Connect with us

Магазин

Сите пиеме турско кафе, но никој не знае како правилно се подготвува: Една работа е најважна за фантастичен вкус, а ја знаеле само нашите баби

Published

on

Домаќинско, турско кафе, како што се обично нарекува напитокот што традиционално се подготвува во секое домаќинство, обично се пие наутро и често се смета за мерило на вештината на домаќинката. Ако кафето е добро, во шега се вели дека домаќинката може „да се омажи“, што треба да значи дека ја погодила правилната пропорција на кафе, вода и, ако е потребно, шеќер.

Како се подготвува домашното кафе?

Вообичаена постапка е да се стави вода во ѓезве, по потреба да се додаде шеќер, и да се загрее додека не започне да врие. Потоа се отстранува од оган, се одлива мала количина вода (за да се создаде простор во ѓезвето и да не претече), се додава меленото кафе – на 1 шолја вода оди една поголема лажичка кафе.

Ѓезвето повторно се враќа на оган да се остави смесата да зоврие.

Другата варијанта е да не се одзема вода – ако ѓезвето е поголемо и нема страв дека течноста ќе излие кога ќе зоврие, се додава кафето веднаш и се остава да „се крене“.

Ако треба да им веруваме на експертите, овој начин е погрешен. Како што велат, еден ситен детален чекор во подготовката, една „грешка“, може да го промени вкусот на кафето.

„Кога ќе додадете кафе во водата, не смеете да дозволите да зоврие на оган. Ако зоврие, напитокот ќе има горчлив вкус“, објасни основачот на компанијата „Roaster Coffee“.

Магазин

Откриена планета што можеби крие вонземјани!

Published

on

На планета во соѕвездието Лав многу поголема од нашата се откриени траги на две соединенија што на Земјата ги создава само биолошка активност. Астрофизичарите го сметаат тоа за досега најубедлив доказ дека живот постои надвор од Сончевиот систем. Нема знаци за вонземна цивилизација, но откритието ни помага да одговориме на вечното прашање дали сме сами во Универзумот.

Кај голема планета оддалечена 124 светлосни години астрономи ги откриле досега најцврстите знаци за живот. Кога вселенскиот телескоп Џејмс Веб се фокусирал на планетата К2-18б открил траги од соединенија за кои научниците тврдат дека може да ги создаде само жив свет. Астрофизичарите укажуваат дека присуството на диметил сулфид и диметил дисулфид не се стопроцентен доказ за биолошка активност, но и дека никогаш не биле поблизу до таков заклучок.

На нашата планета сулфидите DMS и DMDS се производ од морскиот фитопланктон и се сметаат за биопотписи на Земјата.

Ова е најсилниот доказ досега за биолошка активност надвор од Сончевиот систем. Ова може да биде точка на пресврт во обидот да одговориме на фундаменталното прашање дали сме сами во Универзумот, изјави астрофизичарот Нику Мадхусудан од Универзитетот во Кембриџ кој ги предводеше набљудувањата. 

Планетата К2-18б во соѕвездието Лав е 2,6 пати поголема од Земјата и девет пати потешка. Околу својата ѕвезда, црвено џуџе двојно помало од Сонцето, орбитира во зона погодна за живот, на далечина со температури што овозможуваат водата да биде во течна состојба.

Уште во 2019 година, кога со вселенскиот телескоп Хабл регистрирал знаци за водена пареа во атмосферата, научниците ја прогласија за „планета најзгодна за населување“ надвор од Сончевиот систем.
Набљудувања со помоќни телескопи покажале дека трагите не биле од вода, туку од метан. Но, откривањето на други соединенија укажува дека К2-18б сепак е покриена со огромен и длабок океан, кој дава услови за биолошка активност.

Наодите укажуваат на концентрации на DMS, DMDS илјадници пати посилни од нивното ниво на Земјата. Калкулациите покажале веројатност од 0,3% дека тие се појавиле случајно, а не како производ на живот како фитопланктоните.

Засега не постои познат процес што може да го објасни ова без биологија, вели Мадусудан.

Не се отфрла можноста дека диметил сулфидот на планетата го донеле удари на комети, но за да се откријат траги би бил потребен неверојатно голем интензитет на бомбардирање. Други астрофизичари потсетуваат дека сè уште поголеми шанси за живот има на Марс и на сатурновиот сателит Енцеладус, отколку на К2-18б.

Невозможно е да се стигне до небесна топка оддалечена 124 светлосни години за да се откријат други детали. Мадусудан забележува дека истражувањето на вселената е важно за нас на Земјата.

Во астрономијата, прашањето никогаш не е како да се стигне таму. Се обидуваме да утврдиме дали законите на биологијата се универзални. Не мораме да се нурнеме во вода за да фатиме риба, вели астрофизичарот од Кембриџ.

Continue Reading

Магазин

“Имам 62 години и совршени заби, никогаш не сум посетил стоматолог, но оваа секојдневна навика никогаш не ја прескокнувам”

Published

on

Пензионер на 62 години за првпат на преглед – со совршени заби

Пензиониран болнички работник од Нотингем, Англија, ги изненади стоматолозите со неверојатно здрави заби – и тоа при својата прва посета на стоматолог на 62 години.

Најџел Волш, дедо на две внучиња, вели дека никогаш не сакал благо и дека секогаш водел исклучителна хигиена – забите ги миел дури пет пати на ден. Првиот пат на стоматолог дошол откако почувствувал силна болка во еден катник, што го принудило да побара итна помош.

„Кога бев дете, не сакав благо, а и не можевме да си дозволиме многу. Затоа и не сум развил навика да јадам слатки,“ раскажува Најџел. „По секој оброк, ги мијам забите – не можам да го поднесам вкусот на храна во уста.“

И покрај тоа што како осумгодишно дете претрпел тешка сообраќајна несреќа и поминал години во физикална терапија, неговите заби останале недопрени.

Посетата на стоматологот – прва во неговиот живот – предизвикала неверување. „Не можеа да поверуваат дека никогаш досега не сум бил на преглед,“ вели тој.

Иако цел живот ги водел своите деца редовно на стоматолог, тој самиот немал потреба – сѐ до неодамна.

Сега, кога конечно направил својот прв стоматолошки преглед, низ насмевка додава: „Ќе одам на преглед, но не очекувајте дека ќе морам пак наскоро.“

Continue Reading

Магазин

Денес е ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Првото вапцано јајце има волшебна моќ – еве што треба да направите со него

Published

on

Велики четврток: Денот кога се вапцуваат велигденските јајца и се чуваат вековни обичаи

Денеска е Велики четврток – денот кога традиционално се вапцуваат велигденските јајца. Се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, која според христијанското верување е исполнета со настани од клучно значење за спасението на човештвото.

Главниот обичај поврзан со денешниот ден е токму вапцувањето на јајцата. Според традицијата, прво се бојат три јајца: едното за Господ – познато како „Господово јајце“, второто за домаќинот, а третото за здравје на стоката и бериќет. Особено место има првото јајце – „јајцето првак“, за кое се верува дека има посебна магиска сила. Се чува пред иконата, се користи за лекување, за заштита од несреќи и природни непогоди, и често останува свежо и по неколку години.

Според обичајот, јајцата ги бојадисува домаќинката уште пред изгрејсонце. Се верувало дека ако се вапсаат подоцна, ќе се расипат. Пред да започне, таа мора да вкуси барем залак леб – вапсувањето на гладно срце се сметало за лош знак, дури и опасен.

Во многу краеви низ Македонија, првото јајце се става во сито и се закачува на дирек од куќата, спроти изгрејсонцето. Во ситото понекогаш се додаваат и жито, срп или други симболи за плодност и благосостојба. Се покрива со црвен појас или ткаенина – бојата на животот и заштитата.

По ритуалот, домаќинката го зема јајцето првак и пред изгрејсонце, уште додека децата се во постела, им го минува по лицето трипати, изговарајќи: „Црвено, бело, дебело“ или „Црвено, бело, здраво и живо“ – за да бидат здрави, со румени образи и среќен живот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк