Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Божиновска со амбасадорките на WOBA – лидерството не е машка привилегија

by Уредник
2025/04/17 11:43:00
in Uncategorized

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, активно се вклучи во регионалната иницијатива Women on Boards Adria (WOBA), насочена кон јакнење на женското лидерство на највисоките управувачки нивоа – во управни одбори, извршни совети и клучни институции.

Како амбасадорка на WOBA за Македонија, Божиновска учествуваше на работен состанок со останатите амбасадорки од регионот, каде во фокус беа практични чекори за поголема застапеност на жени во одлучувањето – не како форма, туку како суштина на современото водење. Министерката ја искористи оваа платформа за да ја потенцира важноста на жените во лидерските улоги, што е во согласност со стратешките цели на Министерството за создавање на правична и конкурентна економска средина.

„Родовата рамноправност во водењето на институциите и компаниите не е само прашање на еднаквост и фер застапеност, туку клучен предуслов за современо, одговорно и инклузивно управување. Како министерка, мојата цел е да создадам услови каде што жените не само што ќе имаат пристап до одлучувачките позиции, туку и ќе бидат препознаени и вреднувани за нивниот придонес. Затоа го поддржувам секој процес што ја отвора вратата за повеќе жени во одлучувањето“, истакна министерката Божиновска.

Таа додаде дека Министерството за енергетика активно работи на политики кои промовираат еднакви можности, особено во сектори каде што жените традиционално се помалку застапени, како што е енергетиката. Во рамки на WOBA агендата, министерката присуствуваше и на мрежен настан посветен на инспиративно лидерство, храброст и влијание, каде со лидерки од регионот.се разговараше за регионалната поддршка за жените во клучни улоги и конкретните алатки што им се потребни за да го засилат својот глас во управувањето.

Иницијативата Women on Boards Adria се залага за системска промена преку вмрежување, директна соработка со институции и бизнис-секторот и менторски програми.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е посветено на создавање политики и програми кои ќе ја зголемат застапеноста на жените во одлучувачките процеси, придонесувајќи за економска конкурентност и општествена кохезија. Учеството на министерката Божиновска во WOBA е само еден од чекорите кон остварување на оваа визија.

Next Post

Истрага за пожарот во Кочани: Полицаецот кој не беше достапен за органите за прогонот, денеска сам се пријавил

Касами: Поделбите во коалицијата „Вреди“ нема да ја разнишаат Владата

Препорачани Вести

125.000 мртви: „Се обидуваат да го уништат христијанското население во целата земја“

125.000 мртви: „Се обидуваат да го уништат христијанското население во целата земја“

2 months ago

6 пациенти се враќаат од лекување во странство

9 months ago

Популарни Вести

  • Граничниот премин Евзони повторно затворен поради протести на грчките земјоделци

    Граничниот премин Евзони повторно затворен поради протести на грчките земјоделци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Популарноста на AI-алатките се менува: Google Gemini ја намалува доминацијата на ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 10.000 турски државјани аплицирале за македонско државјанство во последните четири години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студен бран на крајот од декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студено утро и сончев ден со силен ветер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.