Connect with us

Свет

Британски медиуми открија детали за специјалното оружје на Украина: 15.000 тивки убијци ќе бидат распоредени на клучни точки, ова ќе биде нивната главна цел

Published

on

Украина започна со распоредување на до 15.000 вооружени борбени роботи, познати како “тивки убијци”, во обид да ја запре руската офанзива на источниот фронт која продолжува да бележи успех и да се шири длабоко во украинската територија, објави британскиот таблоид Daily Mirror, повикувајќи се на доверливи украински извори.

Роботите-војници се дизајнирани да ја поддржат војската во рововите и да помогнат во урбаните конфликти, а како што се надеваат украинските воени команданти, тие би можеле да претставуваат клучен пресврт во борбите кои сè повеќе се водат од засолништа и на кратки дистанци. Ова претставува чекор напред во високотехнолошкото војување.

Роботите се опремени со оружје и сензори, можат да се движат по нерамниот терен и функционираат и за време на ден и ноќ.

Еден од најистакнатите модели е “Лутиот”, вооружен со пушка кал. 7,62 мм (и истиот кал. се користи за АК47), кој се користи за извидување, поддршка на напади и прецизно дејствување.

Украинските сили им дале на овие мобилни оружја посебна улога во воената тактика – да нападнат од неочекувани правци и да го одвлекуваат вниманието на руските трупи, пишува британскиот весник.

Роботите се контролираат на далечина, што овозможува на операторите да бидат безбедни, додека значително го намалуваат ризикот за човечките ресурси, што е особено значајно поради големите украински загуби во последно време, нагласува Daily Mirror.

Според воени извори, Украина значително ги проширила капацитетите за производство на UGV (Универзални земски роботи) во тајни фабрики низ земјата, кои користат тивки електрични мотори, што им овозможува долго време да функционираат, дури и при температури до -20 степени Целзиусови, што е значајна карактеристика за територијата на Украина и Русија, каде температурите често паѓаат под нула, пишува Mirror.

Министерството за одбрана на Украина инвестирало повеќе од 140 милиони евра во роботизирани воени системи само во првиот квартал на 2025 година.

Ова е најголемата инвестиција во воената автоматизација досега, а Киев верува дека масовната употреба на роботи ќе биде пресврт за моменталната ситуација на фронтот во нивна корист.

Покрај познатите модели, се верува дека постојат и неколку прототипови и оперативни верзии на UGV кои брзо се тестираат и воведуваат во употреба.

Според тврдењата на британскиот весник, роботите во современото војување играат сè поголема улога во урбаните конфликти, заменувајќи ги војниците во најопасните мисии кои бараат борба “лице в лице”.

Свет

Зеленски со нови обвинувања кон Кина: “Имаме информации дека Кина ѝ испорачува оружје на Русија”

Published

on

Зеленски: Имаме информации дека Кина ѝ испорачува оружје на Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска излезе во јавност со тврдење дека Украина конечно добила информации според кои Кина ѝ испорачува оружје на Руската Федерација. Според него, се работи конкретно за барут и артилериско оружје.

– Добивме општи податоци од безбедносните и разузнавачките служби за испораки на барут и артилерија од Кина за Русија. Подготвени сме следната недела подетално да зборуваме за тоа, особено за доказите врз основа на кои веруваме дека кинески претставници учествуваат во производството на одредени видови оружје на руска територија – изјави Зеленски, пренесе Ukrinform.

Тој потсети дека уште во текот на руската агресија разговарал со кинеското раководство, при што директно прашал дали постои соработка со Русија во областа на вооружувањето. Тогаш, како што рече, добил уверување дека Пекинг нема да испраќа ниту да продава оружје на Москва.

– Едно е кога кинеска опрема завршува на пазарите за оружје, купена од Русите или преку трета земја. Но, сосема друго е кога станува збор за директна соработка меѓу две држави во оваа насока. Тоа веќе не е обично криумчарење – тоа е факт. И мораме да го признаеме. Некои документи поврзани со ова ќе можеме да ги објавиме следната недела – додаде Зеленски.

Според претходни информации објавени од Ukrinform, Вооружените сили на Украина во областа Доњецк заробиле двајца кинески државјани.

Еден од нив, маж роден во 1991 година, рекол дека бил невработен и дека бил регрутиран од руски претставници директно во Кина. Во февруари 2025 година пристигнал во Москва за да потпише договор. Тврди дека претходно немал никакво борбено искуство, ниту пак држел оружје во рака.

Вториот, роден во 1998 година, влегол во Русија во декември 2024 година како турист. Подоцна, според неговото сведоштво, аплицирал за служба по оглас кој го видел на интернет, со ветување за исплата од два милиони рубљи (околу 21.500 евра).

Continue Reading

Свет

Европа може да здивне: Трамп ги сподели најдобрите вести за Европската Унија

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази „100 проценти“ сигурност дека ќе се постигне трговски договор во тековниот царински спор со Европската унија, за време на средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Белата куќа.

– Ќе има трговски договор, 100 отсто, рече Трамп.

На новинарско прашање што ќе се случи ако не се постигне договор по 90-дневната пауза што ја најави, Трамп одговори самоуверено, речиси со потсмев.

– Мислите дека нема да има договор? Секако дека ќе има. Многумина сакаат да постигнат договор. И ќе го направиме – но фер договор, рече тој.

Минатата недела, по турбуленции на берзите, Трамп неочекувано одобри 90-дневна пауза од дел од царините за неколку земји, вклучително и ЕУ. Овие царини беа воведени како одговор на трговскиот дефицит со тие земји, со исклучок на Кина.

Како одговор, и ЕУ најави дека ќе ги замрзне планираните одмазднички царини кон САД за истиот период.

Continue Reading

Свет

Француските власти открија кои стојат позади нападите на неколкуте француски затвори: Направиле кобна грешка пред нападот

Published

on

Францускиот министер: Наркокартелите стојат зад нападите врз затворите – обвинителството за тероризам ја презеде истрагата

По серијата координирани напади врз затвори низ повеќе градови во Франција, министерот за внатрешни работи, Бруно Ретајо, изјави дека Националното обвинителство за борба против тероризмот веќе презема активности и располага со потребните ресурси за справување со ситуацијата.

Ретајо, во изјава за RTL, нагласи дека зад нападите најверојатно стои нарко-мафијата. „Моето цврсто убедување, кое го делат и повеќе агенти од Министерството за внатрешни работи, е дека имаме работа со таканаречениот ‘нарко-олош’. Тие можеби не ни објавија војна, но ние ним – да, преку законите за борба против трговијата со дрога“, рече тој.

Од неделата досега, нападнати се околу десет затвори, но изминатата ноќ поминала мирно. Министерот истакна дека сторителите ќе бидат пронајдени, потсетувајќи на апсењето на бегалецот Мохамед Амра во Романија.

Иако засега нема уапсени, истрагата не ја исклучува можноста за вмешаност и на екстремната левица, како ни на странски фактори. Сепак, Ретајо смета дека најверојатна е поврзаноста со криминални наркоструктури.

„Се работи за луѓе без капацитет – им било наредено да ги палат автомобилите на чуварите, а тие запалиле возила на затвореници“, изјави тој со доза на иронија.

Француското обвинителство за борба против тероризмот официјално отвори истрага во вторникот, откако изминатите денови беа извршени напади на затвори во неколку градови. Првиот инцидент се случи во неделата во Ажен, каде беа запалени седум возила пред Националното училиште за кадри во затворската служба (ENAP).

Во ноќта меѓу понеделник и вторник, напади беа регистрирани и во Тулон, каде се пукаше кон затворската ограда со автоматско оружје, како и во Нантер, Марсеј и Ним, каде беа запалени возила на затворски паркинзи.

Извори блиски до истрагата посочуваат дека нападите биле координирани и претставуваат реакција на заострувањето на затворскиот систем, односно воведувањето на затвори со највисоко ниво на безбедност и новата стратегија на Министерството за правда во борбата против трговијата со дрога.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк