Руте предлага нова цел: 5% од БДП за одбрана и безбедност во НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предложи нов, амбициозен финансиски ангажман од земјите членки на Алијансата, повикувајќи ги да ја зголемат потрошувачката за одбрана на 3,5% од БДП, а дополнителни 1,5% да одвојуваат за поширока безбедносна потрошувачка. Предлогот има за цел да го исполни барањето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој инсистираше земјите членки да издвојуваат вкупно 5% од БДП за одбрана.
Според доброинформирани извори за неколку меѓународни новински агенции, во категоријата „проширена безбедносна потрошувачка“ би можеле да влезат трошоци за модернизација на инфраструктурата – како што се патишта и мостови – кои ќе ја поддржат мобилноста на тешка воена техника низ Европа.
Во моментов, важечката цел е членките на НАТО да трошат најмалку 2% од својот БДП на одбранбени капацитети, но Руте предупредува дека без зголемена подготвеност, Алијансата ризикува да заостане во контекст на зголемени глобални закани и нестабилност.






![[ВИДЕО] Нов напад во Германија – возач влетал во толпа со џип, има повредени](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-02-204830.png)


