Connect with us

Скопје

Демолирањето на детска градинка не е само вандализам, тоа е директен напад врз иднината на нашите деца – Јавноста револтирана по случајот во Бутел

Жителите на скопски Бутел, но и воопшто жителите на Скопје, згрозени од најновиот случај на вандализам во нова детска градинка во оваа скопска општина. 

„Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили“, информираше градоначалникот Дарко Костовски.

Жителите револтирани. Бараат санкции за строителите. Еве дел од нивните коментари: 

– Самите слики кажуваат се. Искрено ги жалам сторителите,но и се надевам дека еден ден ке пишуваме,сликаме и раскажуваме кога некој нешто ке поправи исчисти или пак ке помогне на некој. Дотогаш таму сме каде што заслужуваме да сме. 

– Се’ да платат што оштетиле или тие или нивните родители, ако се малолетни, плус големи казни, за сите комплет, за никогаш веќе да не помислат. Па уште и се потпишале, дивјаци.  Додека не почнат казни, ама сериозно да се казнува, вака се за кратко време ќе уништуваат.

– Ова што се случува е срамота од највисок степен. Демолирањето на детска градинка не е само вандализам – тоа е директен напад врз иднината на нашите деца. Лицата што стојат зад ова дело покажаа целосна незаинтересираност за заедницата и непочитување кон најмладите. Најстрого да бидат казнети да им се покаже дека ваквите постапки немаат место во ова општество. 

– За жал, долго време сме опкружени сме со деликвенти, кои никако да се најдат зад решетки! Не е страшно, што искршиле нешто, ќе се среди.. Ме загрижува која е пораката, и кому се испраќа! Дали ова е доволно, за да ескалира ситуацијата! Сеуште народот не е соземен од последните трагедии и можно е некој погрешно да суди… Секој нормален, лојален, ѓраѓанин, овој вандализам го казнува, затоа што ова сите го плаќаме сите ние граѓаните, не паѓаат пари од небо, нели?

– Страшно! Зарем нема веќе човечност!? Кој може да добие желба да уништува нешто толку убаво.

– “И на славеј, камен фрла некој”, многу нелуѓе се намножија, верувам дека ќе бидат фатени и најстрого казнети. Да се санира и од тоа место што побрзо да слушаме детски џагор и смеа. 

– Не е до системот! До народот е! Изгубени се сите човечки вредности! Омразата, насилството за жал царуваат! Бог да ни е на помош! 

– Строго да се казни со затвор, но и да ја платат штетата, без строги казни не се опаметуваме, пример нека бидат западните држави каде што со казни ги научиле на ред. 

– Деструктивност! Толку многу труд, работа влог за идните генерации, а да не се цени. Секој дома да си поразговара со своите деца, да се најдат сторителите, казнат и да понесат одговорност за стореното! 

– Камери има секаде, вратете ги, видете кој бил, ако се малолетници ќе си платат родителите,ако се полнолетни они ќе платат, и плус малку одмор во Идриз Бег нема да им штети.

Advertisement

Скопје

Николоски: Карпош добива нов урбан лик со реконструкција на над 15 улици

Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош.

Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

“ Ова беше заглавен проект, ова беше проект без разлика што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Откако беше избран за градоначалник, заедно со службите во општината, успееја да ги решат сите предизвици на овој проект, да се решат проблемите и еве веќе се гради и ако се оди добро и не послужи времето до Нова година може да се заврши оваа улица, паркингот зад зградите и да се добие нов урбан лик на овој простор. Сакам да најавам дека дополнително на ова имаме уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од над 13 милиони денари, тоа е улицата Петар Чаулев, целосна реконструкција околу 600 метри што дополнително се надевам ќе допринесе за урбаниот развој на општината. На тоа додаваме уште дванаесетина проекти кои што ги резлизираме преку вториот повик на Владата и севкупно имаме значајни проекти за општина Карпош. Тука е и подршката на Владата, мојата лична подршка за дополнителни работи кои треба да ги направиме во Карпош. Со изборот на новиот градоначалник, со неговата напорна работа се гледаат промените и навистина сите имаме желба да помогнеме и да се случуваат убави работи во општина Карпош”-изјави вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Скопје

Прекин на електрична енергија денеска во Горно Нерези, Глуво и Мирковци

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информира, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, дека денес од 9:00 до 15:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за корисниците од неколку населени места.

Прекинот ги опфаќа корисниците од селото Горно Нерези и корисниците од селата Глуво и Мирковци.

Станува збор за планиран прекин, а корисниците се повикуваат на трпение до завршувањето на работите.

Continue Reading

Скопје

Жителите на одредени делови од Аеродром денес без вода

voda

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираше за привремен прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците лоцирани на булеварот „АСНОМ“, во населбата Аеродром.

Прекинот, кој започна вечерва во 18:45 часот, е предизвикан од уличен водоводен дефект на цевка со дијаметар Ф100 мм, конкретно кај број 74 на булеварот.

Погодени корисници ќе бидат корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од број 70 до број 116.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се на терен и работат на отстранување на дефектот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на работните активности, за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг