Connect with us

Република

Илиевски: Брвеница е пример како се гради општина со интегритет и доверба

Published

on

Општина Брвеница се вбројува меѓу водечките општини во Полошкиот регион кога станува збор за унапредување на интегритетот и транспарентноста во своето работење. Според последното истражување на Државната комисија за спречување на корупција, Брвеница е на високо место на ранг листата на општини според процентот на исполнување и имплементација на системот за интегритет.

„Со гордост можеме да кажеме дека сме пример како една општина со визија може да гради доверба, да спречи корупција и да ја зајакне демократијата на локално ниво“, истакна градоначалникот Јовица Илиевски.

Овој резултат е плод на континуираните напори на општинската администрација за воведување добри практики, отчетност и активна вклученост на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

„Заедно градиме општина со интегритет – за сите граѓани!“, додаде Илиевски, најавувајќи нови активности кои ќе го зацврстат позитивниот тренд.

Општина Брвеница останува посветена на градење транспарентни институции, со цел создавање подобро, поправедно и поквалитетно општество на локално ниво.

Република

Уште од првиот ден ми е почната кампањата, вели Коњановски

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, гостуваше на емисијата „Заспиј ако можеш“ со Драган Милосавлевиќ на ТВ Алфа, зборуваше за актуелното раководење со градот на конзулите, можностите и предизвиците кои ги адресира општината.
„Често користам прилика да им се извинам на граѓаните за потешкотии за ваквиот инфраструктурен бум кој трае уште од почетокот на мојот мандат. Некој ме прашуваат дали сте во кампања или кога почнува – за мене кампањата е почната од првиот ден и не е завршена до крајот на мојот мандат. Секој ден сме на градилиште и секој ден се’ нешто се гради.“ вели Коњановски, зборувајќи за инфраструктурниот бум во Битола

​Во периодот од 2021 до 2025 година, под водство на градоначалникот Тони Коњановски, Општина Битола постигна значителен напредок во реализацијата на инфраструктурни проекти, со зголемена реализација на капитални расходи од 38–64% на над 70% .

Continue Reading

Република

Тони Коњановски: Битола е најтранспарентна општина во Македонија

Published

on

„Општина Битола е на врвот во делот на транспарентноста според анализи на граѓанскиот сектор кој ги проверувал и анализирал овие податоци. На многу наврати сме биле на врвот на таа листа во делот на транспарентноста и буџетското работење. Нема дилеми дека ништо не е скриено, ништо ниту може, ниту треба да се скрие и во навистина во делот на транспарентноста сме во врвот на општините“ одговори градоначалникот Коњановски на шпекулациите поврзани со нетранспарентното и неодговорното финансиско работење на дел од јавните претпријатија на Битола.


Во изминатата година, Општина Битола беше прогласена за најтранспарентна општина во рамките на Република Македонија.

Continue Reading

Република

Само Битола има четири прволигаши, вели Коњановски

Published

on

„Битола како ниеден град во Македонија, има три професионални тимови кои се натпреваруваат во ПФЛ.

Фудбалскиот клуб Пелистер, Еурофарм Пелистер во ракометот, со кој имаме одлична спортска агенда со Еурофарм, а во делот на кошарката истотака се натпреваруваме во првата лига. Во ЛШ скоро имавме ракометни натпревар, а го очекуваме Вардар наредното коло.“ вели Коњановски, кој се гордее со успесите на градските клубови и ја потенцира поддршката и на општината кон нив. Тој дополни дека од неодамна Битола има и прволигаш во женската одбојка.


„Не знам друг град во Македонија кој има четири прволигаши“ заокружи таткото на Битола на емисијата „Заспиј ако можеш“ кај Драган Милосавлевиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк