Connect with us

Македонија

Мицкоски ја повика ДУИ да се врати на зелената агенда и на џогирањето на Водно

Published

on

„Ние ги делиме граѓаните на оние кои се лојални и чесни и коишто додаваат вредност, коишто ги почитуваат законите и Уставот и оние кои што не ги почитуваат и коишто треба да одговараат пред истите тие закони и Устав. Нема тука етнички или политички поделби“, изјави денеска премиерот прашан за обвинувањата од ДУИ дека Владата работи моноетнички 

Примиерот Христијан Мицкоски денеска ги оцени како безпредметни обвинувањата кои доаѓаат од опозициската ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети дека Владата работи моноетнички што има за цел да го преобликува политичкиот модел на државата од мултиетничка во моноетничка демократија

Одговарајќи на новинарски прашања за време на денешната посета на Тетово, премиерот рече дека колку повеќе функционери на ДУИ се фатени во криминал додека ги вршеле своите функции во минатото, толку повеќе ќе се заострува ваквата нивна реторика. 

„Сум ги слушнал јас тие обвинувања од Демократската унија за интеграција кои кога се само во Влада тогаш можат да се размавнат космополитиски, во наводници се разбира, а кога се во опозиција се обидуваат да наметнуваат ваков тип теми во јавноста. Но, ние работиме и докажавме дека работиме неселективно и така и ќе продолжиме. За оваа Влада секој квадратен километар од речиси 26 000 квадратни километри (колку што зафаќа територијата на државата, односно 25 713 километри квадратни н.з.) е важен без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати. Без разлика дали таму градоначалникот е од ВЛЕН, од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ или ДУИ или СДСМ или некој независен, нашиот интерес се граѓаните и така и ќе продолжиме“, кажа премиерот кој денеска беше во Тетово, каде заедно од градоначалникот Билал Касами, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кои се дел од коалицијата „Вреди“, извршија увид  во градежни активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато, прва фаза од Фуштанска до село Порој“.   

Говорејќи на темата, тој додаде, дека на ДУИ ѝ препорачува да се врати на зелената агенда што ја промовираше пред неколку години и така можеби ќе излезе со некоја квалитетна идеја.   

„Помина времето на таков тип поделби, јас ги разбирам, во отсуство на идеи, во отсуство на креација, а исплашени оти гледаат дека конечно одговараат пред законите тие ќе продолжат да наметнуваат вакви теми. Тоа е начинот на политика кои тие одбрале да го водат, што јас мислам дека е погрешен. Јас би ги повикал да се вратат на онаа зелена агенда којашто ја промовираа пред неколку години кога џогираа на падините на скопско Водно, можеби при таков џогинг ќе им се разбистри имот и ќе дадат некоја квалитетна идеја“, изјави Мицкоски.  

Вчерашната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека Албанците во земјава се деградирани и дека се во положба во каква што биле пред 2001 година, Мицкоски ја оцени како безпредметна, бидејќи, како што додаде, ние имаме мултиетничко општество кое треба да го негуваме. 

„Ние ги делиме граѓаните на оние кои се лојални и чесни и коишто додаваат вредност, коишто ги почитуваат законите и Уставот и оние кои што не ги почитуваат и коишто треба да одговараат пред истите тие закони и Устав. Нема тука етнички или политички поделби. Тоа го покажавме и на дело, впрочем човек од моето најблиско опкружување е притворен“, рече Мицкоски, притоа алудирајќи на членот на неговото обезбедување против кого е отворена истрага за одавање на службени тајни.   

Во петокот и лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, ги негираше наводите на дел од партиите на Албанците дека средбата со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Владата била моноетничка. 

Во таа насока, претседателот на СДСМ наведе две работи. 

Рече дека неговиот повик за средба бил до лидерите на сите политички партии, но дека само Мицкоски се одзвал на него, притоа потсетувајќи дека претседателот на една од партиите на Албанците кажа дека тоа би било губење време, алудирајќи притоа на ставот на еден од лидерите на коалицијата „Вреди“ и министер за здравство Арбен Таравари. 

Тој упати нов повик до претседателите на сите поголеми политички партии во следниот период да се состанат на лидерска средба бидејќи, како што кажа, не гледа никаква потреба партиите да се делат на македонски и албански кога станува збор за интересите на државата. 

Извор: 360степени

Македонија

Меџити: Продолжува уредувањето на дел од ободен канал во Арачиново

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за просторно и урбано планирање, Изет Меџити, соопшти дека теренските активности се одвиваат со засилено темпо, како дел од заложбата за подобрување на локалната инфраструктура.

„Продолжува регулацијата на дел од ободен канал во населено место Арачиново!!“, напиша Меџити во објава на Фејсбук.

Оваа инвестиција е дел од конкретни проекти кои имаат за цел подобрување на животните услови и заштита од поплави во ова рурално подрачје, со фокус на основната инфраструктура и управувањето со водите.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се промени: Еве какво време ја очекува Македонија денес и утре, но и каде во Македонија најмногу ќе врне

Published

on

Под влијание на Медитеранска влажна и нестабилна воздушна маса, денес (четврток 17 април) и ноќта кон петок (18 април) во Македонија ќе имаме на повеќе места повремени врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

Особено пообилни врнежи ќе има во западните предели (локално над 20 литри дожд на метар квадратен). Локално во овие предели процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен јужен и југоисточен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.

И во Скопје и околината за време на овој Медитерански влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи. Повремено и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Температурите и покрај ова, остануваат пролетно високи.

Да напоменам и предупредам, во случај на појава на електрични празнења, апелирам, граѓаните да избегнуваат претсој на отворено и под осамени дрвја, исто така, граѓаните, да ги заштитат своите автомобили поради очекуваниот силен ветер, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Муртезани: Заминувањето на Таравари е дел од договор со Ахмети, не поради фотелји

Published

on

Заминувањето на Арбен Таравари од коалицијата Вреди не е мотивирано од несогласувања околу распределбата на функции, туку најверојатно се должи на договор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за заеднички настап на претстојните локални избори.

Ова го изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во вечерашното гостување на „Топ Тема“ и објасни дека во моментот околу 16 општини имаат албански градоначалници, но шансите тој број да се задржи или зголеми се неизвесни.

Како што рече, не е исклучено победата на некои локации да ја однесе кандидат на ДУИ или независен претставник.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк