Connect with us

Македонија

Јован Костадинов за МИА: Во Кочани херои беа сите што помогнаа да се спасуваат луѓе

Published

on

Јован Костадинов, кој во пожарот во Кочани, спаси дваесеттина повредени вели дека таа вечер херои биле сите оние што помогнале во спасувањето на повредените.

– На почетокот бев збунет, не знаев што се случува. Мислев дека е тепачка, но потоа кога почна да излегува густ црн чад, сфатив дека е пожар. Нe бев сам, имаше и други херои кои помагаа таму, раскажува Јован за МИА.

Вели дека таа вечер нема да ја заборави до крајот на животот и дека во тој момент не мислел на сопствениот живот, туку на тоа да спаси што повеќе луѓе.

– Беше полошо од хорор филм. Нема да ја заборавам таа вечер до крајот на мојот живот. Во тој момент не мислиш на ништо друго, не размислуваш на тоа дека можеш да го изгубиш сопствениот живот, само гледаш да помогнеш, тогаш не ја гледаш опасноста. Во тие моменти има голем адреналин кај сите и не размислуваш за сопствениот живот, вели младиот Јован, кој е матурант во училиштето „Ванчо Прќе“ во Виница.

Меѓу повредените беше и Јелена Арменска од Берово која успева да се спаси со негова помош. Таа неодамна се врати од лекувањето во Шпанија и за МИА раскажа за кобната вечер, за херојството на нејзиниот другар Јован кој ја спасил, како и за помошта од полицајците и обезбедувањето на клубот.

– Се спасив благодарение на Јован. За среќа имало Господ, јас и моите две другарки се вративме живи и здрави. Хероите беа таму, пожарникарите и обезбедувањето цело време се трудеа, се сеќава Арменска на кобната ноќ.

Таа била првично однесена во комлексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а оттаму нејзиното лекување продолжува во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде останува една недела.

– Првите 10 минути бев свесна, потоа се онесвестив. Бев однесена на Токсикологија, па потоа на Карил, а од таму заминав во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде бев една недела. Таму беше страшно, имаше повредени на кои има беше направена пластична операција, раскажува Арменска.

Таа изрази благодарност до сите кои помогнале нејзината ,,голгота” да помине во најдобар ред, потенцирајќи ја и помошта од сопственикот на компанијата „Зегин“ Благоја Механџиски, кој по потекло е од Малешевијата. Од оваа компанија најавуваат дека целосно ќе ја покријат станарината за младиот Јован кој најверојатно факултетот ќе го продолжи во Скопје.

Македонија

Меџити: Продолжува уредувањето на дел од ободен канал во Арачиново

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за просторно и урбано планирање, Изет Меџити, соопшти дека теренските активности се одвиваат со засилено темпо, како дел од заложбата за подобрување на локалната инфраструктура.

„Продолжува регулацијата на дел од ободен канал во населено место Арачиново!!“, напиша Меџити во објава на Фејсбук.

Оваа инвестиција е дел од конкретни проекти кои имаат за цел подобрување на животните услови и заштита од поплави во ова рурално подрачје, со фокус на основната инфраструктура и управувањето со водите.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се промени: Еве какво време ја очекува Македонија денес и утре, но и каде во Македонија најмногу ќе врне

Published

on

Под влијание на Медитеранска влажна и нестабилна воздушна маса, денес (четврток 17 април) и ноќта кон петок (18 април) во Македонија ќе имаме на повеќе места повремени врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

Особено пообилни врнежи ќе има во западните предели (локално над 20 литри дожд на метар квадратен). Локално во овие предели процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен јужен и југоисточен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината за време на овој Медитерански влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. Повремено и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите и покрај ова, остануваат пролетно високи.

Да напоменам и предупредам, во случај на појава на електрични празнења, апелирам, граѓаните да избегнуваат претсој на отворено и под осамени дрвја, исто така, граѓаните, да ги заштитат своите автомобили поради очекуваниот силен ветер, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Муртезани: Заминувањето на Таравари е дел од договор со Ахмети, не поради фотелји

Published

on

Заминувањето на Арбен Таравари од коалицијата Вреди не е мотивирано од несогласувања околу распределбата на функции, туку најверојатно се должи на договор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за заеднички настап на претстојните локални избори.

Ова го изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во вечерашното гостување на „Топ Тема“ и објасни дека во моментот околу 16 општини имаат албански градоначалници, но шансите тој број да се задржи или зголеми се неизвесни.

Како што рече, не е исклучено победата на некои локации да ја однесе кандидат на ДУИ или независен претставник.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк