Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мистериозен механизам кој го нарекуваат најстар компјутер на светот: Компјутерската симулација ги збуни научниците

by
2025/04/17 21:07:32
in Uncategorized
Мистериозен механизам кој го нарекуваат најстар компјутер на светот: Компјутерската симулација ги збуни научниците

Механизмот од Антикитера можеби никогаш не функционирал? Аргентински физичари дојдоа до изненадувачки заклучок

Механизмот од Антикитера, пронајден во 1901 година во остатоците од древен брод, веќе повеќе од еден век ги фасцинира историчарите и археолозите ширум светот. Нарекуван „најстариот компјутер на светот“, овој антички уред останува една од најголемите технолошки мистерии на минатото.

Но, нова симулација што ја спроведе тим физичари од Националниот универзитет во Мар дел Плата, Аргентина, внесува сомнеж во тоа колку навистина бил функционален овој неверојатен уред.

Симулација што отвора прашања

Физичарите Естебан Зигети и Густаво Аренас ја објавија својата студија на прeпpинт серверот arXiv, каде ги споделија резултатите од компјутерската симулација на механизмот од Антикитера. Тие тврдат дека грешките во изработката на уредот би можеле толку често да предизвикуваат негово заглавување, што би го направиле речиси неупотреблив.

– Механизмот од Антикитера е базиран на сложен систем од меѓусебно поврзани запчаници. Нашата симулација комбинира две досегашни теории – аналитичкото решение на Алан Торндајк за нерамномерното движење што го предизвикуваат триаголните заби на запчаниците и моделот за грешки во изработката предложен од Мајк Едмундс – наведуваат авторите.

Можеби никогаш не работел?

Резултатите од нивната симулација покажуваат дека самата форма на забите не е критичен проблем, туку дека клучниот недостаток лежи во производствените грешки – неточности во изработката на деловите.

– Или уредот никогаш навистина не работел, или вистинските грешки биле многу помали од оние претпоставени во досегашните модели – заклучуваат Зигети и Аренас. Тие нагласуваат дека, иако е тешко да се поверува дека некој би создал вакво технолошко чудо без функционална вредност, неопходно е да се преиспита дали параметрите што ги користел Едмундс точно ја одразуваат состојбата на оригиналниот уред.

Иако нивната студија сè уште не е рецензирана, отвора нови прашања околу тоа дали легендарниот механизам од Антикитера бил функционален уред или, пак, останал само амбициозен, но несовршен обид за технолошка револуција во антиката.

Next Post
Славниот пејач банкротирал? Се огласи и неговиот тим

Славниот пејач банкротирал? Се огласи и неговиот тим

Овие хороскопски знаци важат за најголеми манипулатори во хороскопот

Овие хороскопски знаци важат за најголеми манипулатори во хороскопот

Препорачани Вести

Во Македонија стигна најмодерниот робот за операции на ‘рбет и мозок

6 months ago
Нов инцидент со Боинг: Дел од крилото се одлепи за време на лет [ВИДЕО]

Нов инцидент со Боинг: Дел од крилото се одлепи за време на лет [ВИДЕО]

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.