетниот напад врз родниот град на Зеленски, откри која била целта на нападот

by
2025/04/05 09:50:22
in Uncategorized
Се огласи и Путин по ракетниот напад врз родниот град на Зеленски, откри која била целта на нападот

Руската војска изврши напад со прецизни ракети во петокот на локација во украинскиот град Криви Рих (или Кровој Рог, според рускиот назив), каде што се одржувал состанок на командантите на украинските вооружени сили и западни воени инструктори, соопшти руското Министерство за одбрана.

Претходно, во петокот вечерта, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот ракетен напад врз Криви Рих, во југоисточниот дел на земјата, при што загинале 19 лица, јасно покажува дека Москва „не сака прекин на огнот“.

„Секој ракетен напад и напад со беспилотно летало покажуваат дека Русија сака само војна. Само со меѓународен притисок на Русија и сите можни напори за зајакнување на Украина, нашата воздушна одбрана и вооружени сили, ќе се одреди кога ќе заврши оваа војна“, напиша Зеленски на платформата Telegram.

Од Москва, пак, првично одговорија дека руските напади „исклучително“ се насочени кон воени цели во Украина и претставуваат одговор на украинското непочитување на договорот што бил издејствуван од САД, а кој ја задолжува Украина да не напаѓа енергетските и цивилни објекти во Русија.

„На 4-ти април, во 18:49 часот по локално време, ракета со висока прецизност и високоексплозивно полнење беше истрелана врз местото на кое се одржуваше состанок на командантите на украинските единици и западните инструктори во еден ресторан во градот Криви Рих“, се наведува во извештајот на руското Министерство за одбрана.

Според извори од руската страна, загубите на украинската војска при овој напад изнесувале 85 воени лица и офицери од странски земји, како и 20 возила.

Овој удар врз странските воени лица се случи на денот кога Зеленски одржуваше „длабински разговори“ со мала група странски земји за учество на нивните сили во контингент што би дејствувал како безбедносна гаранција за Украина. Зеленски пред состанокот изјави дека очекува „поконкретни“ одговори од сојузниците на Киев за нивната подготвеност да учествуваат во такви сили, иницијатива на која Русија силно се спротивставува и се заканува со жесток одговор.

Подоцна во ноќта, властите именувани од Москва во источната украинска област Дњепропетровск преку Telegram канали известија дека во Криви Рих повторно се слушале детонации. Според овие извори, во овој регион и во повеќе други области низ Украина, во текот на ноќта била прогласена тревога за воздушен напад.

Next Post
Неверојатна приказна од фронтот во Украина: Руски војник влегол на погрешно место, па го дочекало изненадување кое траело со месеци

Неверојатна приказна од фронтот во Украина: Руски војник влегол на погрешно место, па го дочекало изненадување кое траело со месеци

Полицијата со претреси во струмичко, пронајдени неколку вреќи со марихуана, но затекнале и лица како ја чистат растителната материја (ФОТО)

Полицијата со претреси во струмичко, пронајдени неколку вреќи со марихуана, но затекнале и лица како ја чистат растителната материја (ФОТО)

Препорачани Вести

Скопјанец изнудувал 15.000 евра со закани, уапсен пред Клиниката за онкологија

3 months ago

УТРЕ ПРЕКИН НА СТРУЈА ВО ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ

6 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.