Connect with us

Република

Коњановски во увид на градежните активности во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска изврши теренски увид на градежните активности на неколку локации во градот, вклучувајќи ги улиците 11-ти Март, 8-ми Септември и Стив Наумов.

Реконструкцијата започнува од ул. 11-ти Март, која е прва од низата улици опфатени со новиот инфраструктурен план за подобрување на уличната мрежа во овој дел од градот. Според најавите, по завршувањето на оваа фаза, ќе следува целосна реконструкција и на неколку други улици.

Во исто време, интензивно се работи и на булеварскиот влез од правецот на Прилеп, а на ул. Стив Наумов градежните активности се во финална фаза, при што се работи на последната делница.

Градоначалникот Коњановски изрази задоволство од динамиката на работите и најави продолжување на инфраструктурните зафати со цел подобрување на квалитетот на живот во урбаните и приградските зони на Битола.

Република

Проданоски ги отвори вратите на Општината за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и надлежностите на градоначалникот.

Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со работата на општината, поставувајќи бројни интересни и искрени прашања, на кои градоначалникот одговараше низ пријатен и едукативен разговор.

Проданоски истакна дека ваквите средби се особено значајни, бидејќи ја поттикнуваат младата генерација да развива интерес за општествените процеси и институциите.

„На младите им припаѓа иднината, а наша обврска е континуирано да работиме на подобрување на условите за живот и создавање подобра и посигурна иднина за нив“, порача градоначалникот Проданоски.

Continue Reading

Република

Општина Битола инсталира фотоволтаици во уште три училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на договорот со Фондацијата Отворено Општество, со кој Општината ќе добие донација за поставување фотоволтаици на уште две основни училишта – „Св. Климент Охридски“ и централното училиште „Даме Груев“.

Анексот претставува дополнување на претходниот договор, со кој минатата година беа инсталирани фотоволтаици на шест основни училишта во градот.

Во рамки на заложбата за искористување на обновливата енергија, Општината ќе постави фотоволтаици од сопствени средства и на една од зградите на основното училиште „Гоце Делчев“.

Овој проект е дел од стратегијата на Општина Битола за поддршка на одржливи решенија и намалување на трошоците за енергија во образовните институции.

Continue Reading

Република

Општина Битола: Панел дискусија за унапредување на услугите од јавните претпријатија

Општина Битола и Советот на Општина Битола организираат панел дискусија на тема „Како до подобри услуги за граѓаните од јавните претпријатија“, со цел отворање поширока јавна дебата за улогата и предизвиците на јавните претпријатија како сервис на граѓаните.

Во изминатиот период, јавните претпријатија се соочија со сериозни предизвици, почнувајќи од последиците од ковид пандемијата, преку енергетската криза, до напорите за нивна финансиска и организациска стабилизација. Токму овие состојби ја наметнуваат потребата од системско унапредување на квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните.

На панел дискусијата ќе учествуваат градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, директорите на јавните претпријатија, како и експерти од областа. Отворена е покана и за поранешни директори, пратеници, советници, претставници на граѓански организации и медиумите, со цел да се обезбеди инклузивна и конструктивна расправа.

Настанот ќе се одржи в петок, на 19 декември, со почеток во 13:30 часот, во киното „Манаки“ во Битола.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг