Connect with us

Црна Хроника

Четири повредени, три со тешки повреди на обиколницата во Скопје

Published

on

Три лица се тешко повредени од несреќата која се случи на скопската обиколница, на потегот од Волково кон Сарај. Според информациите од МВР, автомобил „БМВ“ се превртел, а тешки повреди имаат возачот и неговите двајца сопатници.

„Со телесни повреди се здобил еден сопатник, на кој му е укажана помош во ГОБ ‘8 Септември’“, велат од МВР. 

Засега е нејасно како се случила несреќата. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот.

Извор: Skopje1

Црна Хроника

Балканот во тага и неверување: Почина една од најпознатите српски водителки

Published

on

По кратка, но тешка болест, почина српската водителка и манекенка Даниела Борачeва, пренесуваат регионалните медиуми.

Борачeва беше позната по својот ангажман во промовирањето на здрав начин на живот, како и по издавањето на книгата „Мојот манекенски готвач“, која содржи рецепти и совети за урамнотежена исхрана.

Тажната вест ја соопшти нејзиниот сопруг преку социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака со која ѝ се прости:

„Почивај во мир, кралице“, напиша тој.

Continue Reading

Црна Хроника

Хаос на автопатот Гостивар-Тетово: „Голф“, „БМВ“ и „Хјундаи“ се судрија – еден во тешка состојба!

Published

on

На 15.04.2025 во 19.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопат Гостивар-Тетово, после клучка Камењане, се  случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки,  управувано од  К.А.(30) од Велес, патничко возило „бмв“ со гостиварски таблички, управувано од И.П.(42) ОД Гостивар и патничко возило ,,хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од с.Камењане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Голф“, Е.Е.(36) од Скопје, додека тројцата возачи и една сопатничка од голфот се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Continue Reading

Црна Хроника

Полицаец осомничен за пожарот во „Пулс“ е во бегство!

Published

on

За пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани осомничен е полицаец и истиот е во бегство, официјално потврдија од МВР. Имено од пријавените, лишени од слобода се шест лица, по едно се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка притвор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк