Connect with us

Македонија

Таравари: Ние сме дел од Влен, ќе бараме решение 

До крај ќе се обидуваме да најдеме решение, во спротивно сами ќе одиме на избори,   рече денеска претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, посочувајќи дека партијата е се уште дел од  Вреди. Тој за разлика од минатата недела кога кажа дека односите во коалицијата, која е дел од владиното мнозинство, има извесни проблеми, односно недостасува синхронизација меѓу партнерите, сега ретерира и пред денешеното Собрание на Алијанса во Гостивар кажа дека ќе се бара начин да се надминат недоразбирањата.

„Ќе се обидеме до крајот да најдеме решение заедно со ВЛЕН-от, ако не, имаме опција да одиме сами на избори“, рече Таравари.

Премиерот Мицкоски не сака да ги коментра состојбите и превирањата меѓу Таравари и останатите партнери во коалицијата Вреди. На шпекулациите дека останатите партнери во Вреди ќе му предложат на премиерот да ја отстрани Алијанса за Албанците од Владата,  Мицкоски  вели дека во јавноста  има многу информации и тој се воздржува  од било какви коментари. Додадав дека најважно е што Владата има стабилно мнозинство.

-Владата функционира обединето, единствено. Оваа Влада има неофицијално чиста дво-третинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат.  За разлика од минатото, кога секој ден на стаклени нозе висеше мнозинството, овојпат тоа е стабилно и треба да ја оставиме Владата да работи како што е досега, порача Мицкоски.

Тараври во изјава за медиумите минатата недела кажа дека недостасува синхронизација меѓу партиите во Вреди.  Се  уште е неизвесно како коалицијата ќе настапи на следните локални избори.  Лидерот на  Алијанса за Албанците потврди дека имал средба со престедателот на Демократско движење, Изет  Меџити, пред неколку дена и дека конструктивно разговарале, а потврди и дека се сретнал со Али Ахмети, кога имал средба со претседателото на Албанија. Денска  на собранието на партијата во Гостивар, Таравари  се појави со Исен Шабани, градоначалник на Врапчиште, кој е  од крилото  предводена од Села, но,  категорично демантираше можно обединување со него.

Advertisement

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг