Connect with us

Македонија

Јован Костадинов: Нe бев сам, имаше и други херои кои помагаа

Published

on

Јован Костадинов, кој во пожарот во Кочани, спаси дваесеттина повредени вели дека таа вечер херои биле сите оние што помогнале во спасувањето на повредените.

– На почетокот бев збунет, не знаев што се случува. Мислев дека е тепачка, но потоа кога почна да излегува густ црн чад, сфатив дека е пожар. Нe бев сам, имаше и други херои кои помагаа таму, раскажува Јован.

Вели дека таа вечер нема да ја заборави до крајот на животот и дека во тој момент не мислел на сопствениот живот, туку на тоа да спаси што повеќе луѓе.

– Беше полошо од хорор филм. Нема да ја заборавам таа вечер до крајот на мојот живот. Во тој момент не мислиш на ништо друго, не размислуваш на тоа дека можеш да го изгубиш сопствениот живот, само гледаш да помогнеш, тогаш не ја гледаш опасноста. Во тие моменти има голем адреналин кај сите и не размислуваш за сопствениот живот, вели младиот Јован, кој е матурант во училиштето „Ванчо Прке“ во Виница.

Меѓу повредените беше и Јелена Арменска од Берово која успева да се спаси со негова помош. Таа неодамна се врати од лекувањето во Шпанија и раскажа за кобната вечер, за херојството на нејзиниот другар Јован кој ја спасил, како и за помошта од полицајците и обезбедувањето на клубот.

– Се спасив благодарение на Јован. За среќа имало Господ, јас и моите две другарки се вративме живи и здрави. Хероите беа таму, пожарникарите и обезбедувањето цело време се трудеа, се сеќава Арменска на кобната ноќ.

Таа била првично однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а оттаму нејзиното лекување продолжува во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде останува една недела.

– Првите 10 минути бев свесна, потоа се онесвестив. Бев однесена на Токсикологија, па потоа на КАРИЛ, а од таму заминав во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде бев една недела. Таму беше страшно, имаше повредени на кои има беше направена пластична операција, раскажува Арменска.

Таа изрази благодарност до сите кои помогнале нејзината „голгота” да помине во најдобар ред, потенцирајќи ја и помошта од сопственикот на компанијата „Зегин“ Благоја Механџиски, кој по потекло е од Малешевијата. Од оваа компанија најавуваат дека целосно ќе ја покријат станарината за младиот Јован кој најверојатно факултетот ќе го продолжи во Скопје.

Македонија

ЗНАМ: Секој што соработува со ДУИ нема место покрај нас!

Published

on

Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија на синоќешната седница ја разгледуваше актуелната политичка ситуација во Македонија и случувањата во владиниот партнер, Коалицијата Вреди, рече на денешната прес-конференција портпаролот Никола Мемов.

– Движењето ЗНАМ има конзистентност во политиките и одлуката за влез во владата ја донесе врз основа на своја политичка и програмска Платформа, базирана на идеолошки принципи и критериуми – изјави портпаролот.

На седницата, како што соопшти Мемов, биле усвоени следните заклучоци:

– Прво, Движењето ЗНАМ за наша Македонија смета дека случувањата во Коалицијата Вреди се нивно внатрешно прашање. Второ, секој којшто соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во коешто учествува ЗНАМ. Трето, за Движењето ЗНАМ, превирањата во Вреди не се закана за владејачкото мнозинство. Во моментов владината коалиција функционира тековно и без никакви застои. Владата е стабилна со самиот факт што ЗНАМ и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедуваат мнозинство од 64 пратеници и дополнително пратениците во коалицијата Вреди кои ја поддржуваат владата. Исто така, за Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не е прифатлива соработка со поранешни, актуелни и идни функционери, пратеници и членови од редовите на СДСМ за кои има индиции дека учествувале или се дел од организираниот криминал и корупцијата во Република Македонија. За идните случувања во владината коалиција Движењето ЗНАМ за Наша Македонија смета дека тоа прашање е во надлежност на Претседателот на Владата г-нот Христијан Мицкоски – рече Мемов.

На прашањето дали овие ставови значат дека ЗНАМ ќе побара изземање на Таравари од владиниот состав, Мемов одговори:

– Нашиот став е многу јасен, заклучокот број два вели: Секој којшто соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествува ЗНАМ.

На прашањето зошто се вели дека состојбата во Вреди е нивна внатрешна работа, а ЗНАМ изјавува дека некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од Владата, Мемов рече:

– Случувањата во Вреди се нивна внатрешна работа, кој ќе остане како коалиционен партнер во коалицијата Вреди ќе видиме понатаму, ќе покаже времето. Доколку останат сите, тогаш органите и телата на ЗНАМ ќе разговараат и ќе расправаат по тоа прашање.

Запрашан дали ЗНАМ има информација дека Алијанса за Албанците, која е дел од Вреди, има некакви комуникации со ДУИ, Мемов рече:

– Тие самите изјавија дека имаат отворена комуникација.

На прашањето дали во Владата ќе се разговара за овие случувања со премиерот, портпаролот Мемов рече:

– Разговорите и комуникацијата како партнери во Владата е континуирана, таа не престанала никогаш. Сите отворени прашања се дискутираат во рамките на владиното партнерство.

Запрашан за настапот на идните локални избори, Мемов најави дека наредната недела Движење ЗНАМ за наша Македонија ќе ја информира јавноста за тоа прашање.

Continue Reading

Македонија

Почина уште еден пациент повреден од пожарот во Кочани

Published

on

vonredna vest

Денеска претпладне подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани кој се лекуваше во Белград по пожарот во дискотеката „Пулс“, потврди министерот за здравство Арбен Таравари за ТВ21.

Пациентот е роден 2001 година.

Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.

Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. 

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани.

Извор: ТВ21

Continue Reading

Македонија

Касами: Поделбите во коалицијата „Вреди“ нема да ја разнишаат Владата

Published

on

Претседателот на Движење Беса Биљал Касами оцени дека нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците на Таравари самостојно да оди на изборите за совети на општините. Од друга страна дефинитивно нема да има соработка на коалицијата „Вреди“ со АА на Таравари на локалните избори за градоначалници.

– Тоа поглавје е затворено, а ние како коалиција „Вреди“ одлучивме да одиме заедно со градоначалници и со членови на советот и советници, а што се однесува до владина криза, нема таква можност, Владата има стабилно мнозинство. И самиот Таравари кажа дека не е подготвен да излезе од владината коалиција – изјави денеска од Тетово, Биљал Касами.

Според него, владиното мнозинство може и да се зголеми.

– Од друга страна веќе има понуди и барања разговори со други политички фактори во делот на опозицијата кои се подготвени да бидат дел од владиното мнозинство, така да ценам дека оваа ситуација нема да ја разниша и Владата, напротив, владиното мнозинство ќе биде уште поголемо – одговори Касами.

Тој  присуствуваше на отворањето на „Инфо центар” во близина на градскиот плоштад.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк