Connect with us

Македонија

Малата Мила спие на душек ставен на цигли – помогни да има дом!

Published

on

Во распадната куќа без под, без прозорци и без храна, едно бебе расте во страв и студ. Семејството бара само едно – покрив и топлина за Мила. Помогни!

Мила има само еден месец. Родена е во сиромаштија, во распадната куќа во селото Дулица, далеку од сè што значи безбедност. Спие на стар душек ставен на цигли, под дупчест таван, опкружена со студ и влага. Нејзините родители, Ерика и Здравко, млади и полни со љубов, но и со здравствени потешкотии, немаат средства ни за храна, ни за греење, ни за основни услови. Ако Мила се разболи, нема каде – нема пат, нема такси, нема доктор. А времето до градот пеш е предолго за толку мал живот.

Семејството моли за помош – не за луксуз, туку за шанса. Во Виница имаат стара недовршена куќа. Ако се уредат само две соби, ќе можат да се преселат поблиску до амбуланта, до продавница, до иднина. За Мила. Да не расте во студ, да не живее во страв. Секоја донација, секое споделување, секој добар збор – е чекор кон дом за едно бебе кое го заслужува светот.

За да можат Ерика, Здравко и малата Мила да се преселат во куќата во Виница и да започнат нов, побезбеден живот, потребни се 300.000 денари. Со тие средства ќе се уредат две соби – ќе се постави под, ќе се санира кровот, ќе се вградат прозорци и врати, ќе се обезбеди основен мебел и поврзување со вода и струја. Сè што е неопходно за едно бебе да расте во топлина и сигурност. Ова семејство не бара многу – само услови да живеат достоинствено и да ја заштитат својата ќерка.


—————————————————

💳 Донирај и помогни со картичка, со сума од 100 до 6000 денари на ден по картичка
🏦 Донирај на банкарска сметка на ФОндацијата: 270078016610134 (опис: За Мила). Молиме оваа опција да се користи само за суми на 6000 денари, за помали суми тука се онлајн донирањето со картичка.

ЛИНК ЗА ДОНАЦИЈА – КЛИКНИ И ДОНИРАЈ 

Македонија

ВИДЕО: Се степаа возачи во долгите колони на „Табановце“, за влез во Македонија се чека два часа

Published

on

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот премин „Табановце“ за влез во Македонија, а според сведоштвата на луѓе кои по 18 часот ја поминале границата, се чека повеќе од два часа.

Читатели на „Слободен печат“ велат дека се создала голема нервоза помеѓу возачите, а имало дури и неколку физички пресметки. Тие ни испратија снимка од еден од овие инциденти, причинети од расправии за место во долгите колони.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Македонија

ЧЕТИРИ ПОЛНИ ЛЕНТИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА Започна велигденската миграција кон Грција

Published

on

Според видеоснимката од безбедносната камера поставена на преминот, се гледаат четири полни ленти со возила кои чекаат за излез од земјата.

На граничниот премин „Богородица“, денеска попладне се создаде значителна гужва, откако голем број македонски граѓани тргнаа на пат кон соседна Грција, каде ќе го поминат продолжениот велигденски викенд.

Според видеоснимката од безбедносната камера поставена на преминот, се гледаат четири полни ленти со возила кои чекаат за излез од земјата.

Патниците главно се семејства и помали групи кои го користат празничниот период за одмор, најчесто на грчките плажи и викенд-дестинации како Паралија, Лептокарија, Олимпик Бич Олимпик Бич, Неи Пори…

Продолжениот празничен викенд ќе трае до понеделник, а засилен сообраќај назад во земјата се очекува во недела попладне и понеделник навечер.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше резултатите од четиридневната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), на која пред инвеститорите беа изложени повеќе инфраструктурни проекти, како што се оние од транспортот, енергетиката и туризмот. Меѓу проектите кои привлекле внимание се коридорите 8 и 10, како и инвестиции во Охрид, Попова Шапка, Чебрен и Галиште.

„Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија и работиме на тоа да се најдеме на мапата на светските инвеститори“, истакна премиерот Мицкоски.

Во изјавата, Мицкоски истакна дека оваа посета, која ја оствари со тимови од Владата и неговиот Кабинет, беше исклучително успешна и ќе претставува значаен чекор напред за македонската економија.

„Разговаравме за инфраструктурни проекти, вклучувајќи ги коридорите 8 и 10, и важното продолжување на коридорот 10-д. Понатаму, дискутиравме за инвестиции во туризмот, особено за нашиот бисер – Охрид, но и за Попова Шапка како важен туристички потенцијал“, додаде Мицкоски.

Тој истакна дека биле разгледувани и можности за изградба на значајни проекти во градежништвото кои ќе станат препознатливи не само во Македонија, туку и на Балканот и пошироко.

„Истовремено, дискутиравме и за инвестиции во енергетиката, посебно хидроцентралите на Река Црна – Чебрен и Галиште, како и потенцијалот за нови соларни и ветерни капацитети“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека посетата е оценета со највисока оценка, како економски така и политички успех, бидејќи повторно се воспоставува близок однос со Обединетите Арапски Емирати, по долгата пауза во соработката.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк