Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Исчезна момче од неготинско, семејството моли за помош!

by
2025/04/16 09:51:00
in Uncategorized
Исчезна момче од неготинско, семејството моли за помош!

Исчезнато лице од Тремник – семејството апелира за помош

Диме Стојамиров, 22-годишно момче од селото Тремник, Неготино, е исчезнат од вчера попладне, околу 14 часот. Според кажувањата на неговиот чичко Симе, Диме излегол од дома и се упатил во непознат правец. Неговото исчезнување веднаш било пријавено на бројот за итни случаи 112.

„Диме е лице со попреченост, но никогаш досега не се случило да не се врати толку долго. Излезе околу 14 часот, а штом забележавме дека го нема, веднаш алармиравме“, раскажува загрижениот чичко.

Синоќа беа вклучени и стручни екипи за потрага, со употреба на дрон, но засега без успех. Некои луѓе од околината рекле дека вчера попладне, помеѓу 15 и 16 часот, го виделе Диме како се движи по стариот пат кон селото Дисан. Не знаеле дека се води потрага, инаку би реагирале.

Семејството упатува апел до јавноста – доколку некој го забележи Диме, да се обиде да го задржи и веднаш да ја извести полицијата или чичкото Симе на бројот 075 570 354.

„Во минатото знаел да излезе сам, но никогаш за вака долго време. Не реагира кога ќе му се обратиш, па затоа е важно ако некој го види, да не го пушти сам, туку да повика некој од нас или полиција“, додава Симе.

Во моментот на исчезнувањето, Диме бил облечен во сива блуза, темно сини тренерки и влечки. Се движи полека, па се претпоставува дека не може да отишол многу далеку. Семејството е видно вознемирено, особено бидејќи не се знае каде ја поминал ноќта.

„Бараме помош од јавноста, секое споделување на фотографијата и информациите ни значи многу. Може да помине покрај некого, а ако не знаат дека го бараме, нема ни да реагираат. Ве молиме, помогнете“, апелира чичкото.

Доколку имате било каква информација, освен контактот со семејството, може да се јавите и директно во полиција.

Next Post

МВР: Јавниот обвинител Коцевски не ја наруши полициската акција во Кочани

Детална временска прогноза за Македонија: Еве какви температури не очекуваат во следниов период

Детална временска прогноза за Македонија: Еве какви температури не очекуваат во следниов период

Препорачани Вести

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди Еквадор

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди Еквадор

8 months ago

Романија подготвува законска основа за можна национализација на средствата на Лукоил

4 weeks ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.