Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски со нова мерка: Финансиска помош за набавка на огревно дрво за жителите на Кисела Вода

Published

on

Општина Кисела Вода продолжува со социјално одговорните политики и финансиска поддршка за своите граѓани. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави дека денес е распишан јавен повик за субвенционирање на трошоците за огревно дрво за грејната сезона 2025 година.

„Континуирано покажуваме дека навистина се грижиме за граѓаните. Обезбедуваме нова помош за оние кои се греат на дрва, но тука не застануваме. Ќе продолжиме и со останатите субвенции – за пелети, фасади, пензионери со ниски примања, како и за возачки дозволи за сите матуранти“, изјави Ѓорѓиевски.

Граѓаните кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април до 31 октомври 2025 година ќе имаат право да аплицираат за поврат на средства до исцрпување на буџетот од 1.200.000 денари. Субвенцијата изнесува 500 денари по купен метар кубен (m³), максимум до 10 метри, или 350 денари по просторен метар, максимум до 14 просторни метри.

Сите жители на Кисела Вода кои ги исполнуваат условите и достават валидна документација можат да аплицираат преку Архивата на општината, по принципот „прв дојден – прв услужен“. Повикот ќе трае до 31 октомври или додека не се потрошат предвидените средства.

Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на Општината: општина Кисела Вода – јавен повик или преку месните заедници. За прашања, граѓаните можат да се обратат и на телефонскиот број 02 2785-427.

Скопје

Изгоре познат ресторан во Центар, се истражува дали пожарот бил подметнат

Published

on

Во раните утрински часови денеска, околу 03 часот, во скопскиот Центар изби пожар кој целосно зафати угостителски објект на улицата „50-та Дивизија“, во непосредна близина на Клиничкиот центар. Станува збор за познат ресторан, кој бил целосно опожарен.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. За среќа, при интервенцијата не се регистрирани повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а според првичните информации постојат сомнежи дека пожарот можеби бил подметнат. Се работи на утврдување на причините за избувнување на огнената стихија.

Полицијата продолжува со истрагата.

Continue Reading

Скопје

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Published

on

evn

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (четврток), без напојување со електрична енергија ќе останат:

– Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с.Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана (општина Сарај)

– Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски (општина Чаир)

–  Oд 09:00 до 15:30 часот,с.Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово (општина Сопиште)

– Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Наум Чакаров бр.1-5 и ул.Борис Сарафов бр.105-121 (општина Ѓорче Петров)

– Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во с.Побожје, пат кон Бутел (општина Чучер Сандево).

Continue Reading

Скопје

Пожар во скопски ресторан

Published

on

Во центарот на Скопје изгоре угостителски објект. Станува збор за познат ресторан на улицата „50-та Дивизија“ во непосредна близина на Клиничкиот Центар во Скопје.

Пожарот е изгаснат, а има сомнежи дека е подметнат. Полицијата истражува како избувнал.

Денеска (16.04.2025) околу 03 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк