Connect with us

Република

Утре без струја делови од Тетово и околината

На 16 април (среда), повеќе делови од Тетово и околните населени места ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија.

Во периодот од 08:00 до 15:30 часот струја ќе нема во село Ѓепчиште, освен објектите што се наоѓаат на патот за село Непроштено. Истовремено, без струја ќе бидат и млечарата „Алпи“, бензинската пумпа во Ѓепчиште, пиланата, како и фирмите „Микели 2“, „Згими“ и млин Ѓепчиште.

Од 08:00 до 15:30 часот струја нема да има и во објектот „Меда 3“ во Тетово, додека од 09:00 до 10:30 часот без напојување ќе биде дел од населбата Мала Речица, особено објектите во близина на „Шулани маркет“.

Од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат:

дел од улицата Киро Ристовски – Дрнц, во близина на маркетот „Вока“, дел од градот Тетово, во близина на Скопска Пивара – магацин Тетово, дел од село Ѓепчиште, објектите во близина на гробиштата.

Во село Требош, објектите кои се наоѓаат во центарот на селото ќе бидат без струја од 09:30 до 14:00 часот.

Пократок прекин ќе има и во Тетово, во објектот на Зулфи Јонузи кај „Сага“, од 12:00 до 13:00 часот.

Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и активности согласно најавените прекини во напојувањето со електрична енергија.

Advertisement

Република

Повеќе делови од Тетово утре без електрична енергија

Повеќе делови од Тетово утре, 17 декември 2025 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

Според најавата, прекините ќе се одвиваат во периодот од 09:00 до 14:30 часот и ќе зафатат различни делови од градот. Без струја ќе бидат објекти на улицата „Борис Кидрич“, како и делови во кругот на поранешната печатница „Напредок“.

Дополнително, прекин е најавен и за делови од Тетово во населбите Два Бреста и Певчина, каде електричната енергија ќе биде исклучена во периодот од 09:20 до 13:00 часот.

Од надлежните служби информираат дека станува збор за планирани активности и апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски.

Continue Reading

Република

Лажни дојави на бомби: како се обезбедуваат училиштата во Македонија

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека лажни дојави на бомби се забележани во повеќе градови и дека секогаш се постапува согласно антитерористички протоколи, без разлика дали дојавата е во училиште или на друго место со поголем број граѓани.

Министерката за образование и наука, Јаневска, истакна дека упатството за постапување по дојави на бомби е доработено и доставено до сите училишта, но МОН нема прецизна информација како се спроведува на терен. Таа посочи на несоодветна комуникација помеѓу врвните институции и локалните структури, додавајќи дека обврски имаат и градоначалниците и директорите на училиштата, особено во делот на евакуацијата и превозот на учениците.

„Сакам да ве уверам дека постапуваме согласно стандарди и протоколи како и останатите европски земји, делуваме превентивно и со целосна грижа за безбедноста на граѓаните, особено на децата“, изјави Тошковски. Тој додаде дека при појава на проблеми, тие се решаваат во најбрзо време и дека безбедноста на учениците останува прв приоритет.

Министерот потенцираше дека МВР сега многу поефикасно се справува со лажните дојави и дека максимално се преземаат сите дејствија во надлежност на министерството.

Continue Reading

Република

Намалена видливост поради магла: внимателно на овие патишта

Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со претежно суви коловози, додека надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува возачите да се движат со прилагодена брзина, да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од одрони.

Посебна внимателност се советува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг