Connect with us

Скопје

Субвенција од 500 денари за секој купен кубик огревно дрво

Published

on

Субвенција од 500 денари за секој купен кубик огревно дрво за жителите на Кисела Вода.

Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира трошоците за огревно дрво за своите жители. Сите граѓани кои ќе купат дрва за огрев во периодот од 1 април 2025 до 31 октомври 2025 година, можат да аплицираат на јавниот повик за добивање на поврат на средства, до исцрпување на предвидениот буџет од 1.200.000 денари.

– Субвенцијата изнесува 500 денари за секој купен кубен метар огревно дрво. Оваа сума се однесува за купени до 10 кубици дрва, или 350 денари за секој купен просторен метар дрва, за максимум до 14 просторни метри. Право на учество имаат сите жители на Општина Кисела Вода кои ќе достават валидна документација и ќе ги исполнат критериумите. Апликациите се поднесуваат во затворен плик преку Архивата на општината, по принципот „прв дојден – прв услужен – велат од општина Кисела Вода.

Јавниот повик трае до 31 октомври 2025 година или до исцрпување на средствата. Информациите се достапни и преку локалните месни заедници. За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на тел: 02 2785-427

– Континуирано покажуваме дека Општина Кисела Вода вистински се грижи за граѓаните. Затоа повторно обезбедуваме субвенции за огревно дрво, со цел финансиски да им помогнеме на нашите сограѓани кои го користат овој енергенс за загревање. Покрај оваа мерка, ќе ги продолжиме субвенциите за пелети и печки на пелети, за енергетска обнова на фасади, а од годинава субвенции имаме и за пензионери со ниски пензии, како и субвенции за возачки дозволи за сите матуранти. Наскоро ќе излеземе и со нов сет мерки со кои дополнително ќе го олесниме секојдневието на нашите граѓани – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Извор: Вечер

Скопје

Изгоре познат ресторан во Центар, се истражува дали пожарот бил подметнат

Published

on

Во раните утрински часови денеска, околу 03 часот, во скопскиот Центар изби пожар кој целосно зафати угостителски објект на улицата „50-та Дивизија“, во непосредна близина на Клиничкиот центар. Станува збор за познат ресторан, кој бил целосно опожарен.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. За среќа, при интервенцијата не се регистрирани повредени лица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а според првичните информации постојат сомнежи дека пожарот можеби бил подметнат. Се работи на утврдување на причините за избувнување на огнената стихија.

Полицијата продолжува со истрагата.

Continue Reading

Скопје

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Published

on

evn

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (четврток), без напојување со електрична енергија ќе останат:

– Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с.Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана (општина Сарај)

– Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски (општина Чаир)

–  Oд 09:00 до 15:30 часот,с.Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово (општина Сопиште)

– Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Наум Чакаров бр.1-5 и ул.Борис Сарафов бр.105-121 (општина Ѓорче Петров)

– Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во с.Побожје, пат кон Бутел (општина Чучер Сандево).

Continue Reading

Скопје

Пожар во скопски ресторан

Published

on

Во центарот на Скопје изгоре угостителски објект. Станува збор за познат ресторан на улицата „50-та Дивизија“ во непосредна близина на Клиничкиот Центар во Скопје.

Пожарот е изгаснат, а има сомнежи дека е подметнат. Полицијата истражува како избувнал.

Денеска (16.04.2025) околу 03 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк