Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитровска: Не одавав службени тајни, само комуницирав со семеен пријател

by
2025/04/30 10:41:19
in Uncategorized

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска вели дека не праќала тајни податоци на обвинет во случајот „Адитив“ туку тој ѝ бил семеен пријател и комуницирале како пријатели. Во соопштението до јавноста, Димитровска вели дека секој е невин додека не се докаже спротивното.

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ комуницирал со претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Нивната комуникација открила дека Татјана Димитровска со него споделувала сензитивни информации кои не смеела да ги сподели.

„Таа преку својот службен телефон и апликациите Viber и WhatsApp му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот Адитив и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот на обвинетиот и неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈО ГОКК“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. 

Татјана Димитровска во период од осум месеци од мај до декември 2024 година во два наврати го известила Стојановиќ за постапки во комисијата поврзани со него. Осомничена е за „Оддавање службена тајна“ заедно со поранешна финансиска директорка во ТЕЦ Неготино.

„Мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот ‘Адитив’, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот ‘Адитив‘.Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација. За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата.Ова го тврдам одговорно“, вели Димитровска.

Димитровска вели дека целосно ќе соработува со надлежните правосудни органи и очекува брза и транспарентна разрешница на настанот.

„До конечно изјаснување на Обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство“, додава Димитриевска.

Next Post

Дарко Јаневски е нов директор на МИА

Воружен напад во фризерски салон – напаѓачот бегал на скутер!

Препорачани Вести

Лишено од слобода лице од Скопје, признал две разбојништва во филијали за брзи кредити, поднесена му е кривична пријава и определен му е притвор

Лишено од слобода лице од Скопје, признал две разбојништва во филијали за брзи кредити, поднесена му е кривична пријава и определен му е притвор

2 months ago

Полицаец во тешка состојба по пожарот кај СЦ „Борис Трајковски“, девет колеги на кислородна поддршка

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.