Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 процентни поени, продолжуваме со забрзан економски раст

by
2025/05/02 09:39:55
in Uncategorized

Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно објавените податоци јавниот долг бележи намалување од 4,7 процентни поени во споредба со нивото од крајот на 2024 година и изнесува 57,7% од БДП или намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ.

„Ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведуваме и траекторијата по која се движиме. Јавниот долг од 62,4% од БДП на крајот на 2024 година се спушти на 57,7% што е резултат на мерките што ги преземаме за фискална консолидација , мерките за намалување на непродуктивните трошења, како и напорите за подигнување на економската активност“, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа додава целта да одиме кон понизок буџетски дефицит, согласно фискалните правила од 3% и јавен долг под 60% од БДП, е остварлива, само бара многу посветеност и напор на секое ниво и на страната на прибирање на приходите, како и на расходната страна. Дополнително, како што додава, и она што е многу важно што го работи оваа Влада е посветеноста на реализација на инвестициите кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст, а тоа на долг рок ќе донесе намалување на нивото на долгот“, истакнува министерката за финансии.

Клучна цел на Министерството за финансии и Владата е подобрување на управувањето со јавните финансии, како и одржување на високо ниво на капитални расходи кои ќе ги поддржат долгорочните економски приоритети.

Имено, Министерството за финансии го објави и нивото на државниот долг во првиот квартал од 2025 година кој изнесува 50,1% од БДП и бележи намалување од 3,7 п.п. во однос на нивото на државниот долг објавен на 31 декември 2024 година. Согласно објавените податоци државниот долг во апсолутен износ изнесува 8,328,7 милиони евра, додека јавниот долг 9,583.9 милиони евра.

Во првиот квартал Владата, односно Министерството за финансии изврши исплата на Еврообврзница во износ од 500 милиони евра. Дополнително во овој квартал е извршена вкупна исплата на обврски по основ на главнина за надворешен јавен долг во износ од 679,4 милиони евра, вклучително и еврообврзницата.

Министерството за финансии согласно утврдената динамика, нивото на јавен долг го објавува на квартално ниво, додека нивото на државен долг се објавува на месечно ниво.

Next Post
Австриски генерал со предупредување: Заканата од напад е реална, мораме да бидеме подготвени – откри и како непријателите ќе се обидат да нападнат

Австриски генерал со предупредување: Заканата од напад е реална, мораме да бидеме подготвени - откри и како непријателите ќе се обидат да нападнат

[ВИДЕО] Путин го покажа станот каде што живее во Кремљ

[ВИДЕО] Путин го покажа станот каде што живее во Кремљ

Препорачани Вести

Нашите баби и дедовци никогаш не саделе смоква покрај куќата: Ова е вистинската причина!

Нашите баби и дедовци никогаш не саделе смоква покрај куќата: Ова е вистинската причина!

9 months ago
Трамп подготвен за разговор со претседателот на Венецуела, Мадуро

Западот губи надеж во врска со Украина: “Прекинот на огнот е невозможен”

1 month ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.